JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 67298
САМОРЕГУЛАЦИЈАТА НА ДЕЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
Харис МЕМИШЕВИЌ1,2
1Универзитет во Херцеговина, Мостар, Босна и Херцеговина |
|
SELF-REGULATION IN CHILDREN WITH INTELLECTUAL DISABILITY
Haris MEMISEVIC1,2 1Herzegovina University, Mostar, Bosnia and Herzegovina2 Center for education and rehabilitation Mjedenica, Sarajevo, Bosnia and Herzegovina |
||
Примено: 11.06.2015 |
|
Recived: 11.06.2015 |
||
Вовед |
|
Introduction |
||
Саморегулацијата е еден од главните ас-пекти на прилагодливото однесување на луѓето (1). Меѓу многуте други улоги, саморегулацијата е одговорна и за поса-куваното однесување и за спречување на формите на неприлагодливо однесување. Саморегулацијата може различно да се дефинира, а различните дефиниции на саморегулацијата можат да се најдат кај Kopp (2). Во една од неговите многубројни дефиниции тој изјавува дека саморегулацијата е управување со вниманието, емоциите и со физиолошкиот одговор на стресот за да се остварат целните дејствија, прима-рно преку вештините за извршните функции (3). Способноста да се контро-лира однесувањето на поединецот е од голема важност за развој на личноста и за развој на социјалните вештини, особено во областа на емоциите, усогласеноста, социјалните компетенции и емпатијата (4,5). Некои автори веру-ваат дека разбирањето на процесот на саморегулација ќе доведе до потполно разбирање на детскиот развој и психопа-тологијата преку подобрување на дијаг-ностицирањето, превенцијата и трет-манот на развојните проблеми, како што се недостаток на внимание и тешкотии во учењето (6). Способноста за саморе-гулација им помага на децата да ги постигнат когнитивните процеси што го поддржуваат учењето (7). Децата започнуваат да развиваат одредени рани форми на саморегулација во првите три месеци од животот и продолжуваат да ги развиваат с¢ до предучилишна возраст (2). Децата почнуваат да владеат со некои способности за саморегулација на предучилишна возраст и тоа владеење се карактеризира со одредено подобру-вање на социјалните, когнитивните и академските компетенции (8). Способ-ностите за саморегулација се првично регулирани надворешно (на пример, преку правилата на родителите), а во текот на развојот на детето тие стануваат с¢ повеќе усвоени, преку употребата на самонасочениот говор (9). Овој краток вовед укажува на важноста што способностите за саморегулација ја имаат во секојдневниот живот. Иако, постојат неколку теоретски рамки од кои може да се концепира (8), оваа студија се заснова на делото на Gioia и сор. (10) и на нивниот модел за извршна функција. Според овој модел, регулирањето на однесувањето прет-ставува способност на детето да го ме-нува својот когнитивен сет и да ги регу-лира емоциите и однесувањата преку ин-хибиторна контрола. Постојат три ком-поненти на саморегулација: инхибиција, пренасочување на вниманието и контрола на емоциите. Инхибицијата или инхибиторната контрола се однесува на способноста на детето да го запре однесувањето во соодветно време. Пренасочувањето се однесува на способноста да се пренасочи од една на друга активност во согласност со условите. На крај, емоционалната конт-рола се оденсува на способноста на детето да ги адаптира своите емоционални одговори. |
|
Self-regulation is one of the main aspects of adaptive human behavior (1). Among its many roles, self-regulation is also responsible for the goal-oriented behavior and the inhibition of maladaptive forms of behavior. Self-regulation can be variously defined and different definitions of self regulation can be found in Kopp (2). One of its many definetions states that self-regulation is the mana-gement of attention, emotion, and stress response physiology for the purposes of goal-directed action, primarily through executive function abilities (3).The ability to control one’s behavior is of crucial importance in personality development and social skills development, particularly in the area of emotionality, compliance, social competence and empathy (4,5). Some authors believe that understanding self-regulation processes will lead us to the fuller understanding of child development and psychopathology through improvements in diagnosis, prevention and treatment of develop-mental problems such as attention deficits and learning disabilities (6). Self-regulation skills also help children to gain access to their cognitive processes that facilitate learning (7). Children start to develop some early forms of self-regulation in the first three months of life and continue to develop it throughout the preschool years (2). Children gain mastery in some of the self-regulation skills at preschool age and that mastery is characterized by significant improvement in social, cognitive and academic competencies (8). Self-regulation skills are initially regulated externally (e.c. through parents’ rules) and over the course of child’s development they become more and more internalized, through the use of self-directed speech (9). This short introduction indicates the importance that self-regulation skills play in everyday life. Although, there are couple of theoretical frameworks from which self-regulation can be conceptualized (8), this study was based on the work of Gioia et al. (10) and their model of executive function. The model postulates that behavior regulation represents the children’s ability to shift the cognitive set and to regulate emotions and behaviors through inhibitory control. In line with this, there are three components of self-regulation: Inhibition, attention shifting and emotional control. Inhibition or inhibitory control refers to the child’s ability to stop one’s own behavior at the appropriate time. Shifting refers to the ability to move from one activity to another in accordance with the circumstances. Lastly, emotional control refers to the child’s ability to modulate emotional responses. |
||
Методологија |
|
Method |
||
Учесници |
|
Participants |
||
Резултати |
|
Results |
||
Првата задача на студијата беше да се испита застапеноста на клинички значајниот дефицит во способностите за саморегулација кај деца со лесна интелектуална попреченост. Според резултатите од BRIEF, клинички значаен дефицит во способностите за саморегулацијата (резултати на 65) има кај 10 деца или 23,8%. |
|
The first task in this study was to assess the Prevalence of clinically significant deficits in self-regulation skills in children with mild intellectual disability. According to the BRIEF results, clinically significant deficits in self-regulation (scores above 65) were present in 10 children or 23.8%. |
||
|
|
|
||
Во однос на разликите по пол, постои статистички значителна разлика меѓу момчињата и девојчињата во однос на способностите за саморегулација (t(41)=2.3, p=0.026). Нивото на извршување е исто така големо (Cohen’s d=0.71). Овие резултати се прикажани во табела 2. |
|
In relation to the gender differences, there were statistically significant differences between boys and girls in self regulation skills, with boys having better standardized self regulation scores (t(41)= 2.3, p=0.026). The size of the effect was also large (Cohen’s d=0.71). These results are shown in table 2. |
||
|
|
|
||
За да се разбере понатаму природата на овие резултати, беше изведен т-тест за да се испитаат разликите во грубите ре-зултати за саморегулација во однос на полот (табела 3). |
|
To further understand the nature of these results, an independent t-test was performed to assess the differences in raw self-regulation scores in relation to gender. This time, t-test was not significant (Table 3). |
||
|
|
|
||
Освен ова, беше испитано и дали постојат разлики во бројот на момчиња и девојчиња кои имаат клинички значаен дефицит во способностите за саморегулација. Резултатите покажуваат дека иако повеќе девојчиња имаат клинички значаен дефицит во спо-собностите за саморегулација, оваа раз-лика не е статистички значајна (X2 (1, N=42) = 0.81, p=0.37). Овие резултати се дадени во табела 4. |
|
In addition to this, I assessed whether there were any differences in proportion of boys and girls who have clinically significant deficit in self-regulation skills. The results indicated that although more girls had clinically significant deficits in self-regulation skills, that difference was not statistically significant (X2 (1, N=42) = 0.81, p=0.37). Descriptive data are shown in table 4. |
||
|
|
|
||
Беше мерена поврзаноста меѓу возраста и стандардизираните резултати за само-регулација. Според коефициентот за ко-релација на Пирсон, не постои значителна корелација меѓу возраста и стандардизираните резултати за саморегулација (r=0.09, p=0.58, N=42). Од друга страна, корелацијата меѓу воз-раста и грубите резултати за саморегу-лација се статистички значајни (r=-0.41, p<0.01, N=42). |
|
The correlation between age and standar-dized self-regulation scores was measured. According to the Pearson correlation coefficient, there was no significant correlation between age and standardized self-regulation scores (r=0.09, p=0.58, N=42). On the other hand, the correlation between age and raw self-regulation scores was statistically significant (r=-0.41, p<0.01, N=42). Lastly, the correlation between BRIEF self-regulation scores and BRIEF global executive function scores was measured. The correlation was highly significant r=0.83, p<0.001, N=42. |
||
Дискусија |
|
Discussion |
||
Целта на оваа студија беше да се испитаат способностите за саморегулација кај деца со интелектуални попречувања. Резултати-те покажаа дека една четвртина од децата со лесно интелектуално попречување имаат значителен дефицит во способностите за саморегулација. Децата од контролниот примерок имаат резултати кои се за 1 SD пониски од резултатите кај децата со интелектуално попречување. Ова е во согласност со постојните студии, што укажува на по-слаби способности за саморегулација кај децата со интелектуално попречување во споредба со децата со нормален развој (14). Важно е да се истакне дека децата од контролниот примерок имаат коефициент на интелигенција кој е за 2 SD повисок (нормална популација) за разлика од децата со интелектуално попречување. Ова укажува дека способностите за саморегулација и резултатите од тестовите за интели-генција немаат многу заедничко, откри-тие кое е исто така во согласност со пос-тојните студии (15). Друго откритие на оваа студија е подобриот резултат на момчињата во стандардизираните резултати за саморегулација во споредба со девојчињата, иако грубите резултати беа практично исти. Ова беше неочекувано откритие што не е во согласност со постојните студии. Така, на пример, во студијата на Else-Quest и сор. (16) постојано низ студијата, се от-крива дека девојчињата покажуваат по-голема способност да го регулираат вни-манието и импулсите за разлика од мом-чињата. Weinberg и сор. (17) откриваат дека машките бебиња, на возраст од шест месеци, имаат поограничен капацитет за саморегулација за разлика од шестмесечните женски бебиња. Овој факт дека девојчињата ги надминуваат момчињата е исто така очигледен и кај децата од предучилишна возраст (18). Учесниците во овие две студии (17, 18) беа деца со типичен развој, така што овие откритија не може да се генерали-зираат за деца со интелектуално попре-чување. За жал не постојат студии, кол-ку што ни е нам познато, кои ги испиту-ваат способностите за саморегулација кај деца со интелектуални попречувања во однос на полот на детето. Постојат неколку можни објаснувања за подобри резултати на момчињата во оваа студија. Првото е дека момчињата со интелектуални попречувања имаат подобри способности за саморегулација за разлика од девојчињата. Второто е де-ка откриените разлики се случајност (тип 1 грешка). Бидејќи примерокот беше случајно избран, можно е да пос-тојат првични разлики во способностите на половите за одредени варијабли кои може да бидат поврзани со способностите за саморегулација. На пример, примерокот од момчиња и девојчиња не беше прилагоден на резултатите од тестовите за интелиген-ција, академското постигнување, соци-јалниот статус итн. При интерпретирање на резултатите од студијата треба да се земе предвид малиот примерок и фактот дека саморегулацијата беше испитувана преку наставниците. Сепак, најверојатното објаснување за овие резултати во резултатите за само-регулација во однос на полот е поврзано со стандардизираните прашања. Важно е да се истакне дека истите груби резулта-ти на скалата за саморегулација даваат различни стандардни резултати за мом-чињата и девојчињата. Така, на пример, грубиот резултат од 50 (за возрасна група од 6 и 7 години) ќе даде стандарден резултат од 55 за момчињата и 65 за девојчињата. Овде треба да се истакне дека BRIEF не е стандардизиран за популација како што се децата со интелектуални попречувања, па затоа може да постојат разлики во резултатите во однос на полот. Треба да се спроведат дополнителни студии за да се потврдат нормите на BRIEF за момчиња и девој-чиња со интелектуално попречување. Освен ова, потребни се и дополнителни студии кои ќе испитаат дали развојот на способностите за саморегулација кај лица со интелектуално попречување има иста насока како и кај лицата со типичен развој и дали развојот е ист кај половите. Делумен одговор на ова прашање, во однос на децата, е даден подолу во дискусијата за поврзаноста меѓу возраста и саморегулацијата. Пос-тои тесна поврзаност меѓу возраста и грубите резултати за саморегулација, така што со зголемување на возраста доаѓа до подобрување на резултатите за саморегулација. Стандардните резултати беа речиси исти во групите. Ако знаеме дека BRIEF е стандар-дизиран за деца си типичен развој, ова може да покаже дека трендот за развој на способностите за саморегулација кај деца со интелектуална попреченост е ист со развојот на децата со типичен развој, иако малку задоцнет (околу 1SD). Се јавува прашањето дали овој тренд е доживотен - дали лицата со интелектуална попреченост на возраст, да речеме од 50, се с¢ уште 1 SD под типичната популација во однос на спо-собностите за саморегулација? Дали ова е точно за деца (лица) со посериозни нивоа на интелектуална попреченост? Дали постои опаѓање на способностите за саморегулација на одредена возраст кај лицата со интелектуална попреченост? Сите овие прашања бараат темелно научно истражување и ќе биде од голема помош подобро да се разбере оваа извршна функција. Исто така, идните студии треба да ја испитаат ва-лидноста на конвертирањето на грубите резултати на BRIEF во стандардни резултати за деца со интелектуална по-преченост. На крајот, во оваа студија беше испитана поврзаноста меѓу конструкцијата за саморегулација по BRIEF и резултатот за извршните функции по BRIEF. Резултатите од ова истражување укажуваат на поврзаноста на саморегулацијата и извршната функ-ција. Овој резултат понатаму ја потврду-ва улогата на саморегулацијата и нејзи-ната важност во теоретската концептуа-лизација на извршната функција. |
|
The goal of this study was to assess the self-regulation skills in children with intellectual disability. The results showed that about one fourth of children with mild intellectual disability have a clinically significant deficits in self-regulation skills. Children from the normative sample have the results that are about 1SD lower than in children with intellectual disability. This is in line with existing studies, pointing to the lower self-regulation skills in children with intellectual disability in comparison to typically developing children (14). It is important to note that children from the normative sample had IQ scores that are 2SD higher (typical population) than in this sample of children with intellectual disability. This further demonstrates that self regulation skills and IQ scores do not share much of the common variance, a finding which is also in line with existing studies (15). Another finding of this study was better result of boys in stan-dardized self-regulation scores as compared to the girls, although the raw scores were practically the same. This was an unexpected finding which is not in line with existing studies. Thus, for example, in a large meta-analysis study, Else-Quest et al. (16) have consistently, across the studies reviewed, found that the girls showed greater ability to regulate attention and impulses than the boys. Weinberg et al. (17) have found that baby boys, 6 months old, have more limited capacity for self-regulation than 6 months old baby girls. This trend of girls outper-formming boys in self-regulation skills was also evident in preschoolers (18). The participants of these two studies (17, 18) were typically developing children so these findings might not generalize to children with intellectual disability. Unfortunately there are no studies, to the best of author’s knowledge, examining self-regulation skills in children with intellectual disability in relation to the child’s gender. There are a couple of possible explanations for the better results of boys in this study. The first one might be that boys with intellectual disability have really better self-regulation skills than the girls. The second one might be that the found differences were due to chance (type 1 error). As the sample was not random, there might have been some initial differences in gender abilities on some other variables that may be connected with self-regulation skills. For example, the sample of boys and girls was not adjusted for IQ scores, academic achievement, social status etc. In interpreting the findings of this study one needs to be aware of the small sample used and the fact that self-regulation was assessed through the proxies (teachers). However, the most probable explanation for these differences in the self-regulation scores in relation to gender has to do with the standardization issues. It is important to note that the same raw scores on self-regulation scale produce different standard scores for boys and girls. Thus, for example, the raw score of 50 (for age group of 6 and 7 years) will produce the standard score of 55 for boys and 65 for girls. Of caution here is the fact that BRIEF was not standardized for population of children with intellectual disability and there might be different trends in scores in relation to gender. Additional studies should try to validate BRIEF norms for boys and girls with intellectual disability. In line with this, future studies are needed to examine whether the development of self-regulation skills in people with intellectual disability follows the same trends as in typically developing people and whether the developmental trend is the same across the gender. A partial answer to this question, regarding the children, is provided below in the discussion about the relationship between age and self-regulation. There was a strong correlation between age and raw self-regulation scores so that with an increase in age there was an improvement in self-regulation scores. Standard scores were more or less the same across the age groups. If we know that BRIEF was standardized in typically developing children this can indicate that the developmental trend of self-regulation skills in children with intellectual disability is parallel to the trend in typically developing children although somewhat delayed (around 1SD). The potential questions arise as to whether this trend is life long- are people with intellecttual disability at the age, say, 50 years still 1SD below the typical population in self-regulation skills? Is the pattern valid for children (people) with more severe levels of intellectual disability? Is there a decline in self-regulation skills at certain age for people with intellectual disability? All these questions merit a thorough scientific investigation and will help us in better understanding this important executive function. Also, future studies should definitely examine the validity of converting the BRIEF raw scores in the standardized scored in population of children with intellectual disability. Lastly I examined the correlation between the BRIEF construct of self-regulation and BRIEF executive function composite score. The results of this study indicate a strong relationship between self-regulation and executive function. This result further validated the role of self-regulation and its’ importance in the theoretical conceptuallization of executive function. |
||
Заклучок |
|
Conclusion |
||
Децата со интелектуална попреченост заостануваат во однос на децата со типичен развој во однос на способностите за саморегулација. Развојот на способностите за са-морегулација кај деца со интелектуална попреченост ја следи истата траекторија како и кај децата со типичен развој. Во оваа студија, се смета дека момчињата имаат подобри способности за саморе-гулација од девојчињата. Од голема важност е образовните институции да воведат обуки за извршните функции во своите наставни програми, знаејќи го фактот дека овие функции може да се подобрат. Како што е случајот кај многу когнитивни процеси, колку порано започне обуката толку е подобар исходот за детето. |
|
Children with intellectual disability lag behind typically developing children in self-regulation skills. The development of self-regulation skills in children with intellectual disability seems to follow the same trajectory line as in typically developing children. In this study, the boys were perceived as having better self-regulation skills than the girls. It is of utmost importance, for educational institutions to incorporate executive func-tions training into their curriculums, given the fact that these functions can be improved. As is the case with many other cognitive processes, the earlier this training starts the better are the outcomes for the child. |
||
Конфликт на интереси Авторот изјавува дека не постои конфликт на интереси |
|
Conflict of interest Author declares no conflict of interests |
||
Citation: Memisevic H. Self-regulation in children with intellectual disability. J Spec Educ Rehab 2015; 16(3-4):71-83. doi: 10.1515/JSER-2015-0012 |
||||
Article Level Metrics |
||||
Референци/References |
|
|||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE