JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4428
Горан АЈДИНСКИ
ОД НОРМАТИВНО-ПРАВНАТА МЕЃУНАРОДНА РЕГУЛАТИВА
ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИТЕ ЛИЦА
Засилениот интерес за решавањето на егзистенционалните проблеми на хендикепираните лица во светот, особено се манифестира во втората половина на овој век со и по донесувањето на бројни Меѓународни конвенции, декларации, резолуции и други документи за правата на овие лица, од една и обврските на општеството, од друга страна.
Во последните две децении е направено мошне многу за правата на хендикепираните лица особено со прогласувањето на Меѓународната година на хендикепираните од страна на Генералното Собрание на ООН во 1981 година. По неа следеше Меѓународната деценија на хендикепираните (1982-1993), која го промовираше учеството на хендикепираните лица во општествениот живот, развојот и еднаквоста. За остварувањето на овие цели Генералното Собрание на ООН меѓу другото усвои значајни документи како што се: Светската програма на активности за хендикепираните во 1982 година; Стандардните правила за изедначување на хендикепираните лица во 1993 година и во 1994 година. Генералното Собрание усвои долгорочна стратегија за понатамошно спроведување на Светската програма на активности до 2000 година.
На овие документи што ги обврзуваат сите членки на ООН да покажат активност во нивното спроведување им претходеа голем број други порано донесени меѓународни конвенции за таквите права. Ќе наведеме само некои од нив што се донесоа помеѓу 1950-1980 година, а што имаа значајно влијание врз развојот и унапредувањето на заштитата и рехабилитацијата на хендикепираните лица.
- Меѓу првите беше донесена Препораката бр. 99 за професионална рехабилитација на инвалидите од страна на Меѓународната организација на трудот уште во 1955 година, која даде насоки за правилен пристап на оваа проблематика.
- Голем придонес за развојот на заштитата и рехабилитацијата на ментално ретардираните лица даде Декларацијата за правата на ментално ретардираните лица што ја донесе Собранието на ООН во 1971 година. Оваа Декларација поттикна многубројни здруженија на инвалиди да подготват нацрти и слични документи за правата во корист на сите инвалидни лица. Една од нив беше и Декларацијата за правата на хендикепираните донесена во 1975 година од Генералното Собрание на ОН која меѓу другото се заложи и за создавање на оптимални услови во текот на школувањето и рехабилитацијата.
- Резолуцијата за спречување на хендикепираноста што ја донесе Економско-социјалниот совет при ООН им обрна големо внимание на владите за зголемените размери на проблемот на инвалидноста и на инвалидните лица во светот.
- УНЕСКО со своите документи за специјалното образование, студијата за легислација и специјалното образование што се донесоа во 1969 година, како и Компаративната студија за состојбата на специјалното образование изготвена во 38 земји во светот даде голем придонес за зголемувањето на правата на хендикепираните деца во образованието.
Најнови меѓународни документи за правата на хендикепираните лица
- Конвенција за правата на децата на ООН
Собранието на Обединетите Нации во 1989 година ја донесе Конвенцијата за правата на децата, при што 177 земји ширум светот ја ратификуваа Конвенцијата, обврзувајќи се кон нејзина полна примена. Во неа меѓу другото стои дека:
- Сите права ќе се применуваат за сите деца без дискриминација од кој и да било вид, особено споменувајќи ги децата со тешкотии во развојот.
- Во сите акции најдобрите интереси на детето “треба да бидат од примарен интерес”.
- Секое дете има инхерентно право на живот и секоја земја треба да го обезбеди опстанокот и развојот на детето во што е можно поголем обем.
- Право на секое дете да изрази свое мислење и тоа мислење да се земе предвид, во секоја работа или процедура што се однесува на детето.
- Го истакнува правото на децата со тешкотии во развојот на полн и пристоен живот, во услови кои обезбедуваат достоинство, промовираат самопоткрепа и го зајакнуваат активното учество на детето во заедницата. Исто така го истакнува правото на детето со тешкотии во развојот на специјална грижа, образование, здравствена заштита, обука, рехабилитација, подготвување за вработување и можности за рекреација. Сето ова треба да биде изработено на начин на кој детето ќе постигне “највисока можна социјална интеграција и индивидуален развој, вклучувајќи го неговиот или нејзиниот културен или духовен развој”
- Го истакнува правото на детето на образование и вели дека тоа треба да биде основа на еднаквите можности.
- Образованието на детето треба да биде насочено кон развојот на личноста и талентите на детето и менталните и физичките способности, до нивниот “највисок” потенцијал.
-
Стандардни правила за изедначување на можностите
на хендикепираните лица
Стандардните правила за изедначување на можностите на хендикепираните лица се еден вид водич за владите и за ООН, како да се постигнат еднакви можности на хендикепираните, како и за другите граѓани кон крајот на овој милениум.
Како едно силно оружје во обезбедувањето на правата на хендикепираните, Стандардните правила:
- ги поставуваат стандардите за еднакви права;
- даваат нацрт на акцијата што треба да биде преземена од владите;
- делуваат како водич за сите што се занимаваат со оваа проблематика;
- ги вкучуваат хендикепираните, нивните фамилии и организациии како активни партнери во подобрувањето на нивниот живот.
Во поглавјето “Еднакви права” во Стандардните правила стои:
Владите сé повеќе стануваат свесни за нивната обврска да им обезбедат права на сите свои граѓани. Во крајна линија обврска на владата на една земја е, да им овозможува на хендикепираните лица:
- да живеат колку што е можно достоинствено и независно во склопот на нивната заедница;
- да земат активно учество во општиот, социјалниот и економскиот развој на општеството;
- да се образуваат, да примаат здравствена заштита и да се обезбеди социјална сигурност во склопот на редовните структури на нивното општество.
Не може да се зборува за создавање на еднакви услови за хендикепираните без постоење на добра база. Заради тоа стандардните правила споменуваат четири предуслови:
- Подигање на свеста;
- Медицинска заштита;
- Рехабилитациони служби;
- Помошни служби,
кои би требало да ја формираат базата за изедначување на можностите на хендикепираните.
Во правилото број 6 од Стандардните правила се содржани определбите за еднакви можности на хендикепираните деца, младинци и возрасни. При тоа посебно е нагласено:
Државата треба да го признае еднаквото право и можностите за основно, средно и факултетско образование на хендикепираните деца, младинци и возрасни, како и да се обезбеди образованието на хендикепираните да биде составен дел на образовниот систем.
Понатаму во правилото број 6 за образованието во Стандардните правила е наведено:
- Министерствата за образование се одговорни за образованието на хендикепираните во една интегрална околина. Ова образование треба да биде составен дел на националната образовна програма на развојот на наставниот план и на организацијата на училиштето.
- Образованието во редовните училишта претставува постоење на преведувач или други соодветни помагала, соодветни придружни услуги или служби како и достапност, а сето тоа треба да е организирано во согласност со потребите на различните видови недостатоци и оштетувања.
- Во државите каде што образованието е задолжително тоа треба да се обезбеди за децата со најразлични недостатоци, па и за оние со најтешките.
- Родителите и организацииите на хендикепираните треба да бидат вклучени во сите степени на образовниот систем.
Обединетите нации за спроведување на овие правила предвидоа и механизми за нивна реализација. Во склопот на овие механизми се предвидени посебни мерки за примена. Овие мерки ги обврзуваат владите, меѓу другото да го обезбедат следното:
- да постои законска регулатива за заштита на правата и гарантирање на еднаквост на хендикепираните;
- потребите на хендикепираните да се вклучат во националната политика и буџет;
- организациите на хендикепираните лица активно да се вклучат во подготвувањето на националната политика;
- при следењето и оценката да се спомене постоењето на еднакви можности и
- да се формира национална комисија или слично тело како централно тело за прашањето на хендикепираните.
- Извадоци од извештајот за принципите, политиката и практиката во специјалното образование усвоени на Светската конференција за потребите од специјално образование одржана во Саламанка-1994 г.
Во овој Извештај (точка 3) владите се повикуваат:
- да дадат “највисок политички и буџетски приоритет” за да се подобрат образовните служби така што сите деца да можат да се вклучат без оглед на разликите или тешкотиите.
- да го “прифатат како закон или политика принципот на заклучно образование” и да ги запишат сите деца во регуларни училишта, освен ако не постојат исклучителни причини да не се стори тоа;
- да развијат демонстрациони проекти и да се охрабрат размените со земји со интегрирано образование;
- да се осигурат дека организациите на луѓе со тешкотии во развојот, заедно со здруженијата на родителите и заедницата, се вклучени во планирање на одлуките;
- да се стави поголем напор на предучилишните стратегии како и на вокационалните аспекти на интегрираното образование;
- да обезбедат инцијативите и обуката во текот на вработувањето да се вклучуваат во интегрираното образование.
Во извештајот исто така се повикува Меѓународната заедница да го зајакне пристапот на интегрирано школување и да му даде поддршка на развојот на образованието на лицата со специјални потреби како интегрален дел на сите програми за образование. Особено ги повикува УНЕСКО, УНИЦЕФ, УНДП и Светската банка за оваа подршка.
Како агенција на ООН за образование од УНЕСКО се бара да:
- образованието на лицата со специјални потреби да стане дел на сите дискусии што се однесуваат на образованието за сите;
- ја зајакнува обуката на наставниците (учителите) во ова поле со добивање на поддршка од синдикатите и асоцијациите на наставниците (учителите);
- ја стимулира академската заедница да прави повеќе истражувања за интегрираното образование и да ги распространува наодите и извештаите;
- ги употребува своите фондови во текот на петгодишниот период од 1996-2001 за да се создаде проширена програма за интегрирани училишта и проекти за поддршка на заедницата и овозможување на лансирање на пилот проекти.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE