JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 2275
ПРЕДГОВОР НА РЕДАКЦИЈАТА | ||
Почитувани читатели, | ||
Пишувањето научни трудови претставува начин на комуникација во науката. Научните трудови се објавуваат во научни списанија. Едно такво научно списание во илјадниците светски списанија е и нашето Дефектолошка теорија и практика, кое се труди да ги следи светските трендови. Во малите научни средини како што е Република Македонија постојат голем број фактори кои ја отежнуваат работата и го намалуваат вистинскиот квалитет на научните списанија. Кога државата вложува само 0,3% од БДП во науката, тогаш не можете да очекувате сериозен научен дострел на македонските научни списанија. Во вакви мали списанија секогаш е голем проблем да обезбедите високо квалитетни трудови кои подоцна би биле широко цитирани и со тоа би обезбедиле фактор на влијание на научното списание. Државата бара високи критериуми од наставниот кадар и објавување на трудови во списанија со висок фактор на влијание, а притоа не обезбедила никаков пристап во базата на податоци WebofScience. Неминовно се наметнува впечатокот дека социјална држава и висока наука не одат рака под рака. Кога на тоа ќе ги додадете нелогичните потези на издавачите за намалување на хонорарите на членовите на издавачката канцеларија и за одбирање на печатници кои не се по вкусот на главните уредници, тогаш можете да заклучите дека, за да се стане успешен уредник на врвно списание во мала научна средина како македонската, е невозможна мисија. Министерството за образование и наука мора да најде дополнителни средства и да го зголеми финансирањето на научни истражувачки проекти и да вложува многу повеќе во интернационалните списанија со домашно потекло за во блиска иднина тие да се стекнат со фактор на влијание.
Да се осврнеме накусо на овој број 1-2 за 2015 година. Во првата рубрика Дефектолошко-стручната проблематикаовој пат се застапени домашни автори. Колешката Даниела Димитрова-Радојичиќ пишува за Поимите за бои кај децата со вродено слепило, а авторките Рашиќ-Цаневска и Чичевска-Јованова обработуваат некои аспекти за квалитетот на животот кај лица болни од мултипна склероза. Во рубриката Медицински третман е поместен еден труд од авторката Добринка Георгиева која доаѓа од Република Бугарија. Таа го проучува мултидимензионалниот исход и долгорочната евалуација на терапијата за неизбегнување на пелтечењето. Рубриката Психолошко-педагошки прегледе претставена со два труда на автори од САД кои ги обработуваат следните теми: Анализа на саморегулирачката стратегија за интервенција во развојот на пишувањето кај ученици со специфични тешкотии во учењето базирана на доказии втората тема Полагање на стандардизираните оценувања со избледување на насочувањата.Автори од Хрватска во рубриката посветена на практичните трудови ни ја претставуваат програмата за насочено читање за затвореници. Во последната рубрика Искуства и новини во светотавтори од Индија го запознаваат читателот со дилемата: Дали ангажираноста на таткото влијае на афектната состојба, на стекнувањето говорни вештини, на социјалната вклученост и на однесувањето на малите деца со аутизам.
Во рубриката Вести и информации читателите ќе најдат податоци за осмата меѓународна конференција Специјалната едукација и рехабилитација денес одржана во Белград, Србија. Потоа, Ана Петковска пишува за третиот собир за ретки болести во Југоисточна Европа одржан во ноември 2014 година во МАНУ во Скопје. На крај, вестите завршуваат со извештај за проектот Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заеднициподнесен од Јасмина Трошанска. Следува апстрактот од еден одбранет магистерски труд од колешката Сашка Трајковски под наслов Способноста за самозастапување на лицата со интелектуална попреченост.
|
||
Со почит, главен и одговорен уредник, проф. д-р Владимир Трајковски |
EDITORIAL OFFICE PREFACE | ||
Dear readers, | ||
Writing scientific papers is a way of communication in science. Scientific papers are published in scientific journals. One such scientific journal in thousands world’s journals is our journal Special Education and Rehabilitation, which tends to follow the trends. In the small scientific environments such as the Republic of Macedonia there are many factors that hinder the workand reduce the actual quality ofthescientific journals. When the state invests only 0.3% of GDP in science, then you cannotexpect a serious scientific achievementof the Macedonian scientific journals. These small magazines always have a big problem inprovidinghigh-quality papers that would later be widely quoted and would provide a factor of influence of the scientific journal. The state requires high criteria of the teaching staff and publication of papers in journals with high impact factor, but it does not provideany access to the database Web of Science. Inevitably there is an impressionthat the welfare state and high science do not go together hand in hand. When you add the illogical moves of the publishers for reduction of the remuneration of the members of the publishing office and the moves for selection of the printing office that are not to the taste of the main editors, then you can conclude that in order to become a successful editor of a ultimate scientific journal in a small scientific environment as Macedonia is a mission impossible. The Ministry of Education and Science have to find additional resources and to increase the funding of scientific research projects and to invest more in international journals with domestic origin, so they could acquire a factor of influence in the near future.
Let us look briefly at this issue 1-2 2015. In the first rubric Special Education and professional problems this time is represented by domestic authors. My colleague Daniela Dimitrova-Radojichikj writes about Concepts of colors in children with congenital blindnes,and the authors Rashikj-Canevska and Chichevska-Jovanova process some determinants of the quality of life in patients suffering from multiple sclerosis. In the rubric medical treatment there is a paper by the author Dobrinka Georgieva coming from Bulgaria. It examines the multidimensional outcome and long-terme valuation of non-avoidance therapy in stuttering. In the rubric Psychological-Pedagogical review there are two papers by authors from the United States that cover the following topics: An evidence-based analysis of self-regulated strategy development writing interventions for students with specific learning disabilities and the second Passing standardized assessments with fading prompts. Authors from Croatia in the rubric devoted to practical work represent the guided reading program for prisoners. In the last rubric Experiences and NewsIndian authors introduce the topic Does father involvement influence the affect, language acquisition, social engagement and behaviour in young autistic children? In the rubric News and Information readers will find information on the eighth international conference Special Education and Rehabilitation today held in Belgrade, Serbia. Then, Ana Petkovska writes about the 3rd meeting on rare disease in South-Eastern Europe held in November 2014 in MASA Skopje. Finally, the Newsend with aproject report: Program for fullsocialization of children with special needs into their communities submitted by Jasmina Troshanska. Then, there is an abstract of a master's thesis defended by the colleague Sashka Trajkovski entitled Abilityof self-advocacy of people with intellectual disabilities. |
||
With respect, Editor-in-Chief Prof. Dr.Vladimir Trajkovski |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE