ПРЕДАВАЊЕ ЗА ПОВТОРНО ПОВРЗУВАЊЕ ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НОВ ВИД ШЕМАТСКА ТЕРАПИЈА ОД PAULA WEERKAMP – BARTHOLOMEUS

 

Филип ЈУРТОСКИ

Македонско научно здружение за аутизам
Скопје, Р. Македонија

 

LECTURE FOR REATTACH: INTRODUCTION OF A NEW SCHEMA THERAPY BY PAULA WEERKAMP - BARTHOLOMEUS

 

Philip JURTOSKI

Macedonian Scientific Society for Autism,
Skopje, Macedonia

 

Примено: 19.09.2015
Прифатено: 23.09.2015
UDK: 159.922.76-056.26

 

 

Recived: 19.09.2015
Accepted: 23.09.2015


 

На 14. 09. 2015 година во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје се одржа предавањето на тема: „Повторно по-врзување – претставување на нов вид шематска терапија“. Предавањето беше реализирано под покровителство на Македонското научно здружение за аутизам. Преда-вањето започна во 10 часот со излага-њето на претседателот на МНЗА проф. д-р Владимир Трајковски кој срдечно ги поздрави присутните гости. Присутни беа 50 учесници меѓу кои имаше родители, професионалци од различни области и студенти. Тој ја претстави предавачката д-р Paula Weerkamp – Bartholomeus која е училиштен психолог.
Д-р Paula Weerkamp – Bartholomeus своето образование го стекнува во пос-ледните 26 години со интензивна работа и едукација на универзитетите во Холандија во областа на психологијата и специјалната едукација и рехабилитација.
Paula Weerkamp – Bartholomeus започна со своето излагање на тема „Повторно поврзување – претставување на нов вид шематска терапија“ што претставува мултимодален пристап за возрасни и деца кои страдаат од различни типови функционални оштетувања како и невропсихолошки дисфункции.
Овој третман покрај тоа што се користи како шема терапија, покажува ветувачка примена во третманот на лица со аутизам. Исто така третманот се упо-требува во различни полиња, како трет-ман за мозочни трауми, деменција, како и можноста за примена кај личности кои страдаат од психопатии.
Третманот нуди тренинг на когнитивните способности на засегнатата индивидуа притоа користејќи различни методи, со што третманот доста лесно се приспособува како за возрасни лица така и за деца.
Како примарно самиот третман започнува со стимулирање на мозочните клетки преку физички контакт, притоа овозможувајќи зголемено производство на хормонот окситоцин. За време на третманот со физички контакт се обезбедува зголему-вање и намалување на нивото на надраз-ливост. Физичкиот контакт овозможува самиот учесник да се ослободи од стресот и негативните мисли и кај него да се поттикне социјалната интеракција.
При третманот не само што се работи со децата, туку исто така се работи и со родителите кај кои е потребно да се постигне истиот ефект на контрола на надразливоста како и кај децата.
Многу од лицата со посебни потреби особено лицата со аутизам ги примаат дразбите само преку еден канал (аудитивен, визуелен, тактилен) во одредено време, но ја немаат развиено способноста за мултисензорна интеграција на дразбите, односно симултана обработка на информациите примени преку повеќе канали. Кога кај лицето со посебни потреби ќе се постиг-не оптимално ниво на надразливост, се започнува со мултисензорна стиму-лација за да се овозможи концептуално мислење и обработка на примените дразби.
Околу првата година од животот децата се способни кохерентните информации да ги концептуализираат. Кај лицата со аутизам оваа способност не е развиена. Тие ги обработуваат добиените информации фрагментирано (посебно) со што немаат способност да создадат кохерентна слика за самите себе, за другите и за светот околу нив.
Од досегашните истражувања утврдено е дека кај различни типови нарушувања добиени се различни резултати и е постигнат различен напредок, но за сите едно е заедничко, а тоа е дека постои подобрување во личниот развој кај индивидуата. Кај лицата со аутизам со користењето на одредени компоненти од овој третман се постигнуваат подобрувања во различни области од нивното функционирање.
По излагањето на Paula Weerkamp – Bartholomeus следеше дискусија. Диску-сијата беше интерактивна и проследена со голем интерес од гостите.
По завршувањето на дискусијата проф. д-р Владимир Трајковски го затвори предавањето со изразување благодарност до присутните гости за нивното учество, како и изразување благодарност до Филозофскиот факултет за отстапување на простории-те за предавањето. Тој изрази особено голема благодарност до предавачот д-р Paula Weerkamp – Bartholomeus и нејзиниот сопруг Frederick Bartholomeus кои несебично изразија желба на свој сопствен трошок да го овозможат ова предавање кое беше бесплатно и достапно за сите. Беше изразена голема благодарност за нивното несебично споделување на нивното знаење и иску-ство. Членовите на МНЗА искрено се надеваат дека оваа соработка со колегите од Холандија ќе се продлабочува и успешно ќе продолжи во иднина.

 


 

A lecture with topic "Reattach: introduction of a new schema therapy" was held on September 14, 2015 at the Faculty of Philosophy. It was organized under the auspices of The Macedonian Scientific Society for Autism. The lecture started at 10 am with the presentation by the President of MSSA Dr. Vladimir Trajkovski, who warmly welcomed the guests. There were 50 participants among which parents, professionals from different areas and students. He introduced the presenter Dr. Paula Weerkamp - Bartholomeus, who is a school psychologist.
Dr. Paula Weerkamp - Bartholomeus has gained a lot of experience in the last 26 years with intensive work and education at the universities in Holland in the fields of psychology and special education and rehabilitation.
Dr. Paula Weerkamp – Bartholomeus began the presentation of her work "Reattach: introduction of a new schema therapy", which is a multimodal approach for adults and children who suffer from different functional disabilities, as well as neuropsychological dysfunction. This treatment, despite the fact that it is used as a schema therapy, shows promising implementation in the treatment of people with autism.
The treatment can also be used in various fields, as treatment for brain trauma, dementia, and there is the possibility to apply the treatment with persons who suffer from psychopathic behavior.
The treatment offers a training of cognitive abilities of the concerned person, while using different methods makes the treatment quite easily adapted for both adults and children. Primarily the treatment begins by stimulating the brain cells through physical contact, allowing increased production of the hormone oxytocin. During the treatment with the physical contact it's provided increase and decrease in the level of arousal. Physical contact allows the participant to release stress and negative thoughts and it encourages social interaction.
During the treatment the therapist works with the parents as well, and it's necessary to achieve the same effect for arousal control like in the children. Many persons with special needs, especially autism, receive stimuli only through one channel (auditory, visual, tactile) at a certain time, but have not developed the ability for multisensory integration or simultaneous processing of information received through multiple channels.
When a person with disabilities will achieve an optimal level of arousal, then he begins with multisensory stimulation to allow conceptual thinking and processing of received stimuli.
Around the first year of life, children are capable to conceptualize coherent information. Children with autism haven’t developed this capability. The information they receive is fragmented, and they lack the ability to create a coherent picture of themselves, others and the world around them. Previous researches showed that among different types of disorders were obtained different results and different progress has been made, but they all have one thing in common, which is that there is an improvement in the personal development of the individual. In people with autism with the use of certain compo-nents of this treatment are achieved impro-vements in different areas of their fun-ctioning.
After the presentation of Dr. Paula Weerkamp - Bartholomeus, a discussion followed. The discussion was interactive and was followed with great interest from the guests. After the discussion Prof. Dr. Vladimir Trajkovski close the lecture by expressing gratitude to the guests for their participation and expressed gratitude to the Faculty of Philosophy for providing premises for holding the lecture. He especially expressed gratitude to the lecturer Dr. Paula Weerkamp - Bartholomeus and her husband Frederick Bartholomeus who unselfishly and without seeking financial compensation expressed a desire to come on their own expense to enable this lecture which was free and accessible to all. It was expressed gratitude for their selfless sharing of their knowledge and experience. MSSA members sincerely hope that this collaboration with the colleagues from the Netherlands will be strengthened and will continue successfully in the future.


Адреса за кореспонденција:
Филип ЈУРТОСКИ
Македонско научно здружение за аутизам
Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А,
1000 Скопје
E-пошта: secretary@mssa.org.mk
Контакт телефон: +389-75-725-951

 


Corresponding address:
Filip JURTOSKI
Macedonian Scientific Society for Autisam
Institute of Special Education, Faculty of Philosophy
Bull. GoceDelchev, no. 9A,
1000 Skopje
E-mail: secretary@mssa.org.mk
Contact phone: + 389-75-725-951

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in