JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6182
Стане КОШИР
Вовед
Јазикот е апстрактен систем на знаци што служат за обележување на материјалната и на душевната реалност. Кај децата со слух говорот се развива постепено и преминува од фаза во фаза, така што истовремено се присутни елементи од претходната и од следната фаза. Имајќи ги предвид различните аспекти на набљудување, авторот опишува различни фази на развојот на говорот.
И оралниот говор кај детето со пречки во слухот се развива по говорни фази, кои се еднакви како и кај децата што слушаат, само нивниот развој е многу побавен, подолг, така што распределените во групи деца со пречки во слухот никојпат не го достигнуваат развојот на децата што слушаат. Една од можните точки за набљудување е развојот на артикулацијата кај детето. Истражувањата на Владисав (1966) покажаа дека кај деца од 2 до 3 годишна возраст со развиен слух гласовите не се формирани, туку се во постојано формирање. За нив е карактеристична дисторзија, дури и супституција и омисија. Сепак, гласовите А, Е, И, О У, потоа П, М, Н, Ј, Т, Д, К, Ц, Ш и В се достатно стабилни веќе до крајот на третата година. Во четвртата година се формира и гласот, во петтата гласовите С, Л, во шестата Ж, во седмата година гласовите Б, Г, З и Р (Васиќ, 1966).
Цел
Целта на овој прилог е да направи анализа на артикулацискиот напредок кај глуви деца од предучилишна возраст.
Методологија
За испитување се земени 58 глуви деца, распределени во две групи. Нивниот недостаток на слух е повеќе од 95% по Фовлер и настапил пред крајот на првата година од животот, што значи во предговорната развојна фаза. Децата се на возраст од 2 до 7 години и се вклучени во одделението за деца од предучилишна возраст во Заводот за глуви (41 дете) или во нормална детска градинка (17 деца). На сите деца секој ден им се нуди стручна аудиологопедска помош. Децата се со нормален психички развој немаат значајни дополнителни тешкотии. Според возраста се распределени во две групи, така што во групата на помалите се вклучени децата од 2 до 5 години, а во групата за поголеми се децата од 6 и 7 години.
Децата биле тестирани од сурдопедагози со трипозициски артикулациски тест. Резултатите ги обработивме со компјутерска програма SPSS со описна статистика и со тест на hi-квадрат.
Од табелава гледаме дека и децата од помалата група релативно добро ги изговараат гласовите, А, У, О, Б, М, П, Л, Т и Е. Правилноста на изговорот се движи од 64% за гласот Е, до 100% за гласот А. За време на рехабилитацијата, правилноста на изговорот кај глувите деца се подобрила на 83 за гласот Е, сî до 97% за гласовите У и О. Подобрувањето, всушност не е статистички значајно, но е очевидно од податоците.
Тие гласови најрано созреваат и кај децата со слух и тие ги освојуваат до својата петта година. Се чини дека овие гласови се полесни и за глувите деца, зашто се повидливи, а меѓу нив се и сите вокали. Во оваа група недостасува соодветно созревање на гласовите Н, Д, К, В, Ц, Ш и С, кои децата со слух веќе ги имаат, додека кај глувите тие уште не се достатно стабилни. Развојот на гласовите Н, Ј, Д и К го надополнува групата на поголемите глуви деца, а тоа значи со двегодишно доцнење, додека гласовите Ч, Ц, Ш и С и во предучилишната возраст не ја достигнуваат потребната зрелост.
Втората група гласови се гласовите Н, Д, Р, С, Ј, Ф, Ж З, Ч, Х и С, чиј правилен изговор кај помладата група глуви деца се движи од 0% за гласот С до 50% за гласот Н. Во текот на рехабилитацијата правилниот изговор на овие гласови во групата на поголемите глуви деца се подобрил за 14% за гласот С и до 83% за гласот Н. Подобрувањето на изговорот на сите гласови е статистички важно.
Групата со помали глуви деца лошо ги изговарале гласовите В, Ш, К и Г. Правилноста на изговорот е од 18% за гласот Г до 41% за гласот В. И кај овие гласови изговорот се подобрил на 48% до 69% правилност. Подобрувањето не е статистички важно.
Кај гласовите Г, Ж, З и Х може да се забележи недостатно созревање на изговорот кај глувите деца од предучилишна возраст, впрочем, тие гласови созреваат дури по седмата година и кај децата со слух. И кај овие гласови, веројатно, станува забор за временско задоцнување.
Заклучок
Од податоциве може да забележиме важен напредок во артикулацијата на одделни гласови кај глувите деца. Напредокот може да го препишеме на созревањето на децата и на грижливата корекциска постапка, што им се нуди на децата секојдневно, и при индивидуалните вежби и во групната работа со нив. И покрај тоа, може да се забележи двегодишно задоцнување во развојот на гласовите Н, Ј, Д и К во споредба со децата со слух. Развојот заостанува временски кај гласовите Г, Ж, З, Ч, С, Ш, С, но не може точно да се определи времето на заостанувањето.
.
ЛИТЕРАТУРА
- Костић, Владисавлјевић, Благојевић: Текст за аналитичка оцена на артикулацијата. Говор и јазик Но. 3, Белград, 1966.
- Кошир С.: Артикулација кај лица со пречки во слухот. Defektologika Slovenica, Но. 3, Љубљана, 1955.
- Савић Л.: Методика на работа со деца со оштетен слух. Завод за учебници, Белград, 1982.
- Васић С.: Тестирање на артикулацијата и утврдување на фономатскиот капацитет. Говор и јазик Но. 23, Белград, 1966.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE