JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5125
Љупчо АЈДИНСКИ
СТРУЧНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ НА ДЕФЕКТОЛОГОТ ВО ОПРЕДЕЛЕНИТЕ ПОДРАЧЈА НА ИНТЕГРАЛНАТА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ
Првата генерација студенти запишани на студиите по дефектологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје, во учебната 1993/94 година во јуни оваа година апсолвираа. Се очекува во октмоври да дипломираат и првите дефектолози на Институтот за дефектологија.1
Тие ќе добијат диплома за дипломиран дефектолог. На четиригодишните студии на кои се слушаат предмети од областа на дефектолошките, гранично дефектолошките, медицинските и педагошко-психолошките дисциплини, тие се оспособуваат за општ дефектолог за да можат да работат со ментално ретардирани, слепи, слбовиди, глуви и наглуви и телесно инвалидни лица. Исто така тие се оспособуваат да работат и со други деца со проблеми во нивниот психофизички развој во редовните детски градинки, редовните основни и средни училишта, медицински центри и здравствени домови, во центрите за социјална работа и во други установи за социјална заштита.
Стручни компетенции на дипломираниот дефектолог
Општиот дефектолог што ги завршил студиите на Институтот за дефектологија ќе биде оспособен и стручно компетентен да програмира, да организира и да изведува дејности од сите три подрачја на интегралната рехабилитација во третманот на лицата со пречки во развојот (клинички, едукативен и социјално-економски).
Дефектологот во клиничкиот дел на третманот:
- Учествува во сите фази на превенцијата, односно во спречувањето и ублажувањето на последиците од попреченоста во здравствените, социјалните и воспитно-образовните установи;
- Учествува во детекцијата, односно во откривањето на децата со пречки во развојот во раната, предучилишната и училишната возраст во здравствените, социјалните и воспитно-образовните установи, преку средствата за јавна комуникација, преку лично-професионално ангажирање и др.;
- Учествува во тимската дијагностичка процедура и изведува самостојна дефектолошка дијагностика на деца и младинци во здравствените и социјалните установи, особено во развојните советувалишта;
- Учествува и изведува третман на ризични деца и на деца со пречки во развојот и тоа во сите фази на фундаменталниот, комплементарно-продолжениот третман, со посебно ангажирање во когнитивниот развиток, подрачјето на јазикот и подрачјето на сензорно и психомоторниот развиток кај децата со пречки во развојот во рехабилитациони установи и во развојните советувалишта.
Дефектологот во едукативниот дел на третманот
1. |
Начелни компетенции |
- Учествува во програмирањето, организирањето и изведувањето на институционална воспитно-образовна и хабилитационо-корективна, како и психомоторна реедукација на децата со пречки во развојот од предучилишна возраст;
- Учествува во програмирањето, организирањето и изведувањето на наставно-образовно-воспитно и хабилитационо-корективната работа, како и на психомоторната реедукација на учениците со пречки во развојот од основно училишна возраст.;
- Учествува во тимската работа, во подготвувањето и изведувањето на индивидуалните програмски содржини за дополнителна воспитно-образовна, хабилитационо-корективна и психомоторна реедукација со деца со пречки во развојот вклучени во редовните детски градинки, во редовните основни и средни училишта и стручно им помага на воспитувачите и на учителите во чии групи и одделенија има вклучено такви деца, односно ученици;
2. |
Непосредни компетенции |
2.1. |
Како носител на дејноста во основните посебни училишта и во посебните одделенија при редовните основни училишта со пречки во развојот изведува воспитно-образовна и рехабилитационо-корективна работа |
- во подготвителните одделенија (забавиште) со деца со пречки во развојот од предучилишна возраст;
- во одделенската настава со деца со пречки во развојот од основно училишна возраст;
- во воспитната работа во продолжениот престој и целодневната настава во основните училишта за деца со пречки во развојот.
2.2. |
Како носител на дејноста во посебните предучилишни установи за деца со пречки во развојот и во посебните воспитни групи за деца со пречки во развојот при редовните детски предучилишни установи изведува воспитно-образовна работа и рехабилитационо-корекционен и реедукативно-психомоторен процес со овие деца. |
2.3. |
Како стручен работник во стручни тимови при редовните предучилишни установи и основните училишта: |
- планира, програмира и изведува воспитно-образовна работа, рехабилитационо-корекциона и реедукативно-психомоторна работа со децата со пречки во развојот што се вклучени заедно со другите деца во редовните групи и одделенија, како и со други деца што имаат проблеми во воспитно-образовниот процес, односно во психофизичкиот развој;
- има дава стручна помош на воспитувачите и учителите во работата со децата со пречки во развојот што се вклучени во нивните групи, односно одделенија;
- работи со родителите на овие деца.
2.4. |
Како носител на дејноста во ученичките домови за деца и младинци со пречки во развојот учествува во планирањето, во програмирањето и во изведувањето на воспитно-образовната дејност. |
2.5. |
Како носител на дејност во установите и групите за умерено, за тешко и за лица со комбинирани пречки во развојот, учествува во планирањето, програмирањето и изведувањето на воспитно-образовната работа, рехабилитационо-корекционата и реедукативно-психомоторната работа. |
Дефектологот во социјално-економскиот дел на третманот:
- Организира и изведува дефектолошка патронажна служба по пат на индивидуална воспитно-образовна, хабилитационо-корективна работа, како и психомоторна реедукација со деца со пречки во развојот во семејствата и ги оспособува родителите да работат со детето со пречки во развојот;
- Програмира, организира и изведува елементарно воспитно-образовна и хабилитационо-корективна работа, како и психомоторна реедукација со умерено и тешко хендикепирани лица и лица со повеќекратна хендикепираност во институционални и вонинституционални услови (заводи, дневни центри и други установи);
- Програмира, организира и изведува професионална, односно работна ориентација и професионално, односно работно оспособување, како и организира и помага за вработувањето на хендикепираните лица во заштитни и редовни услови (заштитни работилници, дневни центри, заштитни погони во стопанството и во работните организации, односно претпријатија;
- Ја организира, ја програмира и ја изведува заштитата и третманот на неспособните лица со пречки во развојот за рехабилитација во институционални и вонинституционални облици (посебни заводи, дневни центри и други установи);
- Го помага, го организира и го осмислува спортско-рекреативно-културниот и семејно-општествениот живот на лица со пречки во развојот, како и работно се ангажира во сите активности на инвалидските организации (друштвата за помош на метално ретардирани лица, сојузите на слепи, глуви и телесно инвалидни лица, како и на други здруженија и доброволни добротворни организации);
- Организира, помага и изведува домска воспитно-образовна рехабилитационо-корективна работа со ученици со пречки во развојот во посебни ученички домови-интернати, во редовните домови-интернати во кои има сместено ученици со пречки во развојот од основното и средното образование.
Други стручни компетенции
Дипломираниот дефектолог исто така покрај во наведените дејности се вклучува и:
- во стручно-аналитичко-стражувачката работа од областа на дефектологијата на одделни соодветни институции;
- во инструктивно-советодавната работа и дефектолошко-консултативната работа;
- во раководењето и управувањето со рахабилитационо-воспитно-образовните установи;
- во усовршувањето и инволвирањето на рехабилитационо-воспитно-образовните процеси и
- учествува и се ангажира во работата на советодавните и истражувачките институции.
1Во 1997 година Студиите по дефектологија при Филозофскиот факултет-
Скопје прераснаа во Институт за дефектологија
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE