Луиза ВЕЛЈАНОВСКА

 

РАНОТО ОТКРИВАЊЕ НА РЕФРАКЦИОНИТЕ АНОМАЛИИ
И СТРАБИЗМОТ, УСЛОВ ЗА ДОБАР ВИД

 

                Во современиот живот кога техниката доживува прогрес и кога квалитетниот вид е услов за работа со прецизните машини, раната превенција во областа на очната патологија е неопходна.
Раната детекција на рефракционите аномалии и страбизмот во детската возраст го спречуваат инвалидитетот од истите.
Проблемот со слабовидноста и рефракционите аномалии е превентивен проблем и до колку ќе се започне со рано лекување дотолку е посигурно дека нема да се воспостават патолошки сензорни процеси.

Испитаници и методи на работа

Во ”Одделот за превентивна здравствена заштита на доенчиња, мали и предучилишни деца” во Битола се врши систематско следење на растот и на развојот на децата од раѓањето до 6-годишна возраст. Во систематските прегледи на 3, 4 и 5 год. возраст е вклучен и систематски преглед на видот што се извршува во ”Кабинетот за ортооптика и плеоптика”.
Со цел да се анализира застапеноста на рефракционите аномалии и страбизмот, проследени се 3 годишта на деца родени во 1990, 91 и 92 год. од 2-5-годишна возраст. При работата се користени советувалишните картони.

Резултати

Од вкупно 1.634 деца родени без ризик со систематски преглед на видот биле опфатени 1.214 деца од кои 937 (57%) соработувале при прегледот.


1634 ДЕЦА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Хиперметропијата е еднакво застапена кај машките и женските деца, додека страбизмот е за 1,2% повеќе присутен кај женските деца.

 

 

 

 

 

Кај 75% деца хиперметропијата е дијагностицирана на 3 годишна возраст, кај 19% на 4 годишна, а кај 5,5% на  5 годишна возраст.

Кај 55% деца страбизмот е дијагностициран на 3 годишна возраст, кај 38% на 2 годишна  и кај  6% на 4 годишна возраст.
Проследена е и застапеноста на рефракционите аномалии и страбизмот кај децата од истите годишта родени со ризик (S.C., V. Ehtr., ASPH, Prematuritet) и истите се застапени со поголем процент.
Од вкупно 253 деца соработувале 186 деца. Од нив 6 деца односно 8,3% се со хиперметропија и 4 деца односно 4,8% со страбизам.
Успехот на рехабилитација на страбизмот зависи од тоа колку долго време има поминато од почетокот на страбизмот до првиот контакт со лекарот-офталмолог. Ако детето добие страбизам од 18 месеци, а почне да се лекува на 18, 20 и 21 месец, односно до 3 месеци по избивањето на страбизмот, скоро сигурно дека нема да дојде до амблиопија поради гарантираната рехабилитација.

Заклучок

Можеме успешно да се бориме против сите видови на страбизам и амблиопија под услов да се откријат што порано и веднаш да се почне со стручно третирање. За да се изврши масовно откривање на рефракционите аномалии, амблиопијата и страбизмот е потребно да се изврши систематски преглед на децата во периодот од мало дете (1-3 год.) и децата во периодот од предучилишното дете (4-6 год.).
Само со здружена работа на лекарот од општа практика, педијатарот и офталмологот и добрата упатеност на родителите за слабовидноста и нарушувањата на бинокуларниот вид, како и за можностите за нивно спречување, може да се избегне огромниот број на видно хендикепирани граѓани на нашата земја.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in