Веле БЛАГИН

 

АПСОЛВЕНТСКА ВЕЧЕР НА ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА
СТУДЕНТИ ПО ДЕФЕКТОЛОГИЈА (1993/94-1996/97)

 

 

Хуманизмот-лице и опачина на дефектолошката професија

 

Пред четири години за прв пат во Република Македонија започнаа дефектолошките студии при Филозофскиот факултет-Скопје. Тој чин ги стави пред најтешка енигма на животниот крстопат сегашните 20-тина млади луѓе-апсолвенти да го направат првиот чекор кон себенаоѓање во една не многу ценета, ни многу позната, ни достојно општествено промовира­на професија.
Но четиригодишното нивно теориско образование и не многу скром­ното практично искуство кое програмски го стекнаа за време на студиите ја верифицираа определбата кон дефектолошката професија како епилог на дилемата за сопствените стремежи, искрени желби и чувства да се помага на оние на кои им е најпотребна помош и да се доживува вистин­ската радост од своето постоење.
Во оваа вечер блика спонтано нивната среќа, нежната насмевка и притаената тага на разделба со саканите колеги и професори. Но тоа не е само филантропска експонација, туку и изнијансирана визија за една совест распната помеѓу противречностите во животот и нивните вечни постулати на судреност (добрината и злото, здравјето и болеста, изобилството и немаш­ти­ната, раѓањето и смртта, младоста и староста, радоста и болката, желбите и можностите, традиционалното и модерното, војната и мирот итн. што го нарушуваат совршенството оставајќи простор за постојана борба и чесна работа во животните предизвици.
Апсолвентска вечер. Лебди волшебност и мистериозност. Како да завршуваше една младост што вечно останува во спомените а се преточу­ва­ше во зрелост на нивното “ЈАС” со нови обврски: семејство, професионални амбиции и безброј непознаници што ги чекаат.
До совршенство организираната вечер и неопишлив амбиент на вис­тинско човечко величие, амбиент налик на најсреќно семејно збиднување кое никогаш не се заборава. А како може да се заборави кога целокупната комуникација помеѓу професорите и студентите беше присна и родителски искрена, исплетена со заеднички напори, почит и љубов за совладување на предвидениот материјал и за достојна афирмација на дефектологот кој неизбежно рамноправно треба да соработува со лекарите, психолозите, педагозите, социјалните работници и др.
Длабоко свесни за тоа, студентите ја искористија оваа можност од сî срце да им се заблагодарат на своите професори, а особено на човекот кој скоро пет децении се внесе себеси и целиот свој живот и животот на негово­то семејство за доброто на хендикепираните и за развојот на дефек­то­лош­ка­та теорија и практика проф. д-р Љупчо Ајдински на кого му го врачија след­ното писмо:

 

“Во една мала земја,  живее и твори еден голем човек со отворено срце за љубов, разбирање, соработка,  хуманост... И зар може со збор да се каже сé  за “големината”  на овој човек?!
Најдоброто за тоа зборуваат делата и целокупното негово творештво,  што ќе останат засекогаш врежани во историјата на една хумана наука.
Во знак на долго сеќавање кон Вас професоре Ајдински,  бескрајно Ви се заблагодаруваме.”

 

06.06.1997     

Со почит,
Од студентите при
Институтот  за дефек­толо­гија
генерација 1993/94-1996/97

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in