JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 55985
НАСОЧЕНО ВРАБОТУВАЊЕ - ПРАВА И МОЖНОСТИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
Ерна ЖГУР
Универзитет во Љубљана, Педагошки факултет |
|
GUIDED EMPLOYMENT – RIGHTS AND OPPORTUNITIES FOR PEOPLE WITH INTELLECTUAL DISABILITIES
Erna ZHGUR University of Ljubljana, Faculty of Education, Ljubljana, Slovenia |
||
Примено: 20.11.2016 |
|
Recived: 20.11.2016 |
||
Вовед |
|
Introduction |
||
|
|
|
||
Во современото општество може да се забележи растечкиот процес на интеграција во сите сегменти на популацијата (1). Европската агенција за развој во областа на специјалната едукација, во своите документи ја потенцира улогата на инклузивното образование (2, 3). Постои зголемена потреба за интеграција на сите нивоа на образование (4), обука и вработување, како и соработка меѓу разни институции (5). Во нашиот случај, таквата соработка ги вклучува економските сектори и занаетчиските активности од локалната средина во Долината Випава, каде што благодарение на природата (блага клима, умерено топли лета, рамнини и ридови) има добри услови за развој на земјоделство и хортикултура. Проектот за повремено вработување беше дизајниран од Институтот „Цириус“ Випава, за популацијата што се образува според приспособени програми, како и според програмите за посебно образование. Институтот е основан пред 50 години со цел да обезбеди образование и обука за учениците со ИП и нарушувања на моториката. Имплементацијата на предвидениот курикулум дополнително вклучува комплементарни медицинско-терапевтски активности и програми (основна медицинска грижа, терапевтски програми, хидротерапија, хипотерапија, сензорно-моторна интеграција, арт-терапија). |
|
In the modern society we can observe the growing process of integration of all population segments (1). The European Agency for Development in Special Needs Education in its documents highlights the role of inclusive education (2, 3). There is a growing need for integration in all levels of education (4), training and employment, as well as for cooperation between various institutions (5). In our case study this cooperation involved economic sectors and craft activities from the local environment of Vipava valley, which, due to its natural conditions (mild climate, not extremely hot summers, plains and hills), has good conditions for the development of agricultural and horticultural production. The project of occasional guided employment was designed by the institute Cirius Vipava, for the population educated in adapted, special education programme. The institute was founded 50 years ago with the aim to provide education and training for students with ID and motor disabilities. Additionally, the implementation of prescribed curriculum includes complementary medical-therapeutic activities and programmes (basic medical care, therapeutic programmes, hydrotherapy, hippotherapy, sensory-motor integration, art therapy). |
||
|
|
|
||
Проект за насочено вработување - улога и причини |
|
The project of guided employment - its role and the reasons for it |
||
|
|
|
||
Во Словенија постои растечки тренд на инклузивно образование, бидејќи голем број деца со ПП се интегрирани во редовните основни училишта (18). Последователно, мнозинството деца вклучени во посебни институции се оние со покомплексни тешкотии во развојот, кои бараат повнимателен и стручно насочен образовен процес и рехабилитациски третман (19). Како резултат на зголемената потреба за интеграција на лицата со ПП, институциите се фокусирани на олеснување преку нудење помош од типот на мобилни образовни услуги (20, 21) и имплементација на проектни активности. Ваквите трендови се поддржани од Министерството за образование, наука и спорт (Министерство) со доделување дополнителни финансиски средства на институциите за промовирање на интеграцијата на ученици со ПП. Како резултат на зголемениот број млади луѓе кои по завршувањето на формалното образование не продолжуваат на студии или не се вработуваат, Министерството ги поддржува проектите за модел на насочено вработување (22), наменети за социјално ранливите категории, вклучувајќи ги лицата со интелектуални и комбинирани пречки. |
|
In Slovenia there is a growing trend of inclusive education, since an increasing number of children with SN have been integrated into the mainstream primary school programmes (18). Consequently, the majority of children included in the specialised institutions are those with more complex disabilities, which requires more attentive and professionally guided education process and rehabilitation treatment (19). Due to the increasing need for integration of people with SN, the institutions are focused on its facilitation by means of mobile educational services (20, 21) and implementation of project work. These trends are encouraged by the Ministry of Education, Science and Sport (the Ministry) which allocates additional funds to the institutions for promoting integration of students with SN. Due to the increased number of young people who, after the formal education, do not continue their studies or get employed, the Ministry supports the project of guided employment model (22), intended for socially vulnerable groups, including persons with intellectual and multiple disabilities. |
||
|
|
|
||
Насочено вработување - организирање проектни работилници |
|
Guided employment - organisation of project workshops |
||
|
|
|
||
Со овој проект, „Цириус“ почна со елаборирање на иновативен модел на дополнително образование и насочено обучување за повозрасните ученици. Во рамките на проектот, младите се испробуваа себеси во повремени вработувања под насочено раководство од стручни ментори, а преку дополнителното образование тие влегоа на прифатениот пазар на трудот. Учениците со комбинирани пречки, вклучени во проектот, се насочени кон прифатени, повремени форми на вработување преку дополнително образование и обука. На овој начин тие имаат порамноправни можности со останатите баратели на работа на прифатениот пазар на труд. Некои од нив зависат од годишното време и се поврзани со земјоделството, лозарството и овоштарството. Проектот беше изведен преку 10 работилници со различна содржина. |
|
With this project, Cirius started elaborating an innovative model of supplementary education and guided training for older students. Within the project young people try themselves in occasional employment under professional guidance of mentors, and they enter the adapted labour market through supplementary education. Students with multiple disabilities, included in the project, are guided into adapted, occasional forms of employment through supplementary education and training. In that way they have more equal opportunities compared to the other potential job seekers on the adapted labour market. The project involved different economic activities, typical for Vipava valley. Some of them depended on the season and were related to agriculture, viticulture and fruit cultivation. The project was organised in 10 workshops with different contents. |
||
|
|
|
||
Цел и намена |
|
Aims and purposes |
||
|
|
|
||
Моделот за насочено повремено вработување беше создаден од „Цириус“ за да им се даде на учениците можност да се испробаат во одбрани занаетчиски и земјоделски активности, постигнувајќи: |
|
The model of guided occasional employment was designed by CiriusVipava to give students an opportunity to try themselves in selected craft or agricultural activities, obtaining: |
||
|
|
|
||
Методологија |
|
Methods |
||
|
|
|
||
Инструменти |
|
Instruments |
||
|
|
|
||
Евалуациски прашалници, составени од 14 отворени и затворени прашања, беа пополнети од 90 учесници. Прашањата беа поврзани со:
Во проектот беа вклучени 23 ученика (14 девојчиња и 9 момчиња); 19 од нив се школуваа по програмата за посебно образование (18 со умерена и 1 со тешка ИП), а 4 според адаптирана програма со пониски образовни стандарди (со лесна ИП). Освен ИП, 17 ученика имаа моторно нарушување (5 лесно, 4 умерено, 8 тешко моторно нарушување); 6 ученика немаа моторни нарушувања. Во проектот беа вклучени 27 стручни работника, 16 родители и 24 занаетчии. |
|
Evaluation questionnaires, composed of 14 open and closed questions, were filled out by 90 participants. The questions were related to:
The project involved 23 students (14 girls and 9 boys); 19 of them were educated in special education programme (18 with moderate and 1 with severe ID) and 4 in adapted education programme with lower educational standards (with mild ID). Besides ID, 17 students had a motor disability (5 had mild, 4 had moderate and 8 had severe motor disability); 6 students were without motor disability. The project included 27 professional workers, 16 parents and 24 craftsmen. |
||
|
|
|
||
Статистички метод |
|
Statistical methods |
||
|
|
|
||
За целта на истражувањето беа анализирани прашалниците со скала за оценување на повеќе нивоа. Го користевме Спирмановиот коефициент на корелација (СКК) и хи-квадрат тестот. На прашалникот со 10-степена скала, на којшто повеќето прашања беа оцените со девет или десет, сите оценувања до осмиот степен се прва категорија (незадоволен до задоволен), а оценките на ниво девет и десет втора категорија (многу задоволен до екстремно задоволен). Истиот метод на класификација беше користен и за повеќестепената скала за оценување. Сите евалуациски прашалници беа искористени за тестирање на хипотезите што ги обработувавме. На учениците им беше даден евалуациски лист за да го потврдат своето задоволство од изведувањето на насоченото вработување. Ефикасноста на насоченото вработување беше оценета од страна на менторите по завршувањето на секоја работилница. Тие ги оценуваа учениците и работилниците по набљудувањето на листите за проверка (извршување, ниво на самостојност, ниво на пренесување на знаењето и вештините). Избраниот метод на евалуација беше искористен за добивање на прегледите од сите ментори што учествуваа според нивната улога (различни ментори учествуваа во секоја работилница во исто време, а имаа различна улога, т.е.: водач, асистент, поддржувач) и според обемот на индивидуалните работилници (број на часови). |
|
For the research purposes, questionnaires with a multi-level rating scale were analysed. We used the Spearman Correlation Coefficient (SCC) and Chi-square test. In questionnaires with a 10-level scale, where the majority of the answers were rated as nine or ten, we used all the rates up till the eight level as first category (unsatisfied to satisfied) and the rates of the ninth and the tenth level as second category (very satisfied to extremely satisfied). The same method of classification was used for the answers on the multi-level rating scale. All the evaluation questionnaires used for testing the hypotheses were analysed. Students were given an evaluation paper in order to verify their satisfaction with the execution of guided employment. The efficiency of guided employment was evaluated by the mentors after the completion of each workshop. They evaluated students and workshops on the basis of observation checklist (performance, level of autonomy, level of portability of knowledge and skills). The selected method of evaluation was used to obtain the views of all participating mentors, with regard to their role (different mentors participated in each workshop at the same time, having different roles: e.g. leader, assistant, support member); and due to the extent of individual workshops (number of hours). |
||
|
|
|
||
Хипотези |
|
Hypotheses |
||
|
|
|
||
Беа формулирани следниве хипотези: |
|
The following hypotheses were formulated: |
||
|
|
|
||
Резултати |
|
Results |
||
|
|
|
||
За тестирање на хипотезите го користевме хи-квадрат тестот. Првата хипотеза беше отфрлена. Резултатите покажаа дека нема статистички значајна разлика во одговорите на учениците, менторите и родителите (табели 2, 3 и 4). Повеќе или помалку изразија еднакво задоволство од проектот. |
|
The Chi-square test was used for hypothesis testing. The first hypothesis was rejected. The results show that there is no statistically significant difference between the students', mentors' and parents' answers (Table 2, 3 and 4). They evaluated their satisfaction with the project equally, more or less. |
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
Дискусија |
|
Discussion |
||
|
|
|
||
Резултатите покажуваат дека работилниците на учениците со ПП им ги пружаат потребните знаења и вештини за самостојна работа и вработување. Ние утврдивме висока корелација помеѓу одговорите дадени од страна на студентите, менторите и родителите. Сите тие изразија големо задоволство од проектот и нивните очекувања за нејзино продолжување. Избраните работилници имаа соодветно разновидна содржина и беа доволно интересни за да ги задоволат различните интереси на учениците. Тие им обезбедија основно (особено практично) знаење, како и основни теоретски знаења. Менторите, како главни оценувачи, веруваат дека различните форми на работилници им обезбедуваат на студентите доволно знаење и мотивација за насочено вработување. Различните улоги на менторите во работилниците им дозволуваат „разумна критика“ во однос на избраната форма на работа. Тие го делат истото мислење за ефикасноста на насоченото вработување и стекнување на потребните знаења, откако активно ги следеа и вреднуваа одбраните форми на работа. Содржините се поврзани со избраните занаети и останатите активности. Најповолните работилници беа оние во кои учениците веќе беа запознаени со активностите и оние во коишто (поради различни моторни пречки) им беа олеснети потребните приспособувања (апарати за домаќинство, земјоделство, некои секретарски задачи и поединечни занаетчиски активности). Изборот на работилниците е сличен на другите програми на социјалната економија, не се ограничени само на еден сектор. Тоа обично вклучува интеграција на работата и социјалните услуги, здравствената заштита, осигурувањето, земјоделството, снабдувањето со храна, образованието, културата и спортот, и се базира на етички принципи (26). Утврдивме високa сличност во ставовите изразени од страна на учениците, родителите, менторите и занаетчиите во однос на изборот на работилниците. Сите веруваат дека тие се соодветно избрани и обезбедуваат активно учество на учениците. Социјалната мрежа што е создадена преку моделот на насочено вработување е дел од општествениот капитал кој обезбедува голема интеракцијата меѓу луѓето, промовирање на учеството, обезбедување нови информации, помага да се изградат социјалните вештини и да се подобри личниот раст (13, 27, 28). А слична меѓународна студија (10) обезбедува детална анализа на 10 социјални индикатори за вработување на лица со инвалидност и претставува преглед на 40 иновативни практики од 82 земји. Студијата покажува дека, како и во одбраниот словенечки модел, тоа е можно за ефикасно да се реши проблемот на вработување и обука на лицата со инвалидност во капиталистичкото општество. Избраниот модел на насочено вработување е посебно охрабрувачки, бидејќи покажа дека занаетчиите кои се вклучени во проектот сакаат да прифатат ученици, без оглед на очекуваната финансиски или други стимуланси предвидени од страна на државата или локалната заедница. Во однос на темата за насочено вработување на лица со интелектуални и комбинирани пречки, дадена е потврда и во една меѓународна студија (29) во која конкретно се изложува итноста од соодветна финансиска поддршка за вработување на овие лица. Повремените вработувања на лицата од проектот им овозможува широка социјална инклузија. |
|
The results show that the workshops provided students with necessary knowledge and skills for individual work and employment.We determined a high correlation between the answers given by students, mentors and parents. They all expressed high satisfaction with the project and positive expectation for its continuation. The selected workshops had suitably varied contents and were interesting enough to satisfy students’ different interests. They provided them essential (particularly practical) knowledge, as well as basic theoretical knowledge. Mentors, as the main evaluators, believed that varied forms of workshops provide students with sufficient knowledge and motivation for guided employment. Mentors’ different roles in the workshops allowed a “reasonable criticism” regarding the selected work forms. They expressed the same opinion on efficiency of guided employment and acquisition of necessary knowledge, after they monitored the selected work forms and evaluated them appropriately. The contents were related to selected craft and other activities. The most suitable workshops were those with activities which the students were already familiar with and those which (due to different motor disabilities) facilitated necessary adaptations (household, agricultural, some secretarial tasks and individual craft activities).The selection of workshops is similar to other programmes of social economy, the latter not being limited to one sector alone. It usually includes integration of work and social services, health care, insurance, agriculture, food supply, education, culture and sports, and is based on ethical principles (26). We established a high similarity in opinions expressed by students, parents, mentors and craftsmen in regards to the choice of workshops. They all believed they were suitably selected and carried out, providing students’ active participation. The social net that was created through the model of guided employment is part of the social capital which provides major interaction between people, promoting participation, providing new information, helping develop social skills and enhancing personal growth (13, 27, 28). A comparable international study (10) provides a detailed analysis of 10 social indicators of employment of people with disabilities and presents an overview of 40 innovative practices from 82 countries. The study proves that, as in the selected Slovenian model, it is possible to address the problem of employment and training of people with disabilities in the capitalist society efficiently. The selected model of guided employment is particularly encouraging as the craftsmen involved in the project proved willing to accept students, regardless of the prospected financial or other incentives provided by the state or the local community. Topicality of guided employment of persons with intellectual and multiple disabilities finds its confirmation in the international study (29) which specifically exposes the urgency for an adequate financial support for employing these persons. Occasional employment of people with ID enables them to obtain major social inclusion. |
||
|
|
|
||
Заклучок |
|
Conclusion | ||
Европската агенција за развој на посебното образование го истакнува правото на учениците со ПП на соодветно образование и вработување, што се реализира во рамките на проектот за насочено вработување (30). Успехот на избраниот модел на насочено вработување, вклучувајќи ученици со интелектуални и комбинирани пречки, може да се најде во истражувањето (11), кое допира до реалните општествени односи и емпириската позиција на социјално ранливите лица на почетокот на 21 век. Го изложува новиот концепт на вклучување на децата со ПП, помалку дискриминаторски, обезбедување повеќе социјални и образовни интеграции. Покрај тоа, им укажува на земјите да се олесни процесот на вработување на лицата со посебни потреби. Насоченото вработување обезбедува учење врз основа на теоретското и работното искуство, нуди повеќе можности за интеграција во непосредната социјална и работна средина. Во тој случај, учениците се стекнуваат со знаења за условите за работа и видовите вработување, што исто така им дава можност да имаат повеќе еднакви можности во животот. Резултатите од проектот може да бидат корисни за сите учесници и индиректно за пошироката општествена заедница во поглед на повремените вработувања на лицата со ПП, како дел од социјалната интеграција и почитување на различностите. Позитивните резултати од насоченото вработување на млади луѓе со интелектуални и комбинирани пречки во развојот придонесуваат за подготовка на национални стратегии за промовирање на поголеми вработувања на социјално ранливите групи на населението во Словенија. Основните документи за новите проекти веќе се подготвени и се во насока на зголемување на социјалната работа и компетенции на луѓето (24). На крајот на јануари 2017 година, на тендерот за нови проекти (финансирани од европските социјални фондови), се очекува фокусирање на нови, иновативни форми на вработување на млади луѓе, дури и оние со ПП. |
|
The European Agency for Development in Special Needs Education underlines the right of students with SN to have an appropriate education and employment, which was realised within the project of guided employment (30). The success of the selected model of guided employment, involving students with intellectual and multiple disabilities, can be found in the research (11) which touches the real social relations and empirical position of socially vulnerable persons at the beginning of the 21st century. It exposes a new concept of inclusion of children with SN, less discriminatory, providing more social and educational integration. Additionally, it suggests the countries to facilitate the process of employing persons with disabilities. Guided employment, providing theoretical and work based experiential learning, offers more opportunities for integration into immediate social and work environment. In such guided manner students acquire knowledge about working conditions and types of employment, which also gives them a possibility to have more equal life opportunities. The results of the project can be helpful to all participants and indirectly to a wider social community in considering occasional employment of people with ID as part of social integration and respect for the diversity. Positive results of guided employment of young people with intellectual and multiple disabilities have contributed to preparation of national strategies of promoting major employment of socially vulnerable population groups in Slovenia. Basic documents for new projects have already been prepared and are aimed at increasing social and work competencies of young people (24). At the end of January 2017, a tender for new projects (funded from European social funds) is expected and it will be focused on new, innovative forms of employment of young people, even those with ID. |
||
Конфликт на интереси |
|
Conflict of interests |
||
Citation: Zhgur E. Guided employment – rights and opportunities for people with intellectual disabilities. J Spec Educ Rehab 2017; 18(1-2):74-91. doi: 10.19057/jser.2017.20 |
||||
Article Level Metrics |
||||
|
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE