JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4856
Катја ДИОНИСИЕВА
РАН ТРЕТМАН НА ДЕЦА СО ОШТЕТУВАЊА НА СЛУХОТ ВО БУГАРИЈА
Загубата на слухот кај децата во периодот пред да проговорат доведува до проблеми во говорот и комуникациите. Развојот на говорот и јазикот зависат од тоа колкаво е оштетувањето на слухот. Тоа влијае врз многу ментални процеси и го онеспособува детето на подолг временски период.
Битно е на детето со оштетен слух да му се обезбедат слушни помагала и да се применат, што е можно порано, посебни методи за третман со цел да се избегнат горенаведените состојби.
Први чекори
Овој значаен факт го согледаа неколку бугарски наставници за специјално образование кои тесно соработуваа со Сојузот на глувите. Така, во 1974 година (пред 22 години) во Софија беше востановен првиот Центар за рехабилитација на говор и слух за деца. Во наредните години се основаа единици на овој Центар во повеќе градови во Бугарија: Варна, Плевен, Стара Загора итн.
Основна цел на Центарот беше да се организира национална мрежа за детекција, дијагностика и третман на деца со оштетен слух на рана возраст-во почетокот, деца на возраст од 1 до 3 години, а потоа и новороденчиња. За оваа цел беа поканети специјалисти од клиниките (аудиолози, оториноларинголози, отоневролози), психолози и наставници за глуви (терапевти за говор и слух). Нивната заедничка работа резултираше во широка мрежа и успешен ран третман на деца со оштетен слух од различни региони во Бугарија.
Организација
Откако ќе ги запознае родителите на глувото дете со дијагнозата, аудиологот ги советува да го посетат центарот за рехабилитација и да ги видат можностите што се нудат за задоволување на потребите на нивното дете. Подоцна, детето се сместува во една од групите за специјални активности што се изведуваат наутро:
- развој на говорот
- развивање на ресидуалниот слух
- уметност и спорт (за развој на макро и микро моториката).
Сите специјални активности се спроведуваат во индивидуални и групни сесии.
Попладне, по ручекот и одморот, децата со оштетен слух имаат заеднички активности со здрави деца. Ова лесно може да се организира бидејќи повеќето рехабилитациони единици се сместени во јаслите за здрави деца. Во други случаи, родителите ги земаат децата дома за ручек и играат со нив и ги учат следејќи ги упатствата на терапевтот за говор.
Комуникација
Методите за обука на децата со оштетен слух се базираат врз различни средства за комуникација и на специфичностите на непосредната околина од која доаѓа детето (родители со здрав слух или глуви родители). Основна цел е детето да се стекне со орален говор според индивидуалните лингвистички способности. За развој на говорот се користат повеќе природни гестикулации и неколку знаци. На возраст од околу три години децата ја учат бугарската азбука. Не се користи говорот со прсти.
Развивање на ресидуалниот слух
На самиот почеток од раната интервенција се очекува детето веќе да почнало да користи слушни помагала без оглед на степенот на оштетувањето. Во рехабилитациониот центар се организираат сесии (како индивидуални, така и групни) за развој на ресидуалниот слух. Во почетокот детето се учи да ги идентификува и разликува надворешните звуци, а исто така е вклучена и работа со говорни шеми. Сличен третман се спроведува дома од страна на визитинг наставници и терапевти. Овие активности се сосема нови за специјалното образование во Бугарија, а ги спроведуваат волонтери поради финансиските ограничувања.
Битно е родителите да станат свесни за полезноста од постојаното носење на слушни помагала и да научат како да ги проверуваат и одржуваат.
Заедничка работа на родителите и стручните лица
Стручните лица вклучени во системот на специјалното образование во Бугарија имаат определено искуство во организирањето на заедничките активности со родителите на глуви деца од предучилишна и училишна возраст. Тие се соочуваа со тешкотии поради домската форма на училишната организација. Благодарејќи им на современите промени на училишната структура, наставниците можат да ги зголемат заедничките активности со родителите на децата со оштетен слух. Родителите се покануваат да ги отвораат сесиите за обука, па и да го оценат сопственото дете. За нив се организираат и курсеви за обука каде што им се дава можност да научат за процесот на оглувувањето, третманот, учењето на говор, развивањето на вештините за слушање итн.
Многу родители на деца со оштетен слух во Бугарија денес имаат можност да се сретнат со други родители и да разговараат за своите проблеми, да разменуваат информации, мислења итн. Овие активности ги организира Здружението на родителите на децата со оштетен слух на Бугарија, новоформираното Здружение на пријателите на глувите деца, Сојузот на глувите на Бугарија, Фондацијата “Слух и говор”. Последниов има организирано и семинари за новите родители на деца од најрана возраст со оштетен слух, од 0 до 1 година, и ТВ часови за оние кои се заинтересирани за дополнително образование на глувите деца дома.
Сите гореспоменати активности за ран третман им овозможуваат на глувите деца да научат да слушаат и да говорат или пак да развијат друг вид на вештини за комуникација според нивните индивидуални способности. Подоцна некои од нив ги посетуваат редовните училишта и добро напредуваат, додека пак други ги посетуваат посебните училишта за глуви. Во секој случај, изборот е на родителите, а наша задача како стручни лица е да ги научиме да ги согледаат реалните потреби на нивните деца.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE