Величко АНДРЕЕВСКИ

ОДРЖАН V КОНГРЕС АУТИЗАМ-ЕВРОПА ПОД МОТОТО
“НАДЕЖТА НЕ Е СОН”
ВО БАРСЕЛОНА ОД 3 - 5 МАЈ 1996 ГОДИНА

                На Конгресот имаше повеќе од 1.500 учесници, претставници од 40 земји, главно од Европа, но и од Америка и Австралија, како и родители на аутистични деца.
На Конгресот беа предмет на расправа бројни феномени и напорите за нивна демистификација, почнувајќи од органските проблеми на полето на неврорадиологијата и биохемијата, преку психолошките истражувања, фармакотерапијата и бројните тераписки методи и пристапи кон аутизмот па сî до последиците поврзани со семејството како и комплетните социјални и правни аспекти на проблемот. Презентираните стручни материјали на овој Конгрес претставуваат своевиден предизвик како за стручњаците така и за родителите.
На крајот од работата на Конгресот, Претседателот на асоцијацијата АУТИЗАМ-ЕВРОПА, која опфаќа над 50 разни здруженија, господинот Gilbert Huyberechts (Белгија) ги формулира следните
ЗАКЛУЧОЦИ:

  1. Најновите истражувања во разни научни области докажаа некои причини за настанувањето на аутизмот. Посебно е подвлечена улогата на церебелумот, како главен неврокомпјутер во мозокот морфолошките и функционалните промени во централниот нервен систем. Нагласена е поврзаноста на епилепсијата и аутизмот.
  2. Невролошката основа е докажана низ бројни неврорадиолошки прегледи, било тие да се занимаваат со морфолошките (CT, MRI) или со функционалните промени (PET).
  3. Напредокот на биохемиските испитувања овозможи биолошка интервенција во поглед на модификацијата на исхраната или при примената на фармакологијата.
  4. Напредокот на сознанијата за природата на аутизмот е извонреден. Професионалците од разни области сî повеќе се ангажираат, но уште има недостатоци.
  5. Семејните проблеми, познати уште порано, сега се поставуваат на прв план. Сериозните студии се занимаваат со ефектите на аутизмот врз семејството за да се најде оптимален модалитет на поддршка и терапија за целото семјство.
  6. Направен е исчекор во поглед на класификацијата и поделбата на аутизмот на Канеров и Аспергеров синдром. Некои етиолошки подгрупи ги прават врските на овие два ентитета.
  7. Прифатена е формулацијата Lorne Wing во поглед на аутистичниот спектрум што опфаќа низа на оштетувања од најтешки форми на аутизмот со ментална ретардација и епилепсија, преку Аспергеровиот синдром, до лесни тешкотии и пречки во учењето, читањето и слично.
  8. Пораснат е интересот за работата на центрите за аутистични деца и возрасни и направен е значаен напредок во поглед на организацијата и поддршката на овие центри и др.
  9. Сè поголема е општествената и правната поддршка на родителите и семејствата во целост.
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in