Даниела ДИМИТРОВА

 

СЕ ПРЕДВИДУВА ОДРЖУВАЊЕ НАУЧЕН СИМПОЗИУМ НА ТЕМА
ОПШТЕСТВЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА И ОБРАЗОВАНИЕ
                                   
                                    На 20-21 јуни 1997 година во Претор, Институтот за педагогија и социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, имајќи ги предвид промените во сферата на образованието и воспитанието кај нас, организи­раат научен симпозиум на тема “Општествената транзиција и образова­нието” (Критичка опсервација врз современиот развој на воспитанието и образова­ни­ето во Република Македонија).
Во програмата на Научниот симпозиум се предвидени 3 тематски облас­ти, во кои се наведени тезите за расправа, и тоа:


Тематска област 1-

Општествените промени во воспитанието и образованието;

Тематска област 2-

Промени во воспитно-образовниот систем;

Тематска област 3-

Општествено-економските односи во сферата на воспитанието и образованието.

На Научниот симпозиум со свои прилози ќе учествуваат 60 истакна­ти научни работници (педагози, социолози, психолози, дефектолози, фило­зо­­фи, економисти, правници и др.) од земјата.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in