XI ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН КОНГРЕС НА АУТИЗАМ ЕВРОПА
Јасмина ТРОШАНСКА
Македонско научно здружение за аутизам
Филозофски факултет
Скопје, Р. Македонија
|
|
XI AUTISM-EUROPE INTERNATIONAL CONGRESS
Jasmina TROSHANSKA
Macedonian Scientific Society for Autism,
Faculty of Philosophy,
Skopje, Republic Macedonia
|
Во периодот од 16 до 18 септември 2016 го-дина во историскиот град Единбург ќе се одржи XI интернационален конгрес на Ау-тизам Европа во организација на Нацио-налната организација за аутизам од Велика Британија. Тема на Конгресот во 2016 година ќе биде „Среќни, здрави, со поголема самодоверба“. Конгресот ќе се фокусира на најновите случувања во областа на аутизмот, вклучувајќи ги причините, генетиката, дијагностиката и раната интервенција, третманот, обра-зованието, поддршката, вработувањето, правата и политиките за лицата со аутизам и многу повеќе. При тоа, ќе биде презен-тиран досегашниот напредок во науката, во правата и услугите на децата и лицата со аутизам и ќе биде претставен идниот правец на развој на настаните, знаењата и технологија за лицата со аутизам, кои наскоро можеби ќе станат дел од секојдневниот живот.
Пленарни предавачи на Конгресот ќе бидат:
- професорот Fred R. Volkmar во сесијата „Состојбата на аутизмот: Аутизмот денес - што знаеме а што не знаеме?“;
- Peter Vermeulen во сесијата „Фокусирање на позитивноста: мерење на резултатите на лица со аутизам од поинаква перспектива“;
- Wenn Lawson ќе ја предводи сесијата „Аутизмот и стареењето“;
- професорот Roy Richard Grinker во сесијата „Културното потекло и иднината на спектарот на аутистични нарушувања“;
- професор Liz Pellicano - „Кон новата наука за аутизмот - градење рамка за учество“;
- професорот Тоmmy MacKay ќе ја предводи сесијата „Праксата на аутизмот денес - каде се пропустите?“
- Gunilla Gerald во сесијата „Да се биде про-фесионалец во областа на аутизмот: кои се најважните алатки (и како да се користат)“;
- Hejlskov Elvén, клинички психолог - „Влијание на регулацијата и самоконтролата: користење на пристапи со низок праг на возбуда кај лица со комбинирана попреченост“;
- Virginia Bovell, родител и истражувач - „Лекување наспроти прифаќање - етички проблеми“.
Работилниците ќе бидат предводени од:
- Diederik Weve, инженер и возрасна лице со аутизам: „Создавање на работни места за лицата со аутизам“;
- Gina Davies, логопед и советник за спиење: „Да се започне рано - критичната важност на раната интервенција кај децата со аутистичен спектар на нарушувања“;
- Wendy Keay-Bright, професор по техноло-гија и инклузија: „Употреба на технологи-јата за поврзување на превербалните деца и возрасните“.
На овој Конгрес, во рамките на ESIPP-проектот (Equity and Social Inclusion trough Positive Parenting), ќе учествуваат и членови на Македонското научно здружение за аутизам, претседателот на Македоснкото научно здружение за аутизам проф. д-р Владимир Трајковски и потпретседателката м-р Јасмина Трошанска. На маргините на Конгресот, ќе се одржи и четвртиот транснационален состанок на тимот од ESIPP-проектот (Equity and Social Inclusion trough Positive Parenting).
|
|
In the period from 16th to 18th September 2016 in the historic city of Edinburgh the 11th International Congress of Autism Europe organized by the National Organization for Autism from the UK will be held. Theme of the Congress in 2016 will be "happy, healthy and empowered". The Congress will focus on the most recent developments in the field of autism, including causes, genetics, diagnosis, early intervention, treatments, education, support, employment, rights and policies, and many more. The improvement of the science, the rights and services for autistic people will be presented, and an insight into future developments of the events, knowledge and technologies for autistic people that may soon become a part of everyday life will be provided.
Plenary lecturers at the conference will be:
- Profesorot Fred R Volkmar in the session "State of Autism: Autism today - what we know and what we do not know?"
- Peter Vermeulen in the session "Focusing on positivity: measuring outcomes of people with autism from a different perspective";
- Wenn Lawson will lead the session "Autism and Aging";
- Profesorot Roy Richard Grinker in the session "The cultural origins and future of autistic spectrum disorders";
Profesor Liz Pellicano "Towards a New Science of Autism: Building a framework for participation";
- Profesorot Tommy MacKay will lead the session “Autism practice today - where are the gaps?”
- Gunilla Gerald in the session "Being a professional in the field of autism: what are the most important tools (and how to use them)”;
- Hejlskov Elvén, clinical psychologist, - “Influence of regulation and self-control: using low arousal approaches with people with complex needs”;
- Virginia Bovell, parent and researcher – “Healing vs. acceptance and ethical issues”;
The workshops will be led by:
- Diederik Weve, an engineer and an adult with autism – “Establishing work posts for autistic people”;
- Gina Davies, a speech therapist and counselor for sleeping – “Getting in early: the critical importance of early intervention in children with autistic spectrum”;
- Wendy Keay-Bright, Professor of Technology and Inclusion “Using technology to engage the pre-verbal children and adults”.
At the Conference, within ESIPP (Equity and Social Inclusion trough Positive Parenting) project, members of the Macedonian Scientific Society for Autism, the president of the Macedonian Scientific Society for Autism Prof. Dr. Vladimir Trajkovski and the vice president Jasmina Troshanska will also participate. On the sidelines of the conference, the fourth meeting of the transnational team ESIPP (Equity and Social Inclusion trough Positive Parenting) project will be held.
|
Адреса за кореспонденција:
Јасмина ТРОШАНСКА
Македонско научно здружение за аутизам
Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А,
1000 Скопје, Македонија
тел. +389-2-3148-834; факс. +389-2-3118-143
Е-пошта:vicepresident@mssa.org.mk
|
|
Corresponding address:
Jasmina TROSHANSKA
Macedonian Scientific Society for Autisam
Institute of Special Education, Faculty of Philosophy
Bull. GoceDelchev, no. 9A,
1000 Skopje, Macedonija
тел. +389-2-3148-834; факс. +389-2-3118-143
Е-пошта:vicepresident@mssa.org.mk
|