JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5395
М. ИЛИЕВСКА,
М. СОТИРОВСКА-СИРВИНИ,
Љ. НАУМОВСКА
АСФИКСИИ, ИНТРАКРАНИАЛНИ КРВАРЕЊА И ЕДЕМ НА МОЗОКОТ КАЈ ДЕЦА СО РИЗИК ВО СОВЕТУВАЛИШТЕТО ВО БИТОЛА
ЗА ПЕРИОДОТ ОД 1989 ДО 1994 ГОД.
Анализирани се 3.986 картони на деца во Советувалиштето за периодот од 5 години во однос на постојните ризични фактори во пре-, пери- и постнаталниот период, појавата на асфиксии, I.C. (интракраниални крвавења), едем на мозокот кај нив, како и исходот од сето тоа кај овие деца.
Деца со ризик се 958 или 32%. Од децата со фактори на ризик 206 или 22% се со асфиксија, 25 или 3% со едем на мозокот и 14 или 1.5% со I.C.
Анализата според факторот на ризик покажува дека недоносени се 119 деца, од кои 15% се родени со асфиксија. S.F.D. се 124 од кои 21% се со асфиксија. Со родилна маса над 4.500 гр. се 272 деца од кои 7% се со асфиксија и 0.4% со I.C. Близнаци се 68 од кои 12% се со асфиксија. Од децата без регистриран ризик 6 се родени со I.C. или 0.2%.
Мајки под 18 годишна возраст родиле 13% деца со асфиксија. Мајки со лекуван стерилитет и анемија во бременоста 15%, со покачен крвен притисок 14%, а најмалку со одржувана бременост 5%. Највисок ризик со раѓањето имаат деца породени со вакум екстракција и тоа 30% или секое трето дете е со асфиксија и 3% со I.C. Кај деца породени со царски рез (S.C.) 14% се со асфиксија.
Според положбата на плодот кај ситус педалицус 55% се со асфиксија, а кај ситус пелвицус 12%.
Најоштетени се децата со предвремено прснат водењак бидејќи 62% се со асфиксија. Со замотана папочна врвца околку вратот 56% се со асфиксија и 6% се со I.C. Со заматена плодова вода и плацента превиа 50% се со асфиксија.
Редоследот на факторите на ризик во однос на асфиксијата, I.C. и едемот на мозокот е следниот: на прво место е предвреме прснатиот водењак, па замотаната папочна врвца околку вратот, потоа заматената плодова вода, плацента превиа и ситус педалицус, што се акушерски проблеми. Потоа следува вакум екстракција, па S.C.
Во однос на гестациската старост и родилната маса на прво место се децата мали за гестациската старост, па недоносените, па близнаците, па хипертрофичните новороденчиња.
Исходот со раната хабилитација уште од едномесечна возраст на овие деца во Советувалиштето за развој, од децата со I.C. 25% се без секвели, 33% се со R.P.M. (психо-моторна ретардација), 33% со церебрална парализа, и 8% со хемипареза.
Од децата со асфиксија процентот на деца без секвели е поголем, и тоа 36% со R.P.M. 45%, со церебрална парализа 9%, и 9% со хемипареза.
Од децата со едем на мозокот 50% се без секвели и 50% се со церебрална парализа. Или општо од третираните деца 33% или секое трето дете е без секвели, 39% се со R.P.M., само 19% се со церебрална парализа, и 9% се со хемипареза.
Само хабилитацијата уште од првиот месец ја намалува неспособноста и ја ублажува попреченоста или попреченост не се јавува.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE