JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6866
М. СОТИРОВСКА-СИРВИНИ, Л. КОЗАР
РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА СЛАБОВИДНОСТА КАЈ ПРЕДШКОЛСКИТЕ ДЕЦА
ПРЕКУ СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ НА 3 И 5 ГОДИНИ ВО БИТОЛА
Раното откривање на слабовидноста кај децата во предучилишната возраст се врши преку систематски прегледи од офталмолог упатувани од Одделот за превентивна заштита-советувалиште при Медицинскиот центар од1987 година наваму.
Децата се покануваат од советувалиштето и во склопот на систематскиот преглед се упатуваат во Кабинетот за ортоптика и плеоптика на ифталмолошки преглед.
Родителите се мотивираат за прегледот и им се објаснува како да го подготвуваат детето за соработка при испитувањето. Наодите се регистрираат во картонот на детето во Советувалиште заедно со наодите од психолог, крвна слика, урина и столица на паразити и некои потребни дополнителни испитувања.
Податоците за истражувањето се добиени од евиденцијата за систематски прегледи на Кабинетот за ортоптика и плеоптика.
Од 1987 година до август годинава на систематски прегледи во Кабинетот се јавиле 5.414 деца: 3.609 на 3 години и 1.805 на 5 години.
Кај 4.761 дете или 87.9% наодот е уреден, а 12.1% се со проблеми на видот или секое осмо дете.
Од прегледаните деца 5.7% се со еџсофорија, 2.3% се со астигматизам, со амблиопија се 1.6%, со хипер метропија 1.4%, со страбизам 7.2% и миопија со 1.8%.
На преглед се упатуваат и деца чии родители, браќа и сестри носат очила на возраст од 18 до три години и кај децата кои соработуваат во прегледот најрано се откриваат пречките во видот.
По откривањето на слабовидноста веднаш се почнува со потребните вежби од дефектолог-оптоптичар и се коригира видот со очила. На оваа возраст децата полесно се прилагодуваат на носење очила и го нема отпорот како кај децата чија корекција е почната на школска возраст.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE