JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 18920
МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ НА ПРВА РАБОТНА СРЕДБА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „НОРТХЕМПТОН“ ВО АНГЛИЈА, ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЕДНАКВОСТ И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ПРЕКУ ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО“
Јасмина ТРОШАНСКА
Македонско научно здружение за аутизам |
|
THE MACEDONIAN SCIENTIFIC SOCIETY FOR AUTISM ON FIRST MEETING AT THE UNIVERSITY OF NORTHAMPTON IN ENGLAND, AS PART OF THE PROJECT "EQUALITY AND SOCIAL INCLUSION THROUGH POSITIVE PARENTING"
Jasmina TROSHANSKA
Macedonian Scientific Society for Autism, |
Примено: 04.10.2015 |
|
Recived: 04.10.2015 |
Во периодот од 28 до 30 септември 2015 година, претседателот на Македонското научно здружение за аутизам проф. д-р Владимир Трајковски и потпретседателката м-р Јасмина Трошанска присуствуваа на првата работна средба на Универзитетот Нортхемптон во Англија, во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклу-зија преку позитивно родителство“ на-менет за создавање на научно докажан модел за спроведување на обука за родители на деца со аутизам на европско ниво.
Во текот на првата средба координаторот го презентираше проектот, започнувајќи од идејата за неговото создавање, па сѐ до оче-куваните резултати на крајот на проек-тот. Претставници од Р. Хрватска, Р. Македонија и Кипар на почетокот ги презентираа карактеристиките на своите држави од културен, географски и политички аспект, ја презентираа организацијата од која доаѓаат, а потоа и состојбата со третманот на децата со аутизам во нивните држави, бројноста и евиденцијата на децата, можностите за рана интервенција и третман, системот на образование и проблемите кои ги имаат семејствата и децата со аутизам. Понатаму, во групи, заедно со експер-тите за развој на програми за тренинг, беа изработени модели на едукации на родители за Р. Македонија, Кипар и Р. Хрватска. Секој модел беше презентиран, сите позитивни и негативни аспекти беа разгледувани преку заедничка дискусија. Исто така, беа одредени датумите на идните ин-тернационални средби и датумите за пр-вите обуките на родители на децата со аутизам во Р. Македонија, Р. Хрватска и Кипар. Во секоја од овие држави ќе бидат одржани по 6 обуки (вкупно 18) на родители во рамките на кои ќе се врши и тренинг на едукатори и рехабилитатори членови на партнер-организациите (на МНЗА во Македонија) за работа со родители на деца со аутизам, 3 конференции за ро-дители и професионалци, од кои едната во мај 2016 г. во Р. Македонија, а партнерите во проектот ќе присуствуваат на национални и интернационални конференции (При-мер: презентирање на проектот на Ин-тернационалниот конгрес на аутизам - Европа 2016), со што ќе се создаваат научни трудови и извештаи. Проектот ќе биде следен од врвни експерти за аутизам во Европа. Домаќин на следната интернационална средба во јануари 2016 година се партнерите од Кипар, а првата обука за родители и тренинг за тренери се очекува да се слу-чи во март 2016 година во Скопје. Во тек е интернационален натпревар за лого на проектот, преку собирање на цртежи нацртани од страна на деца со аутизам од сите земји-членки, учеснички во проектот. |
|
Between 28 and 30 September 2015, Prof. Dr. Vladimir Trajkovski (President of Macedonia Scientific Society for Autism) and Jasmina Troshanska MA (Vice-president of the Society) visited the University of Northampton in England. This was in order to attend the project "Equality and Social Inclusion through Positive Parenting (ESIPP). This project is intended to create a scientifically-proven model for providing training for parents of children with autism at the European level
During the first meeting, coordinator presented the project, starting from that led to project's development and identifying the expected results at the end of the project. Representatives of the Republic of Croatia, Republic of Macedonia and Cyprus gave presentations outlining the characteristics of their countries (with regard to cultural, geographical and political perspectives) and spoke about the organizations from which they came. They then went to discuss issues relating to the treatment of children with autism within these countries. This included information relating to the numbers of children with autism; opportunities for early intervention and treatment; the education systems; and the problems facing children with autism and their families. |
Адреса за кореспонденција: |
|
Corresponding address: |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE