Даниела ДИМИТРОВА

 

ЌЕ СЕ ОДРЖИ X-ТА СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ICEVI 1ПОД МОТОТО
ЧЕКОРЕЈЌИ НАПРЕД ЗАЕДНО: СЕМЕЈСТВОТО И  СТРУЧЊАЦИТЕ КАКО ПАРТНЕРИ  ОВОЗМОЖУВААТ ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ

                Од 3-9 август 1997 година во Сао Паоло, Бразил, во организација на ICEVI  ќе се одржи 10-та Светска конференција.
На конференцијата ќе се расправа за важноста на заедничкото вклу­чу­вање на родителите и стручњаци за овозможувањето на квалитетна едукација на лицата со оштетен вид.
Во програмата се предвидени 10 основни актуелни области и тоа:

  1. Браева литература;
  2. Служба за рана интервенција;
  3. Интерграција/целосно вклучување;
  4. Слабовидност;
  5. Мултипло оштетување;
  6. Организација и менаџмент на службите;
  7. Вклучување на родителите;
  8. Подготовка на личноста;
  9. Технологија;
  10. Транзиција на работата.

                Во концептот на работата на Конференцијата се предвидени секој­дневни пленарни сесии, workshop-ови и презентација на постери. За првпат на 10-та Светска конференција на  6 август ќе се одржи т.н. Фокус ден на кој сите учесници ќе можат да учествуваат во работата на секцијата за која имаат посебен интерес.
На конференцијата ќе учествуваат околу 1.000 учесници, стручњаци и родители.
ICEVI (International counsel for education of visual impairment)
1 Интернационален совет за едукација на лицата со оштетен вид

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in