JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3540
Ѓорѓи МИТРЕСКИ
НЕКОИ СОЗНАНИЈА ОД ПОСЕТАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДИ УЧЕНИЦИ “БАРТИМЕУС” ХОЛАНДИЈА
Краток историјат на развојот и дејноста на Центарот
Центарот Бартимеус е еден од петте најголеми Центри за рехабилитација на слепи и слабовиди лица во Холандија. Својата работа ја започнал во 1915 година. Оттогаш па до денес овој Центар се реформирал неколку пати за да стане она што е денес. Всушност Центарот започнал со образование и обука на слепи и слабовиди деца во комбинирани групи. Но, со текот на времето станува јасно дека помагањето на слабовиди деца бара друг пристап. Тоа придонело за основање на посебно училиште за слабовиди во 1955 година. Центарот рехабилитира лица и со комбинирани недостатоци слепо-ментално ретардирани. Во 1972 год. лицата со комбинирани недостатоци биле сместени во Доорн. Во истата година се направени реформи и Бартимеус станува Центар за помош на слепите и слабовидите само за централните и источните делови на Холандија.
Во 1977 год. Бартимеус започнува со една друга активност т.н. “домашна помош” а од 1988 год. е иницирана уште една активност “дневен третман за слабовиди.”
Директната помош што ја нуди Центарот Бартимеус и се состои во обезбедување на (воспитание, образование, домско сместување, домашна помош и дневен третман). Активностите се спроведуваат во Центарот во Зеист и Центарот во Доорн. Центарот во Зеист работи со слепи и слабовиди деца додека Центарот во Доорн ги третира слепо ментално ретардираните.
Во рамките на Центарот работи офталмолошко одделение. Очните специјалисти вршат целосен офталмолошки преглед. Постои дијагностички центар што служи за откривање на дијагнозите кај многу мали деца. Одделението е опремено со најнови офталмолошки апарати за откривање на болести на окото како и сликање на оштетувањата на окото. Се врши испитување на острината на видот. Постои оддел за определување на корекциони помагала лупи: рачни фиксни со светло и ТВ лупи за зголемување на буквите со монитори. Тука родителите се информираат за генетските причини за хендикепот на нивното дете а притоа им се даваат и совети на нивните семејства.
Постои голема соработка со Универзитетите и очните болници.
Родителите на слепите и слабовидите деца може да бараат од Бартимеус и “домашна помош”. Оваа помош може да започне откако ќе биде дадена дијагнозата. Посебно внимание му се обрнува на развојот и воспитувањето на децата дома и на помошта на родителите. Помошта трае додека детето не наполни околу 4 години. По овој период училишното образование добива поголем акцент. Домашна помош се нуди и на возрасни слепи и слабовиди кои живеат дома.
Центарот Бартимеус дава и интернатски услуги. Во Центарот во Бартимеус еден број на станови се приспособени за ученици кои од разни причини не можат да живеат дома. Тие го посетуват основното и средното училиште од шест до дваесет години. Децата живеат заедно во мали групи од околу шест момчиња и девојчиња, а секоја група има свој инструктор. Повеќе време тие му посветуваат на развивањето на нивните осети за говор ориентација во простор и социјални способности.
Од нивната седумнаесетгодишна возраст можат да се преселат во живеалиштата во градот Зеист. Таму учат како да живеат сами со помош на инструктор.
Во Центарот Бартимеус во Доорн има слични живеалишта за повеќекратно хендикепираните деца и возрасни. За време на денот тие посетуваат училиште или работилница помагаат на фарма и слично.
На определен број слепи или слабовиди деца што посетуваат едно од двете училишта во Бартимеус, но живеат со нивните родители, им е потребна “дополнителна помош” во стекнувањето на посебни вештини. Дополнителната помош и поддржување може да биде спроведена по задолжителна настава. Специјално внимание им се посветува на практичните и на социјалните активности.
Во Центарот во Зеист има основно и средно училиште. Овие ученици треба да научат да живеат како независни колку што е возможно и покрај нивниот хендикеп. Тие треба да ги прошируваат нивните способности. Повеќе внимание му се обрнува на развојот на нивните сетила за допир, мобилност, социјални способности и за нивното физичко вежбање. Се учат да го користат остатокот на видот и тоа колку што е можно повеќе.
Во првата година од школувањето учениците ја посетуваат подготвителната група која всушност е форма на детската градинка. Следната година започнуваат со изучување на основните поими од математиката, јазичните вештини и од општите предмети. Постои и средно стручно училиште со повеќе струки и занимања со добро опремени училници, кабинети работилници.
Исто така постои и служба за професионална ориентација за оние ученици што го завршуваат училиштето. Во секоја паралелка се работи со двајца (учител и помошник). Помошникот може да биде и родител. Постои и педагошко психолошка служба што се состои од логопед, педагог, психолог и социјални работници.
Настава и наставен кадар
Тоа се учители кои најчесто имаат поголемо педагошко искуство и доаѓаат од редовните училишта а во Центарот се оспособуваат за работа со слепите и слабовидите ученици. Курсот за оспособување може да трае најмногу до една година, а по завршувањето добиваат интерен сертификат дека се оспособени за работа со слепи слабовиди и мултихендикепирани деца.
Наставата е индивидуална се работи со секое дете посебно. За секое дете имаат изработено програма. Притоа се користат општи и специјални наставни средства и помагала. Тоа е едно богатство од технички средства и помагала. Од наставните средства што се користат некои од нив ги изработуваат и сами дури и некои ги продаваат.
Во “дворното место” во училиштето сeе подредено за успешна ориентација. Целокупниот простор е максимално и рационално искористен за потребите на децата. Посебен впечаток оставаат патеките направени за ориентација во просторот, на детските забавни и спортски игралишта. Она што остава посебен впечаток е ботаничката градина што ја обработуваат самите ученици. Имено ботаничката градина е поделена на мали парцели и леи и секое дете го обработува својот дел и својата леа. Се занимаваат и со одгледување на пчели.
Во рамките на Бартимеус е и “Центарот за слепо ментално ретардирани” во Дорн. Во овој Центар се опфатени деца со лесна умерена и тешка ретардација. Со овие деца се работи по специјални програми прилагодени на нивните потреби.
Поделени се во групи:
- група од 4 до 7 години;
- група од 7 до 10 години;
- група од 10 до 15 години.
Се работи со двајца учители кои се постојано со децата (ако треба детето да оди во “ВЦ” тоа го прави заедно со учителот).
Добиваат часови за говор математика и движење, учат: готвење (сами да можат да се послужат), месење (производи што се добиваат од брашно, колачи, пити); држат часови по музика; во многу добро опремен кабинет по музика; Инструментите ги добиваат од донатори, спонзори и родителите.
Има работно оспособување за слепо ментално ретардирани потешки случаи: шмирглање на дрво, правење на штипки од дрво, опслужување на машини за уништување на строго доверливи документи; работилница за сечење на дрва а (машината сами ја имат конструирано и направено), имаат и работилница за чистење и миење на коли.
Многу се води сметка за заштитата на децата што се со повеќе недостатоци. Децата сами избираат што ќе работат а понекогаш во зависност од степенот на оштетеноста инструкторот одлучува што ќе работат. Откако ќе заврши работното оспособување можат да работат и на друго место соодветно на нивните ментални способности.
Соработка на наставниот кадар и родителите
Во Центарот Бартимеус постои многу добра соработка на наставниот кадар и родителите. Добрата соработка помеѓу наставниот кадар и родителите се смета за многу значајна. Родителите се вклучени во активностите на Центарот со цел да помогнат во развојот на нивното дете. Тие имаат големо влијание врз развојот на Центарот и на школите. Постојат неколку форми за соработка со родителите.
Центарот има свој “родителски одбор”. Родителите се застапени и во Училишниот консултативен совет.
Професионално (работно) оспособување и вработување
Составен дел на Центарот Бартимеус е и заштитната работилница во Сонерхет. Оваа заштитна работилница им помага на слепите и слабовидите во нивното работно оспособување и вработување. Во работилницата постои професионален Центар за обука. Центарот за вработување. Професионалниот центар по завршувањето на обуката дава сертификат со кој Центарот за вработување обезбедува добра работа.
Професионалниот Ценатар за обука Сонерхет има широк спектар на курсеви за професионална обука што се поврзани со конкретни барања на работниот маркетинг. Центарот за вработување Сонерхет успева да им обезбеди на 85% квалификувани работници соодветно работно место на слободниот пазар за вработување. Но не само учениците од Професионалниот центар за обука услугите на Центарот за вработување можат да ги добијат во вид на консултации и сите други слепи и слабовиди во Холандија.
Професионалниот центар за обука Сонерхет обучува слепи и слабовиди лица од 12 години и постари. Постои долгорочен курс за повисок занаетчиски образовен степен и краткорочен курс кој може да биде од неколку дена до неколку недели. Во рамките на краткорочниот курс можат да се добијат само основни знаења.
Откако лицето ќе се запознае кои курсеви за обука егзистираат дури тогаш може да се определи за еден од курсевите. Потоа се врши тестирање, а по завршеното тестирање може да се продолжи со одбраниот курс за обука.
Долгорочни курсеви за обука
- Административна техника;
- Графичка техника;
- Електро инжинерство;
- Точкарство;
- Музичка техника;
- Пакување;
- Компјутерство и информативна техника;
- Основен курс по техника.
Краткорочни курсеви за обука
- Компјутерство и информативни технолошки предмети;
- Телефонија (командувања управување);
- Телемаркетинг;
- Обучување за одржување на апарати и справи.
Центарот за вработување Сонерхет дава совети, информации и помош. Активностите на овој Центар се низ целата земја и заедно со лицето се бара работа што му одговара. Овој Центар има и одморалиште, штедната банка дава социјални законски и други совети. Се прават психотестови и испитувања на остатокот на видот за да се знае што може лицето да работи.
Во склопот на Бартимеус постои и Центар за информирање. Информативниот Центар ги информира слепите и слабовидите за тоа кои средства и помагала постојат и како да ги користат. Другите информации што се добиваат во Центарот се околу организацијата на слепите и слабовидите со совети за обука или совети за домаќинството, врботувањето за профилот на занимањата и сл.
Овој Центар има поставено изложба и светлосен систем покажувајќи која комбинација на светло и бои е најпогодна за слабовидите индивидуално и како една соба треба да биде наместена.
Бартимеус има богата издавачка дејност. Издаваат многу неделни, месечни и годишни списанија од работата на Бартимеус.
Стручна литература и играчки
Во Центарот во Зеист постои и библиотека со стручна литература за кадарот за слабовиди лица и библиотека со браева литература. Има и библиотека на играчки. Секоја играчка е обележана нумерирана и се води картотека.
Во Сонерхет работи и една огромна библиотека со многу разновидна литература. Има 17.000 примероци снимени на лента и 60.000 браеви книги. Димензиите на книгите за слабовиди се исти како и другите книги а буквите се зголемени.
Инаку во Холандија постојат пет библиотеки од кои четири се општи за слепи и слабовиди и една за слепи студенти. Постои добра координација и соработка меѓу нив. Има 50.000 книги снимени на ленти.
Постои и фарма за работно оспособување и производство. На фармата се одгледува добиток, овци и живина. Обработуваат земја, одгледуваат моркови, зелка и други градинарски култури.
Тука се опфатени младинци што имаат проблеми со видот, ментално се ретардирани и се со девијантно однесување.
* | ||
* | * |
Во завршните разговори со Генералниот директор на Бартимеус нeзапозна со нивниот воспитно образовен систем како и со реформата направена пред 10 години, која во практиката се покажа како мошне успешна. Специјалното образование кај нив е составен дел на единствениот воспитно образовен систем. Во врска со интеграцијата на образованието на слепите со останатата популација во редовните училишта, според неговото искажување, кај нив од популацијата слепи и слабовиди 70% се интегрирани во редовните училишта, што е најнов тренд во светот, а 30% се опфатени во регионалните центри во Холандија што ги има 16, а само 5 му припаѓаат на Бартимеус.
Тој изрази неслагање со вклучување на 100% од слепите во редовните училишта како што тоа е направено во некои западноевропски земји (Англија, Германија, Шведска).
На крајот од срдечниот разговор обострано и искрено беше истакната и желбата и потребата за воспоставување соработка помеѓу Центарот од Холандија и Заводот за слепи од Македонија за што ги правиме неопходните подготовки.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE