JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 2529
Даниела ДИМИТРОВА
ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА УНЕСКО Е ОДРЖАНА
III ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НЕВРОЛОГИЈА И
II РЕГИОНАЛЕН КОНГРЕС НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА МОЗОКОТ
Под покровителство на УНЕСКО, во периодот од 18-28 април 1997 година во Кејп Таун, Јужна Африка, се одржа III Интернационална SONA конференција и II Регионален IBRO конгрес. Од Република Македонија со свој труд “Ефектот на феталната хипоксија врз невротрансмитерите во мозокот на стаорец” учествуваа проф. д-р Јорданка Димовска и доц. д-р Велимир Стојковски од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Научната работа на Конференцијата и Конгресот се одвиваше на исклучително високо научно и организациско ниво. Во специјално технички опремени сали-лаборатории, првите два дена беа одржани паралелно три целодневни workshop-а. Претставниците од нашата Република учествуваа на workshop-от “Техники во функционалната, хемиската и молекуларната невроанатомија” организирана од M. Bentivogrio од Италија.
Во следните денови беа организирани четири научни сесии во склопот на кои се одржаа 15 симпозиум и од различни области на неврологијата. На Конгресот со строга селекција беа одбрани за презентација по 10 постери во секоја сесија, односно вкупно 40. Постерот на проф. д-р Јорданка Димовска и доц. д-р Велимир Стојковски кој беше презентиран во првата сесија за невробиологија предизвика голем интерес кај учесниците и добиените резултати беа поставени на посебно организираната постер сесија по презентираните 10 постери од наведената област.
Досегашните резултати и идеите за понатамошниот тек на истражувањето на проблемот предизвика интерес кај видни научници од светот што се занимаваат со неврохемија, по што учесниците од нашата Република добија понуда за конкретна соработка, односно можност за заеднички меѓународни проекти за истражување на проблеми од феталната неврохемија.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE