JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3641
Виолета МАЛИНСКА-ПЕТРУШЕВСКА
КОН РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ТРЕТАТА ЕВАЛУАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА “ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ” ВО ЕВРОПСКИОТ РЕГИОН (1996-1997)
На Четириесет и шестата сесија на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, што се одржа од 9-13 септември 1996 година во Копенхаген, донесена е Резолуција за Третата евалуација за спроведување на Стратегијата “Здравје за сите” во Европскиот регион (1996-1997).
Во оваа резолуција се подвлекува важноста од имплементацијата на стратегијата “Здравје за сите” со усвоените и иновираните во 1991 година 38 цели на здравствената политика во Европа, меѓу кои гледано од наш аспект посебно значење е целта (3). Македонија овие цели ги прифати во април 1993 година, кога стана полноправен член на Светската здравствена организација.
Во цел 3 од Резолуцијата е нагласено:
“Подобри можности за луѓето со онеспособеност”
До 2000-тата година, на луѓето со онеспособеност треба да им се овозможи да водат социјално, материјално и духовно исполнети животи обезбедувајќи им специјални погодности што ги подобруваат нивните релативни физички, општествени и економски можности (способности). Оваа цел е со намера да:
- обезбеди еднакви можности;
- го подобри статусот на луѓето со онеспособеност;
- овозможи на луѓето со онеспособеност да го подобрат квалитетот на живеењето и да го развиваат сопствениот здравствен потенцијал.
Во Резолуцијата се нагласува дека оживотворувањето на овие цели може да се постигне со стратегии преку кои:
- во јавноста да се промовира позитивен однос кон луѓето со неспособеност;
- да се создаваат услови за безбедни (не ризични средини);
- да се промовираат рехабилитациони програми и обезбедат социјални служби што ќе овозможат посоодветни услови за самостојното извршување на секојдневните животни функции на хендикепираните лица;
- да им се обезбедат услови на овие лица за самостојно извршување на животните функции;
- на оние лица што неможат самостојно да ги обавуваат своите секојдневни животни функции, и на нивните семејства или негуватели да им се обезбедуваат специјални услуги и помош.
Евалуација за реализцијата на оваа цел во нашата Република ќе се направи по пополнувањето и сумирањето на одговорите од компетентни стручни и научни работници што работат во оваа област и ја покриваат оваа проблематика. Притоа евалуацијата ќе се засновува на одговорите на прашањата дадени во следниот формулар:
ФОРМУЛАР ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ЦЕЛТА
(се внесуваат само насловите)
1. |
Нова или повторно утврдена развојна политика (цели, приоритети, главни насочувања); |
2. |
Нови стратегии и промени во менаџментот (законодавството, раководните структури, спогодби, итн.; |
3. |
Нови активности за спроведување на политиките и стратегиите; |
4. |
Нови развојни промени во информирањето, мониторингот и во процесот на евалуацијата; |
5. |
Главни проблеми и ограничувања; |
6. |
Статистички показатели на развојот (трендови на релевантните индикатори на ЗЗС); |
7. |
Севкупна проценка на прогресот. |
Почитувани читатели, се надеваме дека до излегувањето на наредните броеви од ова списание ќе ги добиеме вашите видувања, оценки и предлози во врска со дадените седум точки во овој формулар што ќе ги насочат анализите и сумирањата на резултатите и ќе бидат од посебен придонес за натамошното подобрување на квалитетот на живеењето на онеспособените лица и напорите за поцелосно решавање на сложениот комплекс на проблеми поврзани со ваквите лица и нивните семејства.
Ова списание со посебно внимание ќе ги следи вашите активности како и трудовите за кои ќе биде обезбеден соодветен простор за нивно публикување.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE