М. СОТИРОВСКА-СИРВИНИ, Љ. НАУМОВСКА,
В. РАЗМОВСКА, В. ВОЈНОВСКА

 

ОПФАТ НА ДЕЦА ПОПРЕЧЕНИ ВО РАЗВОЈОТ ВО УСТАНОВАТА ЗА ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ НА ДЕЦАТА “ЕСТРЕЈА МАРА” ВО БИТОЛА

 

                Установите за дневен престој на децата се облик на организирана заштита заради унапредување на психофизичкиот, емоционалниот и социјалниот развој на децата. Во овој период растот и развојот се во најинтензивна фаза кога надворешните влијанија имаат извонредна улога како во позитивен, така и во негативен правец. Насочената и добро организираната заштита има огромно значење. Со вклучувањето во групата и на деца со оштетувања и неспособност, односно попречени во развојот, се постигнува нивна социјализација и стимул за забрзување на развојот со посебен, индивидуален третман на секое дете од соодветен специјализиран кадар, со тимска работа.
Повеќе години наназад, по препорака на Советувалиштето за развој, на лекарите од Советувалиштето за мали деца, од патронажните сестри или по иницијатива на родителите во градинките се примаат деца и со Down Syndrom, деца со гранична и лесна заостанатост, со дисхармоничен развој, со лесни форми на церебрална парализа и со говорни растројства.
Во советувалиштето за развој се почнува со најрана хабилитација од едномесечна возраст и се третираат сé до категоризирањето и тргнувањето на училиште, но со навршување на тригодишна возраст определени деца се упатуваат во градинка.
Во изминатите години, од пет деца со Down третирани во Советувалиштето за развој во градинка престојуваа четири деца. Сега од нив едно е во петто и две во прво одделение во нормално училиште, а едно дете е во специјално.
Во градинката сé уште престојуваат три деца со спастична диплегија, четири со лесна ретардација, две со Surdomutitas и четири со дисхармоничен развој.
Од 1983 год. во градинките се вршат систематски прегледи од логопеди за откривање на говорни растројства. Од 19.233 деца за периодов досега околку 13% се со растројства. Шест логопеди ги третираат децата два пати неделно по четири часа во градинките, а потешките случаи и дополнително во Депандансот.
Од децата со говорни растројства 43% се со обична дислалија, 11% со Интердентален сигматизам (најчесто заради цицање цуцла или прсти), 10% со дислалија и дислексија, дисграфија и аграматизам, 1.5% со алалија и претежно со ментална ретардација и 2% со дисартрија (balbuticio).
Неопходно е ангажирање на здравствените работници, психолози, дефектолози, родители и пошироката заедница за опфат на овие деца со организирана заштита заради спречување или ублажување на попреченоста во развојот, како и создавање на услови во градинките за престојување на овие деца и дополнителен специфичен третман.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in