Даниела ДИМИТРОВА

 

ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА УНЕСКО Е ОДРЖАНА
III ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НЕВРОЛОГИЈА И
II РЕГИОНАЛЕН КОНГРЕС НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА МОЗОКОТ

                Под покровителство на УНЕСКО, во периодот од 18-28 април 1997 година во Кејп Таун, Јужна Африка, се одржа III Интернационална SONA конференција и II Регионален IBRO конгрес. Од Република Македонија со свој труд “Ефектот на феталната хипоксија врз невротрансмитерите во мозокот на стаорец” учествуваа проф. д-р Јорданка Димовска и доц. д-р Велимир Стојковски од Институтот за биологија при Природно-математич­киот факултет во Скопје.
Научната работа на Конференцијата и Конгресот се одвиваше на ис­клу­чително високо научно и организациско ниво. Во специјално технички опремени сали-лаборатории, првите два дена беа одржани паралелно три целодневни workshop-а. Претставниците од нашата Република учествуваа на workshop-от “Техники во функционалната, хемиската и молекуларната невро­анатомија” организирана од M. Bentivogrio од Италија.
Во следните денови беа организирани четири научни сесии во скло­пот на кои се одржаа 15 симпозиум и од различни области на неврологијата. На Конгресот со строга селекција беа одбрани за презентација по 10 постери во секоја сесија, односно вкупно 40. Постерот на проф. д-р Јорданка Димовска и доц. д-р Велимир Стојковски кој беше презентиран во првата сесија за невробиологија предизвика голем интерес кај учесниците и добие­ните резултати беа поставени на посебно организираната постер сесија по презентираните 10 постери од наведената област.
Досегашните резултати и идеите за понатамошниот тек на истражу­вањето на проблемот предизвика интерес кај видни научници од светот што се занимаваат со неврохемија, по што учесниците од нашата Република добија понуда за конкретна соработка, односно можност за заеднички меѓународни проекти за истражување на проблеми од феталната невро­хемија.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in