JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3346
Величко АНДРЕЕВСКИ
ВИДУВАЊАТА И ПОРАКИТЕ ОД СВЕТСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СПЕЦИЈАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ОДРЖАНА ВО САЛАМАНКА-ЗНАЧАЕН ПРИЛОГ КОН СОВЕСТА НА ЧОВЕШТВОТО
Од 7 до 10 јуни 1994 година во Саламанка-Шпанија, во организација на Владата на Шпанија, а со соработка на УНЕСКО се одржа СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА за потребите од специјално образование: достапност и квалитет. На Конференцијата присуствуваа над 300 учесници од 92 земји и 25 интернационални организации.
На Конференцијата беа усвоени два исклучително значајни документи што ги детерминираат современите фундаментални претпоставки за организирање и градење на соодветен систем на специјалното образование во сите земји на светот. Имено тие документи се Извештајот од Саламанка за принципите, политиката и практиката во специјалното образование и нацрт активности за специјалното образование.
Во извештајот е даден повик до сите влади како и Меѓународната заедница и нејзините организации и сите други невладини организации, да го поддржат развојот на специјалното образование како интегрален дел на сите образовни програми, апелирајќи на соработка и соодветен придонес на специјалното образование.
Нацрт активностите за специјалното образование има мошне широко значење гледано од политички, правен, организационен и стручен аспект. Нацртот се состои од три дела и тоа:
- Нови размислувања за специјалното образование
- Упатства за активности на национално ниво (политика и организација; училишни фактори; вработување и обука на образовен персонал; служби за помош од надвор; приоритетни области; можности на заедницата; потребни средства)
- Упатства за активности на регионално и меѓународно ниво
Од содржината на овие документи пред сî и над сî извира потребата за акција односно за реализација, бидејќи во нив нема многу простор за дилеми и енигми. Во таа смисла присутните надежи ќе се покажат како реални со евалуацијата на резултатите од нив што ќе бидат презентирани на една наредна ваква СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE