JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6036
Л. ТИМЧЕВ
ИГРАТА И ДЕТЕТО
Човекот и играта
Формулирањето на темата денешното соопштение е индуцирано од насловот на книгата Homo ludens (Игривиот човек) што се појавила во Холандија во 1938 година под перото на Johan Hjozinka. Во неа авторот го универзализира значењето на играта во контекстот на сеопфатната дејност на човекот и општеството. Идејата за сврзување на културата со играта е постара. Уште во 1795 година во своите “Писма за естетското воспитување на човекот” Фридрих Шилер пишува: “Човекот игра само таму, каде што е човек во полното значење на зборот и целосно е човек само таму каде што игра”. Во поширока или во потесна смисла играта е предмет на многубројни современи трудови. Ќе ги цитираме само Далон и Елизабет Њусн (Лондон, 1980): “Играта е можеби најсериозната и најзначајната од сите човечки дејности”. Се разбира, за определувањето и значењето на играта во човечкиот живот постојат различни мислења. Но едно е неспорно: Ако Homo Faber има барем 16 години, а Homo Sapiens се пројавува во цветот на својата зрелост, тогаш Homo Ludens ја започнува својата игра уште од неговото раѓање.
Играта и детето
За детето играта е најраната и спонтана школа во неговиот развиток. Кај најмалото дете таа оди неформално и проникнува во сите негови дејствувања. Играјќи си со своите прсти, бебето ја развива својата видно-пространствена координација. Тропалката дејствува врз неговите сензорни функции. Пипајќи ги и разгледувајќи ги предметите во експлоративната игра, тоа го задоволува својот рефлекс “што е така”. Со својот интерес кон конструктивни и когнитивни игри детето ги развива своите психички способности, а учествувајќи во социјалните игри со другите луѓе (мајка, татко, другарчиња и други) формира интерперсонални комуникации и интеракции.
Како доброволна и слободна, забавна и носечка радост, динамичка и која предизвикува интерес, мобилизирачка и преобразувачка реалност во имагинарно и имагинарното во вистинито, во своето неисцрпно богатство од разновидности е неделиво сврзана со развитокот на моторните, сензорните, емоционалните, социјалните и инелектуалните функции на детето, појавувајќи се во сe посложени знаења и способности.
Играта и детето со психички недостатоци
Значењето на играта за болното дете се мери со големите можности, кои таа ги предлага за стимулирање на неговото развивање како основна детска дејност. Но додека при нормално развиените деца играта како дејност, како и сите други процеси тече повеќе или помалку спонтано, кај децата со психички недостатоци развивањето е придружено во еден или во друг однос. Карактеристичната за нив психичка инертност, стеснета и слаба концентрација на вниманието, намалени можности за разбирање и осмислување ја прават нивната игра нецелосна. Недостатокот на интерес и мотивација е најчеста причина за слаба дејност во играта. Кога менталната ретардација е сврзана и со движечките и сензорни нарушувања играта станува сe потешка.
За да се совладаат тие тешкотии неопходен е поттик, вклучувајќи и разни форми на помагање на детето во играта. Оттука произлегува и главното прашање: Како да се прави тоа? И многу потпрашања што и каде? Како да се привлече вниманието на детето? Во каков вид на игра да се вклучи? Кога ќе му се покаже нова играчка да му се даде во раката или да се стави на подот? Или на масата или на друго место? Како да му се покаже како да ја користи? Како да се реагира, ако не пројавува интерес? Ако е лошо расположено? Ако игра неадекватно со неа? итн. Очигледно овие прашања не можат да имаат исти одговори. Не е возможно да се бараат конкретни правила, зашто ситуациите и личните особини на децата варираат во таков степен па тоа, што е добро за едно дете, може да биде сосем неприфатливо за друго. Многумина професионалци формираат сопствени приоди во тој однос врз основата на својот опит и интуиција. Да се учи ментално ретардирано дете како да игра, е цело едно искуство. Но несомнено постојат и општи положби, принципи и барања што се однесуваат на сите случаи. Еве некои од нив:
- Претходното познавање на хронологијата на развитокот на знаењата на детето на последователни етапи на нормалната онтогенеза како мерило за заостанувањето;
- Набљудувањето и регистрација на знаењата на детето со недостаток со оглед на изборот и видот на игра, што би помогнала за развиток на недостаточните негови знаења во сообразност со возраста;
- Мотивацијата на детето кон играта;
- Постепеното активирање на интересот на детето кон играчки и игри, кога тој е слаб или недостасува, како се поттикнува секој опит за активност со пофалба и признание;
- Погодување на најдобриот момент за укажување на помош;
- Претставување на играчките и игрите по можност најинтересно и јасно;
Во таа редица главно место зазема емпатијата на соживувањето од страна на воспитувачот на односот на детето кон играта, т.е. секоја нова игра или играчка, нејзиното давање на време, место и начин да се оценува од гледна точка не на воспитувачот, туку на детето кога ќе се слезе на негово рамниште.
Не помалку значење има наоѓањето на балансот меѓу целонасоченоста и спонтаноста на играта.
Нарушувањето на тој баланс при претходната и тактичка игра може да доведе до преживување за принуда, што му го одзема на детето чувството за слобода во играта и радоста од самата игра што е моќен фактор за неговиот емоционален развиток. Во таа смисла раководењето на играта и воспитувачот треба да биде по можност најдискретна. Во сите случаи кога е тоа возможно, да се остави детето да води. Учеството на возрасните во самата игра го засилува интересот кон неа и ја прави посовладлива.
На прв поглед необичен, но пристапен за практичкото разбирање на тие принципи е следниот пример, цитиран по Документот на Комисијата за интегрирано обучување кај Меѓународната лига на здруженијата на лицата со психички недостатоци “Обука за сите” Bruksel 1990/: Родителите на бебе со болеста на Даун во Норвешка легнуваат врз подот, играат и се тркалаат во минувањето на секојдневието, заедно со него, за да предизвикаат кај него потреба од дејствување наместо да го занимаваат по правилата на дидактиката; на 4-месечна возраст го водат еднаш неделно во специјална игротека, каде што им се покажува како да ги користат играчките што им ги позајмуваат.
Играта и раната интервенција
Играта сама по себеси вешто раководена од родителот или од професионалецот е незаменлива форма на интервенција за стимулирање на развитокот на детето со психички недостатоци. Како основна дејност на детето од најраната возраст играта ги предлага најдобрите можности за најрана интервенција. Претставувањето на секоја друга интервенција под форма на игра го олеснува приложеното и í го зголемува нејзниот ефект.
Игра-родители-професионалци
Од крајот на 19-от век детето се разгледува како неделливо од семејството. Родителите се неговите први учители. Распространето е мислењето дека децата со психички недостатоци се научуваат во играта подобро од своите родители, што имаат предимство да ги познаваат подобро од професионалците специфичните потреби на сопствените деца. Но во многу случаи всушност поради педагошко неправилно однесување од страна на родителите како суперпротекција, со преголема претенциозност, амбивалентно поведение или други грешки се доаѓа до негативни резултати. Несомнена е неопходноста од подготовка на родителите. Не случајно во Резолуцијата А3-0231/92 за правата на ментално ретардираните, публикувана во официјалниот весник на Европскиот сојуз од 16.09.1992 год. В.Т.Т. 10 и 11 се апелира родителите на ментално ретардираните деца да бидат подготвени да го распознаваат заостанувањето на развитокот на своите деца што е можно најрано и да знаат како да ги одгледуваат од нивната најрана возраст. Се разбира тоа не може да биде без учество и на специјалисти. И тука имено се открива незаменливата потреба и големото значење на соработката меѓу родителите и професионалците не само во дејноста на играта, туку и во сите останати сфери на раната интервенција кај децата со психички недостатоци. Родителите не можат да се справат сами без помошта на специјалистите што имаат потреба од активно учествување на самите родители. Во таа смисла успех на законодавството во Бугарија претставува членот 12 на новиот Закон за заштита, рехабилитација и социјална интеграција на инвалидите од 14.12.1995 год. Текст кој донесува активно учество на семејствата во образовно-воспитувачкиот процес на децата со недостатоци.
Заклучок
Даденото соопштение нема за цел и не може исцрпно да ја опфати во толку краток обем дидактичката содржина на темата. Неговото значење пред сe е да се постави проблемот за играта и нејзиното вистинско место како високо ефективен метод во разнообразниот инструментариум од средства и приоди за возможно најрана интервенција кај децата со психички недостатоци.
ЛИТЕРАТУРА
- Riddick B.: Toys and Play for the Handicaped child.Croom Hel Special Education Series. Edited by Bill Gillham, Dept. of Psychology University of Strathclyde, 1982.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE