JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4829
Величко АНДРЕЕВСКИ
ПРИДРУЖУВАЊЕТО НА СЛЕПИТЕ ЛИЦА И НА ЛИЦАТА СО ТЕШКИ
ОШТЕТУВАЊА НА ВИДОТ-НЕОДМИНЛИВА ПОТРЕБА ВО НИВНАТА СОЦИЈАЛНА КОМУНИКАЦИЈА, ОРИЕНТАЦИЈА И ДВИЖЕЊЕ
Вовед
Специфичните потреби што ја карактеризираат животната егзистенција на лицата со пречки во развојот како последица од бројни етиолошки фактори, се манифестираат во мошне широк регистар. Нивната целосна идентификација е детерминирана од самата природа и степенот на оштетувањето, односно на растројството на одделни органи на човековиот организам и нивната функција, што остава поголем број од полесни до најтешки и сложени проблеми во целокупниот развој и живот на хендикепираната индивидуа. Во тој контекст и оштетувањата на органот за вид и неговата функција може да остави тешки последици врз развојот и формирањето на личноста, оспособувањето за работа како и целокупниот живот, наметнувајќи пред лицето со оштетен вид комплекс проблеми и потреби за решавање кои, пред сî, се од социјална, психолошка, едукативна и економска природа.
Се чини дека една од основните претпоставки за поуспешно решавање на овие проблеми и потреби е и степенот на зависност, односно на осамосталеност на овие лица во нивната социјална комуникација, односно ориентација и движење.
Ориентацијата и движењето во просторот претставува процес на стекнување вештини преку мошне суптилни методи, односи и содржини што му се потребни на слепото лице и на лицето со тешки оштетувања на видот за самостојно движење по познати и непознати предели, сигурно, самоуверено, со помали физички и психички напори и тоа кога лицето сака.
Бидејќи предмет на ова излагање не е разработка на прашањата што се однесуваат на ориентацијата и движењето на лицата со оштетен вид во нивниот развој, туку само на еден нивни аспект-придружувањето (водењето) на овие лица, ќе презентираме само некои искуства врзани за тоа.
Практиката сî уште покажува дека и покрај значителниот напредок во однос на бројот и разновидноста на техничките помагала наменети за лицата со оштетен вид (покрај бастунот и кучето водич), поради огромниот број ситуации што животот ги наметнува со техничко-технолошкиот, економскиот и културниот развој на општеството, придружувањето (водењето) на овие лица од родители, роднини, пријатели, претставници на определени служби, соработници и други, останува во голем број животни ситуации незаменливо. Појдувајќи од тој факт, неопходно е да се има предвид дека придружувањето не е толку едноставна работа како што обично се мисли, туку дека е потребно да се знаат повеќе постапки и умешности. Во таа смисла во ова излагање, како што веќе нагласивме, ќе нотираме само некои досегашни искуства врзани за придружувањето (водењето) на слепите лица и на лицата со тешки оштетувања, во вид на упатства.
Упатства за придружување (водење) на слепи
лица и на лица со тешки оштетувања на видот 1
- Придружници! Обидете се постојано да имате предвид, односно да запомните дека слепиот човек не може да гледа. Во самостојноста и ефикасноста во снаоѓањето на слепиот човек, односно во ориентацијата во просторот извонредно значајна улога имаат податоците што им ги даваат луѓето што гледаат, а до кои не може да се дојде без употреба на видот како функција на очите. Затоа во која и да било животна ситуација и во кој и да било простор, без дилеми, отворено и искрено треба да му се дадат колку што е можно повеќе податоци како на пример “на масата се наоѓаат бисквити, парче торта, посатка со овошје, сладолед, шише со вино, чаша со вода и сл.”
- На слепиот човек понудете му да ве тој фати за рака. Никогаш немојте вие да го фатите за рака и да му го држите лактот. Каде е вашиот лакт, покажете му на тој начин што со вашиот лакт ќе ја допрете неговата рака.
- Најчесто (скоро секогаш) вообичаено одете половина чекор пред слепиот човек. При одење по скали нагоре или надолу или по места каде што има опасности (провалии, дупки, шахти отворени, опасни предмети и сл.), бидете еден чекор пред него. (Преку определени вежби слепиот човек научува дека се приближил до скалите само по движењето на вашата рака).
- На слепиот човек кога уште никогаш не сте го виделе секогаш речете му кога ќе дојдете, сте стасале до скалите.
- Кога сте во ситуации да поминувате низ тесни или незаштитени предели секогаш одете напред. Слепиот човек е најнемоќен кога ќе настојувате тој да оди пред вас. Никогаш не фаќајте го одзади за долактицата и не туркајте го нанапред.
- Кога ќе дојдете до мали издигнатини на тлото по кое се движите, асвалт и слично, на кои тој може да се сопне, обрнете му внимание претходно.
- Секогаш внимавајте да не се судри од страната на вратата, на бандера, дрворед, табла за паркинг, реклама, врата на автомобил и други предмети. Тоа бара посебно внимание.
- Ако слепиот човек треба да се помести малку лево или десно за да не му стои на некого на патот, опоменете го умесно (“дојди зад мене”, “дојди од мојата лева страна” и сл.) и немојте вие да го поттурнувате ваму-таму.
- Дијагоналното (косото) приближување до ивицата на тротоарот или скала за слепиот човек кој оди позади водичот е мошне непогодно. Водичот секогаш треба де се погрижи приближувањето да биде под прав агол, а положбата на слепиот и водичот да биде порамнета еден до друг.
- Добриот водич не треба да падне во очи на присутните во средината. Кога со слепиот човек одите во банка, пошта, продавница итн. не смеете да ги преземете работите во “своја рака”. Пуштете го службеникот или продавачот, односно овозможете му на слепиот да разговара самиот тој непосредно за односното прашање. Дајте му помош толку и таква колку што и ќе бара слепиот човек во спонтан-обичен дијалог од вас.
- Кога како водич на слепиот човек сте во различни и повеќебројни места и околности, она што го гледате опишувајте му го и објаснувајте му го објективно и систематски и тоа ако тој тоа го сака и кога е тоа потребно.
- Кога слепиот човек ќе го доведете во голема просторија кажете му каде се наоѓа, особено ако за некој момент се оддалечувате од него. Во такви ситуации најдобро за него е да најдете нешто за што ќе се фати (стол, ѕид, подиум и сл.)
- Во јавни простории особено холови (железнички станици, пошти, хотели, театри, банки и др.) во кои мошне често има турканици, на слепиот човек му е потребно поголема помош отколку во празната средина. Многу ситници кои навидум се многу лесни во познати средини, во непознати изгледаат многу големи. Дајте им помош во вакви околности затоа што им е неопходна.
- Изразите - “овде”, “таму”, “таму долу” или “веднаш овде” употребувајте ги многу ретко. Наместо нив употребете го зборот “ќе ви покажам”. При тоа е потребно покрај усмените информации и упатства што треба мошне внимателно и точно да бидат формулирани, исто така треба со не силно удирање по бараниот предмет речете му “овде е”, или пак фатете ја неговата рака и ставете ја врз предметот што сака да го употреби.
- Кога ги давате упатствата, како и при секој друг разговор, не зборувајте погласно отколку што е потребно. Зборувајте јасно и зборувањето насочете го кон слепиот човек така што да изгледа спонтано, секојдневно и вообичаено како и секој разговор помеѓу двајца соговорници.
- Кога минувате во тесни премини практично е слепиот човек да ви ја стави раката на рамената отколку да ве држи за раката, или раката да ви ја стави на средината на грбот лесно допирајќи ве.
- Еден од можните начини на водење на слепиот човек до стол за седење е да го доведете толку блиску до него за да може да го опипа наслонот и ивицата на столот и да утврди од која страна í пристапил (напред, назад, лево и десно). Тогаш тој без тешкотии со рацете ќе го запознае столот и по потреба ќе го оддалечи од масата и ќе направи што е потребно на начин што нему му одговара за вообичаено заземање на своето седиште без да биде тоа забележително.
- При влез во автомобил слепиот човек треба сам да одбере начин што ќе го употреби, но мора да му кажете во кој правец автомобилот е поставен, односно која е предна, а која задна страна и на кои седишта треба да седне, на предни или на задни. Слепиот едната рака ќе ја стави на кваката на вратата, а другата на покривот на возилото и на тој начин сам ќе ја оцени ситуацијата за непречено влегување во автомобилот. Во овие ситуации треба да му помага само еден човек, никако повеќе.
- При влегување во големи објекти во кои се одржуваат советувања, симпозиуми, конгреси и слично, на слепиот човек дајте му поголем број на информации за објектот и неговиот простор од повеќе аспекти, што ќе му послужат поуспешно да се снајде во просторот и да се запознае со потребните, историски, архитектонски и други вредности.
- Бидете готов на тоа дека слепиот човек ќе ги коментира непријатните ситуации на кои наишол при одењето. Неговите забелешки секогаш ќе бидат духовити и смешни, што зборува дека сака да ве извлече од непријатната ситуација. Прифатете го тоа затоа што тоа е знак дека ви верува и дека во ваше присуство се ослободува од определени свои фрустрации.
- При водењето на слепо лице, доколку тоа изрази желба водењето да се врши на поинаков начин што ќе го искаже, таквата желба треба безусловно и без забелешка да се почитува.
ЛИТЕРАТУРА
- Величко Андреевски: “Социјалната заштита на лицата со пречки во физичкиот и психичкиот развиток низ дејностите на Центарот за социјална работа” во издание на СХО на Македонија, 1994.
- Величко Андреевски: “Социјалната заштита и остварувањето на општествените вредности”, во издание на НИО “Студентски збор”, Скопје, 1983.
1Упатствата се дадени со извесни модифицирања ,а врз основа на нашите согледувања и сознанија во консултации со слепи како и материјали презентирани на советувања одржани во осумдесеттите години на подрачјето на бившата ЈУ територија.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE