Василка РАЗМОВСКА, Весна СТЕПАНОВСКА, Благој НЕДЕЛКОВСКИ

 

РАНОТО ОТКРИВАЊЕ НА СИГМАТИЗМОТ
КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ЛЕСНАТА НАГЛУВОСТ

 

Вовед

За навреме и нормален развиток на говорот се неопходни пред сî, определени објективни услови, односно здрав и функционално нормален централен нервен систем, здравје и нормални говорни органи, нормално развиен слух и здрава нормална средина.
Во меѓучовечката говорна комуникација слухот има примарна улога. Од тоа произлегува дека слухот е еден од најважните услови за нормален развиток на говорот кај децата.
Оштетувањето на кој и да било дел на аудитивниот систем предизвикува оштетување на слухот.
Кај овие оштетувања се јавуваат повеќе разлики во нивното степенување, чии што дијапазон се движи од лесна редукција на слухот до тешка наглувост.
Различните степени на оштетувањето на аудитивниот систем настанати во различно време на возраста на детето, претставуваат причина и за различните видови на говорни растројства.
На говорните растројства, како последица на оштетувањето на слухот, во логопедската дијагностика и третман не им се придавало некое посебно внимание.
Во нашето излагање накратко ќе се задржиме на проблемот на влијанието на лесната наглувост и појавата на сигматизмот кај децата, неговата распространетост и третманот.

Сигматизмот како последица на лесната наглувост

Кај лесната наглувост говорните растројства се незначителни, па затоа на прв поглед, на овој проблем и не му се обраќа некое посебно внимание, како од страна на родителите на децата, така и од страна на наставниците и лекарите, бидејќи загубата на слухот од 10-30 dB наизглед не претставува некоја поголема пречка во говорната комуникација.
Говорните растројства кај лесно наглувите деца се однесуваат на неправилен изговор на некои гласови, слабата интонација на говорот, посебно на гласовите со висок фреквентен спектар (С-З-Ц поретко гласовите Ш и Ж). Ова доаѓа до израз кај сигматизмот-растројство на артикулацијата што се карактеризира со дисторзија, супституција и омисија, односно како неспособност на примање, препознавање и разликување на фреквенцијата на определени гласови С-З-Ц.
Причините за појавата на сигматизмот кај децата, ако постојат нормално развиени говорни органи се следните:

  • Недоволно развиен фонематски слух;
  • Слабо акустичко внимание; и
  • Наглувоста-особено оштетувањето на внатрешното уво, кога не се примаат гласовите со висок звучен спектар.

Наглувите деца заради погрешното и недиференцирано слушно примање на гласовите слични по звучност, често меѓусебно се заменуваат во изговорот, па така детето изговара шупа наместо супа.
За појавата на сигматизмот во артикулацијата на гласовите С, З, Ц па и Ш и Ж наглувоста е доста честа причина.
Во нашата практика се најизразени и најчесто се јавуваат кај неправилна артикулација на гласовите С, З, Ц, додека кај другите гласови Ш и Ж во многу помала мера.
Воочено е дека најизразен е сигматизмот како последица на наглувоста кај призабниот (аденталниот) изговор на гласовите С, З и Ц. Тоа е призабен или адентален сигматизам (Sigmatismus Addentalis) каде што гласовите С, З, го губат пискавиот звук и добиваат извесна сличност со гласовите Т, Д (Тс, Тз), настанува заради преградата што ја прави врвот на јазикот со горните заби, заради што воздушната струја, наместо со жлебот на јазикот се растура по целата негова површина, проаѓајќи по целата ширина на устата. Со повлекувањето на јазикот во усната празнина се зголемува предниот бучален резонатор и се зголемува присуството на неадекватните шумови. Ако не се создаде средната преграда, сега воздушната струја се насочува настрана, се прави латеризација (еднострана-Sigmatismus Lateralis или двострана-Sigmatismus Bilateralis).
Гласот С ќе биде точно како и другите гласови, така артикулисан, како што ќе биде примен по пат на аудитивниот систем. Ова е една проста вистина но точно поради тоа може да биде лесно прескокнат и да не í се обрне доволно внимание на ваквата артикулација на гласот С. Ова уште повеќе доаѓа до израз ако детето со сигматизам другите гласови ги изговара правилно. Ако се прашаат родителите што го носат детето на испитување заради погрешниот изговор, на гласот С  дали  добро  слуша тие често се чудат на ваквото прашање.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in