JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5246
Снежана ТАЛЕВСКА
БРОЈНАТА ЗАСТАПЕНОСТ НА ДЕЦА СО ОШТЕТЕН ВИД НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ГРАД СКОПЈЕ И ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА
РАБОТАТА СО ОВАА ПОПУЛАЦИЈА НА ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ
Бинокуларниот вид е сî поголема потреба за вклучување во тековите на современиот живот. Но има голем број наследни фактори што го нарушуваат нормалниот развој на видната функција, како и голем број причинители на оштетувања во пренаталниот и наталниот период што предизвикуваат оштетувања на органот за вид, па се наметнува со најголема сериозност прашањето на рано откривање на причините, дијагностицирање и лечење што би оневозможило хедикепирање на тие деца.
Тоа е возможно, само ако се воспостави соработка со сите субјекти што се во непосреден контакт со детето и тоа најважни се:
- мајката на прво место што е и најдолго со детето;
- педијатарот;
- медицинската сестра;
- офталмологот;
- дефектологот;
- воспитувачот;
- лекарот од општа практика.
Не е потребно многу да се изложува за значењето на видот во животот на човекот, односно за значењето на бинокуларната функција на видот кај децата, од нивна најрана возраст кога и психофизичкиот развој е најбурен. Но потребата да се сфати од колкава важност е навременото, односно раното откривање, дијагностицирање и третман на оштетувањето на видот е голема.
Особено тоа е важно за амблиопијата, која на оваа рана возраст најтешко се открива, но најлесно и успешно се лекува. Велиме најтешко се открива, поради заблудата и инертноста кај родителите токму во овие години од раѓање на детето, па до третата година, зашто детето е мало и зашто треба да се попричека за нешто да се преземе.
Но практиката покажала дека токму тоа е изгубено време и тешко се надоместуваа, било во смисла за лечење на амблиопијата и третирање, или пак рехабилитирање на амауроза, односно резултатите во лечењето и рехабилитацијата се поголеми и поуспешни доколку возраста е помала.
Значи доколку повеќе се доцни во откривањето, дијагностицирањето, рехабилитацијата, лечењето на амблиопните деца и рехабилитацијата на слепите деца, дотолку е потешко оспособувањето за живот и работа на визуелно оштетените.
Од тие причини беше проследена бројната состојба на деца со оштетен вид на територија на град Скопје каде што беа проследени најзастапените облици на оштетување на видот разместени според возраста на која тие се дијагностицирани. Возраста е од 1 до 7 години.
Од табеларно прикажаните облици на оштетување на видот најчести се рефракционите аномалии и страбизмот кој од вкупно 150 деца евидентирани со оштетен вид, 70% се со страбизам со амблиопија, а 90% со рефракциони аномалии.
Од приложеното во Таб. 2 гледаме дека сепак бројно најприсутно е откривањето на оштетениот вид на предучилишна или училишна возраст на децата (станува збор за оштетен вид во границите на слабовидност) а во практиката еве како изгледа тоа:
- Наместо детето да се подготвува за поаѓање во училиште со своите родители во една ситуација на релаксираност во семејството, имаме обратна ситуација односно нарушување на хармоничноста од голем број причини;
- Следат лекарски прегледи, интервенции, детето често пати е отсутно од дома а често се патува и во странство.
- Односите помеѓу родителите се нарушуваат. Значи целокупна парализа во семејството и ред други ситуации што ќе дадат печат врз развојот на личнота која се формира.
За да се спречи појавата на ваква ситуација потребни се:
- редовни офталмолошки прегледи со самото раѓање на детето и по секоја година;
- редовно преку контактни емисии информирање на граѓанинот со цел едукација за оваа проблематика на широк план.
Една сосема друга ситуација имаме пак кај оштетениот вид што е во граници на слепило и практично слепо лице.
Овдека дијагнозата најчесто се поставува мошне рано во првата година од животот на детето. Во овие случаеви ги имаме следните ситуации:
- реакциите на родителите се слични со претходно наведените, но овдека шокот е поголем, родителите се во еден ментален кошмар, кога се помешува љубовта со сожалување на детето. Тука е и разочараноста и стравот на родителите од неснаоѓање во новонастанатата животна ситуација;
- Емоционалната напнатост и намалената спонтаност во семејството стануваат постојан белег во семејните односи;
- Социјалната комуникација е намалена до минимум па сето семејството и хендикипираното дете ги води до осаменост не својствена за вистинските потреби на слепото дете.
Значи прилично сложена ситуација за семејството со хендикепирано дете кое во дадениов момент останува без помош од стручни лица и стручни служби. Со други зборови неминовна е потребата од:
- Отворање на стручни служби за работа со родителите,стручни служби за домашна помош и работа со хендикепираното дете со цел започнување на рехабилитацијата од првите години на дијагностицирањето на оштетувањето.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE