JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4356
Елизабет СОЛТИРОВА
ОПРЕДЕЛЕНИ РЕШЕНИЈА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЛИЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Како членка на ООН Република Македонија се обврзува да ги спроведува донесените и потпишани меѓународни документи за решавањето на егзистенционалните проблеми на лицата со пречки во развојот и да им обезбеди права како на свои граѓани. Тоа значи на хендикепираните граѓани да им обезбеди колку што е можно подостоинствен и независен живот, можности да се образуваат, да имаат здравствена заштита и социјална сигурност и да ги вклучи активно во општиот, социјалниот и економскиот развој на општеството.
Во Република Македонија постои законска регулатива за заштита на правата и гарантирање на еднаквоста на лицата со пречки во развојот во сферата на здравствената заштита, образованието и социјалната заштита. Како централно тело кое ќе ги обединува владините и невладините институции е формирано Национално координативно тело за еднакви права на лицата со хендикеп во Република Македонија (1996 г.).
Со законските прописи за здравствената заштита се обезбедува превенција, лекување и медицинска рехабилитација на сите граѓани, набавка на разни помагала, лекови и друго.
Согласно со прописите од областа на социјалната заштита, социјалната заштита на деца со пречки во развојот опфаќа: превенција, рано откривање, категоризација, згрижување, додаток за деца, посебен додаток и друго, а за возрасните хендикепирани лица додаток за социјална помош и додаток за туѓа нега.
Законот за основно образование (Сл. Весник на Република Македонија бр 44/95) во членот 5 определува да се организираат посебни основни училишта за учениците со пречки во физичкиот и психичкиот развој, зависно од видот и степенот на попреченоста. Со членот 66 од истиот закон е регулирано прашањето на стручниот кадар што треба да работи во основното училиште. Имено, меѓу другото се предвидува:
- со ставот 1 од овој член дефектологот да биде член на стручниот тим во основното училиште;
- со ставот 5 од овој член одделенската настава со учениците со пречки во развојот да ја изведуваат лица со завршено високо дефектолошко образование;
Врз основа на членот 27 е донесен Правилник за критериумите и начинот на остварувањето на основното образование на учениците со пречки во развојот. Со овој Правилник, меѓу другото се определува:
Со член 3 став 1 видот и степенот на попреченост:
- ученици со пречки во физичкиот развој (наглуви, глуви, слабовидни, слепи, со пречки во телесниот развој односно хронично болни);
- ученици со пречки во психичкиот развој (ученици со лесна и деца со умерена и тешка попреченост);
- ученици со пречки во говорот;
- ученици со комбинирани пречки;
- ученици со воспитна запуштеност (асоцијално однесување) и престапничко поведение;
Со член 4 став 1 бројот на ученици со пречки во развојот во паралелка, односно група изнесува:
- за ученици со пречки во слухот до 8, а за комбинирана паралелка до 6 ученика;
- за ученици со пречки во видот до 8, а за комбинирана паралелка до 6 ученика;
- за ученици со пречки во телесниот развој до 10, а за комбинирана паралелка до 8 ученика;
- за ученици со хронично заболување до 10, а за комбинирана паралелка до 8 ученика;
- за ученици со лесни пречки во психичкиот развој до 10, а за комбинирана паралелка до 8 ученика;
- за деца умерено и тешко попречени во психичкиот развој групата брои до 6 ученика;
- за ученици со комбинирани пречки во развојот до 6 ученика;
- за ученици со воспитна запуштеност (асоцијално однесување) и престапничко поведение до 10 ученика.
Бројот на деца во подготвителна група изнесува 8 деца.
Со член 5 бројот на ученици со пречки во развојот во воспитна група изнесува:
- за ученици со пречки во слухот до 10 ученика;
- за ученици со пречки во видот до 12 ученика;
- за ученици со пречки во телесниот развој до 12 ученика;
- за ученици со лесни пречки во психичкиот равој до 12 ученика;
- за деца умерено и тешко попречени во психичкиот развој до 6 деца;
- за ученици со комбинирани пречки во развојот до 6 ученика;
- за ученици со воспитна запуштеност (асоцијално однесување) и престапничко поведение до 12 ученика.
Со член 6 се определува:
- ако за ученикот со пречки во развој е неопходна придружба од страна на родителот (старателот), придружникот има право на бесплатен превоз од домот до училиштето и обратно.
- неопходност од придружба за секој конкретен случај ќе се утврдува со наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во развојот.
Законот за средно образование (Сл. весник на Република Македонија бр. 44/95) во членот 32; членот 39 и членот 40, определува средното образование за хендикепираните ученици да се изведува според сообразени програми за соодветни занимања или за работно оспособување.
Во членот 59 се препорачува наставниот кадар да го сочинуваат лица со завршено високо образование што се здобиле со соодветно дефектолошко образование и имаат положено стручен испит.
И покрај постоењето на законската регулатива, не може да се каже дека во Република Македонија се создадени еднакви услови за хендикепираните лица. Потребна е заедничка акција на соодветните министерства, на организациите на хендикепираните, на здруженијата на родителите и заедницата за надминувањето на бариерите што стојат пред хендикепираните лица и за овозможување на услови за нивен независен и достоинствен живот.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE