JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3992
Митко АНДРЕЕВСКИ
АНДРЕЈА КРАЈГЕР-ГУЗИНА:
“ПСИХИЈАТРИЈА ЗА ДЕФЕКТОЛОЗИ”
ИСКЛУЧИТЕЛНА РЕТКА И ЗНАЧАЈНА ПУБЛИКАЦИЈА ВО
ДЕФИЦИТАРНАТА НАУЧНА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕФЕКТОЛОЗИТЕ
Сî позабрзаниот развој на дефектолошката мисла и практика, особено последнава деценија, постојано водеше кон идентификација и збогатување со нови сознанија, имплицирајќи посигурни релации кон поврзувањето со другите научни области како што се медицината, а особено психијатријата и менталната хигиена и други.
Досегашното искуство како да ја потврдува максимата што ја нагласува проф. д-р Светомир Бојанин во уводот на цитираната книга дека “дефектологијата како научна област што се стреми да му помогне на човекот со хендикеп, не ќе може понатаму да се развива во своето стручно дејствување ако не се потпре врз една од теориите на личноста што се настанати во рамките на осознаените искуства стекнати во психијатриската практика.” Исто така, С. Бојанин во овој контекст ги бара врските што постојат помеѓу психијатријата и дефектологијата во однос на суштината на самиот хендикеп со сите негови последици што ја карактеризираат тежината и сложеноста на животот на лицето со пречки во развојот. Во таа смисла тој вели: “Дефектологијата, дел од недостатоците во својата практична работа сî уште не ги пребродила бидејќи во развојот на методите на работа не се однесувала со достатна умешност кон психичките процеси. Таа била повеќе насочена кон самиот хендикеп на органите и социјализацијата на лицата со хендикеп.” Респектирајќи ги овие сознанија, недвосмислено можеме да кажеме дека авторот на оваа публикација, иако повеќе посредно нуди нови хоризонти во содржинската физиономија на дефектологијата и посовремена структура на дефектолошката професија, која сî уште го бара своето рамноправно место меѓу другите сродни професии.
Книгата “Психијатрија за дефектолози”1содржи три поглавија:
- психичките функции и нивните попречености;
- психологија кај децата и младината;
- психологија кај возрасните и менталната хигиена.
Таа е наменета:
- На дефектолозите да им овозможи да го согледаат проблемот на менталната хигиена и можностите за поттикнувачко дејствување на менталниот развој на хендикепираните со чија рехабилитација се занимаваат; и
- Со воведувањето на поимниот систем и појавите во психијатријата на возрасните и децата, да му овозможи на дефектологот учество со полно разбирање во тимот на здравствената служба што се занимава со ментално здравје и со психологија воопшто.
На овој начин дефектологот, како што наведува авторот станува покомплетен да ги согледа проблемите на менталното здравје на лицата што ги рехабилитира.
Со оглед на содржината, книгата “Психијатрија за дефектолози” претставува не само интересно туку и неизбежно четиво за задоволувањето на стручните апетити, како на студентите по дефектологија, така и на оние кои овие студии ги завршиле и се во практиката.
1Книгата е во издание на “Научна Книга”, Белград, 1955
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE