JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4440
Златко ДОБРЕВ
МОЖНОСТИ ЗА РАНО ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ И КОРЕКЦИЈА НА НЕДОСТАТОЦИТЕ КАЈ ДЕЦАТА СО МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА
Основната цел на нашето проучување е да се откријат некои карактеристики во психофизичкиот развој на децата со ментална ретардација од предучилишна возраст и врз основа на тоа да се мотивира примената на определени методи и форми за корекционо дејствување. Како критериуми се користат одделни параметри во психомоторниот развој на овие деца за време на периодот на “пластична возраст”.
Проучувањето беше извршено на 335 деца од предучилишна возраст и тоа од различни помошни детски градинки и домови за деца со ментална ретардација. Според степенот на нарушувањето и етиопатогенезата, дадени во медицинските картони на децата, тие се групирани:
- со лесна ментална ретардација - 61.4%
- со умерена ментална ретардација - 17.1%
- со Даунов синдром - 7.1%
- со хидроцефалии и микроцефалии - 6.3%
- со други нарушувања (заболувања на големиот мозок, комбинирани недостатоци итн.) - 7.1%
Во зависност од заемното содејство помеѓу етиологијата, причините, локализацијата и другите фактори, секоја конкретна заостанатост има своја специфичност. Дешифрирањето води кон успешно детерминирање на видот и степенот на менталната ретардираност на секое дете. Испитувањата на Ј. Бурац (1990), Е. Зиглер (1990), Д. Голдберг (1987), М.С. Певзнер (1979), К.С. Лебединска (1979) и други покажуваат дека во етиологијата, патогенезата и структурата на дадените типови на ментална ретардираност се воочуваат значителни разлики. Тоа покажува голем одраз врз целокупниот психофизички развој кај децата и можностите за ефективна корекција на недостатоците.
Какви се резултатите од испитувањето според некои основни показатели?
- Според показателите “стои исправено” и “проодување” дадени се податоците на следниот дијаграм.
Дијаграм 1
- Според показателот “нарушувања во движењата” дадени се податоци на следниот дијаграм
Дијаграм 2
- Според показателите “први зборови” и “први реченици” податоците се представени на следниот дијаграм
Дијаграм 3
Анализата на податоците покажува дека децата со ментална ретардираност доцнат во однос на показателите “стои исправено” и “проодување”, како специфични параметри на физичкиот и моторниот развој. Во споредба со нормалните деца, задоцнувањето според првиот показател е со средна вредност три и повеќе пати, а во однос на вториот-четири и повеќе пати.
Недостатоците во моториката и координацијата покажуваат негативно одразување во процесот на играта, која зазема основно место во животот на децата од таа возраст. Затоа, во согласност со нарушувањата во физичкиот развој се изменија како содржината на игрите, така и насоката на корекционо-методологиските дејствувања. До таквиот заклучок доаѓа во своите проучувања Л. Веделер (1987). Со основа тој забележува: “Дејноста игра кај детето во поголема мера дејствува на нивото на неговиот развој, отколку на хронологијата на возраста. Кај децата со аномалии развојот на играта се извршува како и кај другите, но нејзината содржина и способност можат да бидат различни во зависност од карактерот и степенот на недостатоците”. 1
Споредбените анализи на податоците покажуваат дека во однос на показателите “први зборови” и “први реченици” метално ретардираните деца значително доцнат. Првите зборови кај нив се јавуваат просечно две години подоцна во споредба со нормалните. Кај првите реченици (појава на сврзана мисла) задоцнувањето е просечно 3-4 години. Тоа има крајно неблагопријатен одраз врз развојот на комуникацијата и целокупната дејност на осознавање кај тие деца. Проучувањата и на други автори покажуваат дека ментално ретардираните деца многу тешко преминуваат кон искажување на првите зборови во вид на реченица. Карактеристично за нив е дека доста слабо го искористуваат својот речник на зборови, со цел да комуницираат со околината.
Тешкотиите во говорниот развој на тие деца се сврзани и со разновидните експресивни и импресивни недостатоци во говорот. Резултатите од проучувањето покажуваат дека е најголем процентот на различните дислалии-87.3%. Интересно е дека кај 70.4% од децата се среќаваат полиморфни дислалии. Близу половина од децата (47.1%) имаат разни алалии, што се проценуваат како сложени говорни нарушувања, покажувајќи неблагопријатно дејство врз целокупниот развој на осознавање.
Цврсти показатели се резултатите односно можностите на децата да распознаваат и класифицираат. Станува збор за невербална класификација, т.е. групирање на слики од предмети ( играчки, кујнски прибори, транспортни средства). Од околу 15 испитувани деца само едно успеало да ги групира предметните слики без да му биде укажана помош. Шест деца не можат да ја извршат задачата дури и по многукратно укажана помош. Тие воопшто не можат да ја разберат задачата.
Значајно е да се спомене, дека сите испитувани деца во однос на тој показател беа со лесен степен на ментална ретардација. Секое од нив има наполнето 6 години, а 9 деца (60%) се меѓу 6 год. и 6 месеци и 7 години. Како што веќе посочивме, процентот на испитуваните деца со лесна ментална ретардираност е 62.4%. Другите се со потежок степен, којшто означува дека нивните можности за комуникација и класификација се на пониско ниво.
Резултатите од проучувањето покажуваат дека, од низа прични, сензитивните периоди кај децата со ментална ретардација се со задоцнета онтогенеза. Утврдено е, дека според различни показатели тие деца се разликуваат од своите врсници, што има негативно влијание врз нивниот целокупен психофизички развој. Тој факт ја налага неопходноста од правовремена сензитивна корекција пред да се зголеми бројот на разните второстепени, третостепени и други нарушувања, а се резултат од неправилното заемно дејство меѓу различни биосоцијални фактори.
Подоцнежната појава на сензитивните периоди не означува дека работата околу развојот на определени квалитети и корекцијата на недостатоците треба да започне со задоцнувањето. Во случајот суштествена улога има прашањето за методите, средствата и формите на работа. Особено внимание í се посветува на нивната разнообразност како во работата на групите, така и при индивидуалните активности.
Според нас особена улога имаат активностите за запознавање со околната реалност, за развој и корекција на говорот, за моделирање, музика, ритмика, здравствена фискултура, за формирање на корисни ставови, социјални и други знаења и навики.
1 Л.Веделер, Улогата на играта во обучувањето и развитокот на децата со аномалии во раната возраст, Перспектива, УНЕСКО, бр. 4, 1987, 125.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE