JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3342
Натка МИЦКОВИЌ
СПЕЦИЈАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ВО ЕНЦИКЛОПЕДИСКИОТ РЕЧНИК ВО ИЗДАНИЕ НА "NATHAN"-PARIS, 1995
Во најновиот Енциклопедиски речник за воспитание и образование во издание na "Nathan", Paris, 1995 се опфатени неколку проблеми поврзани со едукацијата и згрижувањето на децата со пречки во развојот.
Ние ќе се задржиме на поимот специјално образование стр. 361-367.
Специјалното образование во Франција има долга традиција. Ова образование се однесува на децата и адолесцентите што “не можат нормално да го следат редовното школување поради определен хендикеп, болест или друга сериозна тешкотија”. Во толковниот речник се објаснува еволуцијата на поимот специјално образование како и на практичната реализација на едукацијата на децата во различните институции што се занимавале со овој проблем.
Оценуваме дека осмата деценија на овој век е најинтересна за едукацијата на овие деца зашто во овој период најинтензивно се работи врз проблематиката на специјалното образование.
Со Државниот закон донесен во 1975 година се предвидува: “задолжително школување на хендикепираните деца и адолесценти”, а со Законот за образование донесен во истата година се вели дека кога децата имаат сериозни и перманентни проблеми тие “добиваат адаптирана настава”, односно за нив се предвидува специфична педагошка практика и, ако е потребно, се преземаат терапевтски мерки. Со најновиот Закон за образование од 1989 година секому му се гарантира “право на образование” и се додава дека “се фаворизира школска интеграција на младите хендикепирани”. Различната употребувана терминологија “специјално образование”, “адаптирана настава”, “училишна интеграција”, е резултат на едновековната апликација на различните концепции на специјалното образование во Франција.
Периодот од 1965-1975 е период на “адаптација и специјално образование”. Тој се одликува со мерки за превенција, реедукација и формирање на различни служби. Проблемот се ситуира на еден комплексен план на релација дете-семејство-училиште. Се јавува мултипликација на реедукатори во сите домени за овие деца и младинци и развој на повеќе служби. Тука би ги споменале одделенијата за адаптација, групите за психо-педагошка помош, дневните болници, службите за нега и за специјално образование во домовите на децата, медико-психолошки-педагошките центри и центрите за медико-социјални активности.
Во 1980 година се случува нешто ново-почнува актуелниот период на адаптација и школска интеграција на децата со пречки во развојот. Се инсистира на тенденцијата дека секоја личност може да има позитивна улога во општеството. Задачите и структурата на ова образование се мултиплицираат. Новата дефиниција на специјалните одделенија сега е: “одделенија за училишна интеграција со специјалистичка помош за децата со тешкотии”. Дипломите (1987) на лицата што работат во ова подрачје се модифицираат во дипломи за едукативни активности, за адаптација и училишна интеграција.
Секоја фаза од оваа еволуција оставаше свои траги и оттаму комплексноста на актуелната ситуација во ова подрачје. Моментно две министерства имаат ингеренции за оваа проблематика: Министерството за образование преку специјалните одделенија во редовното основно училиште за подобрување, одделенија за сензорен и моторен хендикеп, потоа одделенија во специјализирани институции и Министерството за социјална работа преку интеграција (сколаризација) со полно училишно време во специјални институции или со определено скратено време во задолжителното училиште.
Министерството за образование во 1990-91 година укажува на диверсификацијата на структурите за специјално образование меѓу кои ги истакнува медико-едукативните институции, болниците и домовите со медицински карактер, медико-педагошките институции, институциите за сензорна и моторна едукација, социјално-едукативните институции и службите за социјална помош на децата и адолесцентите со пречки во развојот.
Кога сместувањето во интернат е неопходно се настојува да се обезбедат оптимални услови при што се реализираат различни активности-спортски, културни, прошетки итн.
Со специјалното образование денес се настојува да не се истакнуваат пречките, туку да се развиваат позитивните компетенции кај личноста. На пример ако станува збор за интелектуална дефициенција се инсистира на влијанието на социјалните фактори, т.е. на динамиката на “социо-когнитивни конфликти, или на интеракција”. Особено внимание им се посветува на одговорноста, на естетското, на работното, на моралното и на цивилното воспитание. Сепак може да се каже дека во центарот на вниманието е доменот на интелектуалното воспитание и образование зашто во него се реализирани најголем број истражувачки потфати и се афирмирани и усовршени најразлични методи и постапки. Сите воспитно-образовни методи се ориентирани во исто време за образование на децата и младината со пречки во развојот, но и за нивно подготвување за определена професија.
Може да се каже дека во Франција се случува вистинска етичка револуција во доменот на специјалното образование, зашто “она што не соединува е посилно од она што не разединува”.
Од афективно кон конгнитивно. Така може да се резимира педагошката еволуција на специјалното образование во Франција.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE