ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ИЗБОРОТ НА ПРОФЕСИЈА КАЈ ЛИЦАТА СО ХРОНИЧНА ПОВРЕДА НА РБЕТНИОТ СТОЛБ ВО РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА
Аленка ФИДЛЕР1
Мајда ШМИДТ2
1Факултет за уметност УМ, Марибор, Словенија
2Педагошки факултет УМ, Марибор, Словенија
|
|
THE FACTORS OF OCCUPATIONAL CHOICE OF PERSONS WITH CHRONIC SPINAL CORD INJURY IN THE REPUBLIC OF SLOVENIA
Alenka FIDLER1
Majda SCHMIDT2
1University of Maribor, Faculty of Arts, Republic of Slovenia
2University of Maribor, Faculty of Arts, Faculty of
Education, Republic of Slovenia
|
Примено: 1.2.2017
Прифатено: 29.5.2017
|
|
Recived: 01.04.2017
Accepted: 29.05.2017
Original article
|
Вовед
|
|
Introduction
|
Во минатото голем дел од лицата со хронична повреда на ’рбетниот столб (ПРС) се повлекуваат од пазарот на трудот, но денес овие лица се прилично активни на пазарот на трудот. Меѓутоа, тие се соочуваат со неколку пречки при барање работа, како што се предрасуди за нивната попреченост, осудувачки ставови, непожелен социјален статус итн. (1).
Изборот на кариера е тежок избор за сите, особено за лица со попреченост кои се соочуваат со долгорочна невработеност. Според законот во Словенија (2), кога лицата со попреченост ќе влезат на пазарот на трудот, тие добиваат статус на попреченост, со што се даваат одредени бенефиции и права за вработување. Најголем дел од нив се пријавуваат во регистрите на Агенцијата за вработување на Словенија или се приклучуваат кон професионална (окупациска) рехабилитација. Во меѓувреме, тие ги губат стекнатите способности, работните навики и нивната самодоверба (4). Истражувањата во Словенија покажуваат дека лицата со попреченост имаат пристап до помалку популарни работни места, помалку одржливи работни места и помалку платени работни места. Кога ќе влезат на пазарот на трудот, тие се соочуваат со целосно отсуство на теоретски и практични способности. Нискиот степен на социјална интеграција претставува уште еден проблем (5). Поради овие причини, многу е важно да се користи модерен пристап при советувањето за професионалната ориентација. Планот за професијата би требало да се состои од детекцијата и идентификацијата на потребите, потребните приспособувања за време на образованието, подготовка за вработување и препознавање на капацитетите на релевантните сервиси и достапноста на извори на информации (5).
Доколку настане рано отпуштање од активно вработување поради престанок на работна способност, особено ако ова се случи поради попреченост која не може да биде предвидена од страна на вработениот, како индивидуи ги искусуваат причините, стресот и последиците и се принудени да се повлечат од своето работно место (6). Поради овој факт, откако ќе настане попреченоста, многу е важно да биде подготвен кариерен план за таа индивидуа. Тие мора да бидат вклучени во процесот на професионална рехабилитација за да се стекнат со нови способности и компетенции, со кои ќе можат повторно да бидат компететивни на пазарот на трудот.
Помеѓу објективните пречки кои ги спречуваат лицата со попреченост да ја исполнат својата цел се пристапната инфраструктура и користењето на техничките додатоци, социо-економската ситуација на индивидуата, провизијата на консултантски услуги, степенот на соработка на јавните институции, како и организации и здруженија за попречености. Додека помеѓу субјективните пречки спаѓаат немањето социјална удобност и повлекување поради низок степен на самодоверба.
Инклузијата на лица со попреченост во образованието или работата не е доволно за да се спречи социјалната отфрленост (9–12). Правилната социјална интеграција на учениците со попреченост во училиштата треба да им даде можност за да ги исполни потребите за припаѓање во таа средина, прифаќање и инклузија (13). Во Словенија најчеста пречка за социјалната интеграција на лицата со телесна попреченост се архитектонските препреки (7). Ова предизвикува голема фрустрација, особено кај младите лица со телесна попреченост. Поради многубројните различни архитектонски препреки тие стануваат позависни од своите родители, а со тоа имаат поголеми тешкотии при стекнување пријателства, учество во рекреативни активности, истражување на сопствената сексуалност, како и барање работа. Можеме да кажеме дека за адолесцентите е мошне тешко да ги пренасочат нивните примарни врски со семејството или фамилијата кон пријателите (8).
Целта на истражувањето беше да се определат ефектите кои влијаат врз изборот на професијата кај лицата со хронична ПРС спрема полот, возраста на настанување на ПРС и степенот на ПРС. Во студијата, истражувањето беше насочено да открие до кој степен изборот на професијата, образовната институција е зависен од факторите на социјализација и факторите поврзани со пристапноста и приспособувањата на образовните институции и работните места, каде лицата со ПРС би можеле да ја спроведуваат својата професија. Исто така, беа опфатени и разликите во полот, разликите во возраста и времето на појавување на ПРС, како и степенот на ПРС.
|
|
In the past, most persons with chronic spinal cord injury (SCI) retired, but today these persons enter the labor market largely. However, they face several barriers in their search for a job, such as prejudices about their disability, misjudged attitude, unfavorable social status etc. (1).
Choosing a career path is tough for all, especially for persons with disabilities that face with long-term unemployment frequently. The Slovenian legislation (2) defines that when persons with disabilities enter the labor market, they get a disability status, from which certain benefits and rights of employment derive. The majority of them apply in the register of the Employment Service of Slovenia or join the process of occupational rehabilitation. In the meantime, they lose skills, work habits and their self-esteem (4). The studies in Slovenia show that persons with disabilities access less popular, less reliable and less paid jobs. When they enter the career market, they face the absence of theoretical and practical skills. The lower degree of social integration presents another issue as well (5). For that reason, it is important to use a modern approach to career guidance. The plan of career path should represent detection and identification of needs, necessary adjustments during the education, preparation for the employment and recognition of the capacity of relevant services and availability of information sources (5).
An early termination of active employment due to the cessation of working ability, especially if this occurs due to disability that cannot be predicted by the employee, causes, even more, stress as individuals’ experience when they retire regularly (6). Because of this, it is important that after an occurrence of disability a new career plan for an individual is prepared. They should be involved in the process of occupational rehabilitation for the acquisition of new skills and competencies, which will make them competitive on the labor market once again.
Among the objective obstacles, that persons with disabilities face, the accessibility of the infrastructure and the use of technical accessories, the socio-economic situation of an individual, the provision of consultant services, the level of cooperation of public institutions with disability organizations stand out. Among the subjective obstacles, social discomfort and poor body image withdraw.
The inclusion of persons with disabilities in the education or work is an insufficient condition to prevent social exclusion (9– 12). The proper social integration of students with disabilities in school offers the possibility of meeting the needs for belonging, acceptance, and inclusion (13). In Slovenia the most common obstacle to the social integration for persons with physical disabilities are the architectural barriers (7). This causes huge frustration, especially for young persons. Various barriers cause greater dependence on their parents and induce additional difficulties in making friends, participating in leisure activities, exploring sexuality and searching for employment. We can say that it is difficult for teenagers to move primary relationships from family to friends (8).
The purpose of the research was to determine the effects on the choice of the occupation of the people with chronic SCI according to the gender, the age by the occurrence of SCI and the level of SCI. The study investigated, to what extent, the choice of educational institution and occupation was affected by the socialization factors and the factors, connected with accessibility and adjustment of the educational institution and the workplace, where the persons with SCI may practice their occupation.
|
Методи
Методи на истражување
Како основа за ова истражување користени се дескриптивниот метод и каузалните-неексперименталн и методи на емпирископедагошко истражување. Истражувачкиот пристап е квантитативен.
Примерок
|
|
Methods
Research methods
The study relies on descriptive and causal-non-experimental methods of empirical pedagogic research. The research approach is quantitative.
Sample
|
Испитаниците кои учествуваа во ова истражување се членови на Асоцијацијата на параплегичари на Република Словенија. Врз степенот на применетата статистика на докази, примерокот се смета за случаен примерок од хипотетичката популација. Хипотетичката популација е бесконечна, и е слична на нашиот примерок. Беа дистрибуирани 150 прашалници, од кои 127 беа целосно пополнети и валидни. Во примерокот (N = 127) има лица кои имаат генетска ПРС и лица со стекната ПРС, 66.1 % се од машки пол, а 33.9 % се од женски пол.
|
|
The participants in this study were members of the Slovenian Paraplegic Association. At the level of the applied inferential statistic, the sample was considered as a sample, random sample from the hypothetical population. The hypothetical population is infinite, and it is similar to our sample. There were 150 questionnaires distributed, of which 127 were fully completed and valid. The sample (N = 127) includes respondents with genetic and acquired SCI, thereof 66.1% males and 33.9% females.
|
Табела 1.Дескриптивна статистика од примерокот
|
|
Table 1.Descriptive statistics of the sample
|
|
Прашалниците беа дистрибуирани низ целата земја. Примерокот (N = 127) е составен од возрасни лица од 19 до 70 годишна возраст, просечната возраст е 46.2 години. Според времето на добивање ПРС, најстарата возраст е 60 години, додека некои од испитаниците се со генетска ПРС и затоа просечната вредност е 24 години. Минималниот период во кој испитаниците се здобиле со ПРС е 1 година, додека максималниот е 60 години, просечната вредност е 22.8 години. Примерокот покрива 8.7 % од лица со повреда на цервикалните прешлени РС Ц1-Ц3, 23.6 % од испитаниците со цервикална ПРС Ц5- Ц7, 14.2% од испитаниците со повреда на торакалните прешлени РС Т1-Т5, 22.0 % од испитаниците со торакална ПРС Т6-Т11, 20.5 % од испитаниците со лумбална повреда на РС Т12-Л3, и 3.9 % од испитаниците со ПРС под Л4. Во примерокот, најголем дел од испитаниците се со параплегија (55.9 %), помалбројнаиспитаницисотетраплегија(19.7 %), тетрапареза (13.4% и парапареза (11.0 %). Завршено основно или тригодишно средно образование имаат 17.3 % од испитаниците, 20.5 % од испитаниците имаат завршено средно образование и доквалификации, но не факултетско образование, 62.2 % од нив имаат терциерно образование, 62.2 % од нив се пензионирани, од кои 58.3% се пензионирале пред појавата на ПРС. Вработени се 24.4 % од испитаниците, од кои 16.5 % се со скратено работно време, 7.9 % се со полно работно време (целосно вработени). Невработени се 7.1 % од испитаниците, а 4.8 % од испитаниците се ученици/студенти.
|
|
The sample (N = 127) represents adults aged 19 to 70, the average age of participants is 46.2. The maximum age of the respondent to receive SCI is 60 years, some respondents had it from birth and the average age is thus 24.0. The minimum period of disability of respondents is 1 year, the maximum is 60 years, and the average is 22.8 years. The sample covers 8.7% of people with Cervical SCI C1-C4, 23.6% of respondents with Cervical SCI C5- C7, 14.2% of respondents with Thoracic SCI T1-T5, 22.0% of respondents with Thoracic SCI T6-T11, 20.5% of respondents with Lumbar SCI T12-L3, and 3.9% of respondents with SCI below L4. The sample covers the majority of respondents with paraplegia (55.9%), fewer respondents with tetraplegia (19.7%), tetraparesis (13.4%) and paraparesis (11.0%). 17.3% of respondents has primary or lower secondary education, 20.5% of them has secondary and postsecondary non-tertiary education, 62.2% of them has tertiary education. 62.2% is retired, of which 58.3% retired before the SCI appearance. 24.4% of the respondents are employed, of which 16.5% are part time employed, 7.9% are full time employed. 7.1% of the respondents are unemployment. 4.8% are students.
|
Инструменти и начини на тестирање
Првиот сет на податоци беа добиени по експериментален пат со прашалник на мал примерок (N = 8). Врз основа на коментарите, ние го преработивме прашалникот, го тестиравме преку експериментален пат на нов примерок (N = 10) и ја подготвивме конечната форма на прашалникот. На последниот состанок што се одржа во декември 2014 година беше пополнет прашалникот од страна на членовите на Асоцијацијата на параплегичари во сите региони на Словенија. Анкетата беше анонимна и доброволна. Беше пополнета индивидуално, без никакво советување или присуство на нашиот тим. Прашалникот се состои од 44 прашања: 3 прашања од отворен карактер и 11 прашања со избор каде може да има само еден одговор и 30 прашања со скали на рангирање. Првиот дел од прашалникот се состои од прашањата кои се поврзани со независните варијабли, вториот дел од прашањата се поврзани со факторите за избор на професија кај лицата со ПРС, и третиот дел од прашалникот ја опфаќаат вклученоста на лицата со ПРС во спортски активности. Овој труд претставува само еден дел од истражувањето, поточно се однесува за делот кои фактори влијаат врз изборот на професијата кај лицата со ПРС. Валидноста на прашалникот беше потврдена со прегледување на веќе постоечка литература и со експерименталната употреба. Објективноста на прашалникот беше овозможена со мултиизборот на прашања со веќе дадени одговори со отворен тип на прашања чии одговори се кратки, како и со имплементацијата на собраните податоци, која беше индивидуална и без влијание. Во фазата на обработка на прашалниците ние не сменивме ништо, така што не постоеше субјективно влијание. Поддржаноста и поткрепата на прашалникот е овозможена со детални инструкции и специфични прашања. Поддржаноста на скалите за процена е проверена со α-Cronbach коефициент (α = 0.800). Поддржаноста на скалите за процена во прашалникот е доволно поткрепена. Добиените податоци се обработени со SPSS статистички софтвер. Анализите на индивидуалните изјави се базирани врз средната вредност од скалата составена од пет точки (1- Не се согласувам воопшто, 2 – Не се согласувам, 3 – Воздржан 4 – Се согласувам, 5 – Се согласувам целосно). Беа анализирани дескриптивните статистики (фреквенција и дистрибуција) и статистиката базирана на докази (непараметриски статистички тестови Kruskal-Wallis (K-W) тестот и Mann-Whitney (M-W U тестот).
|
|
Instruments and testing procedures
The first data were experimentally gathered with a questionnaire on a small sample (N = 8). Based on the comments, we repaired the questionnaire, tested experimentally on a new sample (N = 10) and prepared the final form and at the final meeting in December 2014 at the end of the year, it was answered by the members of the Paraplegic Association of all regions. The survey was conducted anonymously and voluntarily. It was carried out individually and unguided.
The questionnaire consists of 44 questions: 3 open questions and 11 multiple-choice questions with one answer and 30 questions with four or five-point scales. The first part of the questionnaire consists of the questions related to the independent variables, the second part of the question is linked to the factors of occupational choice of persons with SCI, and the third part issues the involvement of persons with SCI in sports. This paper presents a part of the research, which is engaged with the factors of occupational choice of persons with SCI.
The validity of the questionnaire was provided with a review of existing literature and with the experimental use. The objectivity was provided with the multi-choice questions with given answers, with open questions for which answers are short and with the implementation of data collection, which was individually and unguided. In the phase of reading, we did not change anything, so there was no subjective influence. The reliability was provided with detailed instructions and specific questions. The reliability of the grading scales was checked with α-Cronbach’s coefficient (α = 0.800). The results showed that the grading scales of the questionnaire are reliable sufficiently.
Data were processed with the SPSS statistics software. Analysis of individual statements is based on the means of the five-item agreement scale (1 - I strongly disagree, 2 - I disagree, 3 - I neither agree or disagree, 4 - I agree, 5 - I strongly agree). Analysis of the importance of the factors is based on the four-item scale (1 - insignificant factor, 2 - partly important factor, 3 - an important factor, 4 - a very important factor). Descriptive statistics (frequency distribution) and inference statistics (nonparametric statistical tests: Kruskal-Wallis (K-W) test and Mann-Whitney (M-W U test) were analyzed.
|
Резултати
Влијанието на ПРС при изборот на професија
Во нашето истражување, на испитаниците им беа поставени прашања дали лицата со ПРС би можеле да ја користат професијата за да ги надминат потешкотиите добиени од попреченоста. Резултатите покажуваат дека 73.1 % од испитаниците се сложуваат со ова прашање, 16.3 % испитаници делумно се согласуваат и 10.6 % не се согласуваат со констатацијата поврзана со можноста за користење на професијата за надминување на проблемите настанати од самата попреченост.
|
|
Results
The effect of SCI on the occupational choice
In our research, respondents were asked whether persons with SCI could use the profession to overcome disability. Results show that 73.1% respondents agree, 16.3% respondents partly agree and 10.6% does not agree with the statement related to the possibility of using the occupation to overcome the disability.
|
Табела 2.Резултатите од Kruskal-Wallis тестот за пресметување на различните можности за користењето на работата како начин да се надмине попреченоста според возраста на која се случува ПРС, како и нивото на ПРС, како и Mann-Whitney тестот според возраста.
|
|
Table 2.The Results of the K-W test of difference in possibility of using the occupation to overcome the disability according to the age by the occurrence of SCI and the level of SCI and the M-W U test according to the gender.
|
|
Резултатите од K-W тестот покажуваат статистички значајна разлика во однос на согласноста за констатацијата поврзана со можноста за користење на професијата за надминување на проблемите настанати од самата попреченост, во зависност од степенот на ПРС (p = 0.005). Средната вредност покажува дека поголем дел од лицата кои имаат ПРС на повисоките нивоа на ’рбетниот столб (C1-C4, C5-C7) проценуваат дека со работењето би можеле да ги надминат проблемите настанати од попреченоста. Со оваа изјава нешто поголем број испитаници од машки пол се согласуваат, но M-W U тестот не покажува статистички значајна разлика во однос на согласноста со оваа изјава во однос на полот (p > 0.05).
На испитаниците им беше поставено прашањето дали лицата со ПРС би можеле да ја постигнат целта и да ја работат посакуваната професија, иако имаат ПРС. Според мислењето на испитаниците, посакуваната професија не е достапна за 48.9 % од лицата со ПРС, делумно достапна за 18.9 % и достапна за 32.2 % од испитаниците.
|
|
The results of K-W test show statistical significance differences regarding the agreement with the statement related to the possibility of using the occupation to overcome the disability according to the level of SCI (p = 0.005). Mean Ranks show that more persons who have SCI at higher levels (C1-C4, C5-C7) estimate that by working they could overcome their disability. With this statement, somewhat more males agree with it, but M-W U test does not show statistically significant differences in this according to their gender (p > 0.05).
The respondents were asked whether persons with SCI could reach the desired occupation, even though they have SCI. According to the respondent’s opinion, the desired occupation is inaccessible for 48.9% persons with SCI, partly accessible for 18.9% and accessible for 32.2% of them.
|
Табела 3.Резултатите од K-W тестот за пресметување на различните можности за користењето на работата како начин да се надмине попреченоста според возраста на која се случува ПРС, како и нивото на ПРС, како и Mann-Whitney тестот според возраста.
|
|
Table 3.The results of the K-W test of the difference in unavailability of profession because of SCI according to the age by the occurrence of SCI and the level of SCI and the M-W U test according to the gender
|
|
Резултатите од K-W тестот покажуваат статистичка разлика во недостапноста на професијата поради ПРС според возраста на добивање ПРС (p = 0.023) и според степенот на ПРС (p = 0.025). Средните вредности покажуваат дека посакуваната професија е недостапна за поголем дел од испитаниците кои се здобиле со ПРС за време на детството или во адолесценцијата и за оние со поголем степен на ПРС. Средните вредности покажуваат дека посакуваната професија е подостапна за машкиот пол, но не постои статистички значајна разлика во однос на полот (p > 0.05).
Во нашето истражување, нас нè интересираше колку често лицата со ПРС се реинтегрирани во образовните процеси за да се здобијат со нова професија.
Резултатите покажуваат дека по ПРС 29.3 % од испитаниците биле реинтегрирани во образовниот процес, 13.8 % биле делумно интегрирани и 56.9 % не биле реинтегрирани во образовниот процес.
|
|
The results of K-W test indicate statistical differences of unavailability of the profession because of SCI according to the age by the occurrence of SCI (p = 0.023) and according to the level of SCI (p = 0.025). Mean ranks show that the desired occupation is inaccessible for more persons, who got SCI in the childhood or in adolescence and for those with a higher level of SCI. Mean ranks show the desired occupation is more accessible for male, but there are no statistically significant differences in this according to gender (p > 0.05).
In our study, we were interested how often people with SCI reintegrate into the educational process for obtaining a new occupation.
Results show that after SCI 29.3% respondents were reintegrated, 13.8% were partly integrated and 56.9% did not reintegrate at the educational process.
|
Табела 4.Резултати од K-W тестот за разликите во реинтеграцијата на лицата со ПРС при образовните процеси според нивото на ПРС и M-W U тестот според полот.
|
|
Table 4.The results of the K-W test of the difference in reintegration of people with SCI at educational process according to the level of SCI and the M-W U test according to the gender
|
|
Резултатите од K-W тестот покажуваат статистички разлики во реинтеграцијата во образовниот процес спрема степенот на ПРС (p = 0.007). Средните вредности покажуваат дека од оние кои се реинтегрирале во образовниот процес преку добивање нова професија, најзастапени се оние лица со ПРС на ниво на торакалните прешлени и барем еден испитаник кој има ПРС под Л4 и цервикална ПРС Ц1 – Ц4. Резултатите на M-W U тестот не покажуваат статистички значајна разлика во однос на полот (p > 0.05).
|
|
The results of K-W test indicate statistical differences of reintegr ation in the educational process according to the level of SCI (p = 0.007). Mean ranks show that among those who reintegrated in the educational process for obtaining a new occupation are the most persons with SCI at thoracic level and at least respondents who have SCI below L4 and cervical SCI C1-C4. The results of M-W U test do not indicate statistically significant difference in this according to the gender (p > 0.05).
|
Избор на професија во однос на факторите на приспособување на средината
|
|
An occupational choice according to the factors of environment adjustment
|
Табела 5.Бројност (f) и проценти (f %) на лица со ПРС преку проценка на важноста за пристапна средина во образовните институции за лица со ПРС.
|
|
Table 5.Numbers (f) and percentages (f %) of persons with SCI by assessment of the importance factors of the accessible environment at the educational institution (EI) and at the potential workplace (PW) for persons with SCI.
|
|
Во табела 5 можеме да видиме дека за лицата со ПРС сите фактори за промена и приспособување на средината се од голема важност при одлучувањето за да се запишат во тие образовни институции или да ги посетуваат тие образовни институции. Најважниот фактор е пристапност до тоалети, лифтови и училници; помалку важни се пристапот до трпезаријата/мензата и јавниот транспорт. За испитаниците најважните фактори за пристапност до потенцијалното работно место се пристапни тоалети, пристапни работни места и пристапен јавен транспорт или определени паркинг-места; помалку важни им се лифтот; помалку важни се пристапноста на трпезаријата/мензата. За испитаниците кои посетуваат образовни установи поважни им се пристапноста до трпезаријата/ мензата, лифтот и пристапни училници отколку кај работното место. Додека пристапност до јавен транспорт или паркинг-места се поважни на работното место отколку кај образовните институции.
|
|
Table 5 shows that for persons with SCI all factors of environment adjustment are highly important in determining enrolment in an educational institution. The most important are accessible toilets, elevators, and classes; slightly less important are an accessible dining room and public transport. For respondents the most important factors of accessibility to the potential workplace are accessible toilets, accessible workplace and accessible workplace and accessible public transport or arranged parking facilities; slightly less important is an elevator; the less important is an accessible dining room. For respondent’s accessible dining room, elevator and accessible classes at the educational institution are more important than in the workplace. Accessible public transport or arranged parking facilities at the workplace are more important than in the educational institution.
|
Табела 6.Резултати од M-W U тестот за важноста на факторите за пристапна средина за лицата со ПРС според полот.
|
|
Table 6.The results of the M-W U test in importance of the factors of accessible environment for persons with SCI according to the gender
|
|
Средните вредности покажуваат дека пристапноста до трпезаријата/мензата во образовните институции и на потенцијалното работно место е поважно кај испитаниците од машкиот пол, додека сите други фактори се поважни кај испитаниците од женскиот пол. Резултатите од М-W U тестот за важноста на факторите за пристапност во средината во образовните институции и потенцијалното работно место за лицата со ПРС во однос на полот е статистички значајно само за еден фактор, а тоа е присуството на лифтови во образовните установи (p = 0.047).
При проценката на важноста за факторите на средината, приспособување со M-W U тестот покажува дека не постои статистички значајна разлика во однос на степенот на ПРС и возраста на која испитаниците се здобиле со ПРС (p > 0.05).
|
|
Mean ranks show that the accessible dining room at the educational institution and at the potential workplace is slightly more important for males, all the other factors are slightly more important for females. The results of the M-W U test in the importance of factors of the accessible environment at the educational institutions and potential workplace for persons with SCI according to the gender is statistically significant just in one factor, the presence of an elevator at the educational institutions (p = 0.047).
In the assessment of the importance of the factors of environment, adjustment with M-W U test indicates that there is no statistically significant difference according to the level of SCI and age by the occurrence of SCI (p > 0.05).
|
Избор на професија во зависност од факторите на социјализација
|
|
The occupational choice according to the socialization factors
|
Табела 7.Бројност (f)ипроценти (f %)налицасоПРС преку проценка на важноста на социјализацијата во образовните институции за лица со ПРС.
|
|
Table 7.Numbers (f) and percentages (f %) of persons with SCI by assessment of the importance socialization factors at the educational institutions for persons with SCI.
|
|
Најважните фактори на социјализација кои влијаат врз изборот на запишување во образовните институции за лицата со ПРС се прикажани во табела 6. Овие фактори се прифаќањето на попреченоста од страна на наставниците (62 %) и од страна на нивните соученици (60.6 %), почит и разбирање за потребните приспособувања од страна на наставниците (55.1 %), поддршка од нивните семејства при изборот на професија (53.5 %) и можноста за персонален асистент за да се надминат архитектонските препреки (50.4 %). Додека помалку важни фактори се запишувањето на нивните пријатели во истата образовна установа и почитта и разбирањето за потребните приспособувања од страна на нивните соученици.
|
|
The most important socialization factors that influence the choice of enrolment in the educational institution for persons with SCI are shown in table 6. These are the acceptance of disability by teachers (62.2%) and by their peers (60.6%), respect for the necessary adjustments by teachers (55.1%), support of their families in occupational choice (53.5%), and the possibility of an assistant to overcome their architectural barriers (50.4%). The friend’s enrolment in educational institution and respect of the necessary adjustments by their peers are less important factors.
|
Табела 8.Резултати од M-W U тестот според полот: Важни фактори за социјализација при образовните институции за лица со ПРС.
|
|
Table 8.The results of the M-W U test according to the gender: Important socialization factors at the educational institutions for persons with SCI.
|
|
Настрана од факторите за запишувањето на нивните пријатели во истите образовни институции, сите останати фактори на социјализација се поважни за лицата од женски пол отколку за лицата од машки пол.
При проценката на важноста на факторите на социјализација со M-W U тестот покажува дека не постои статистичка значајна разлика во однос на полот, степенот на ПРС и возраста на здобивање ПРС (p > 0.05).
|
|
Apart from the factor of enrolment of friends in the same educational institution, all other socialization factors are more important to females than to males.
In the assessment of the importance of socialization factors with M-W U test indicates that there is no statistically significant difference according to the gender, level of SCI and age by the occurrence of SCI (p > 0.05).
|
Дискусија
|
|
Discussion
|
Резултатите од нашето истражување покажуваат дека е многу значаен изборот на професија за лицата со хронична ПРС. Степенот на физичката попреченост и прифаќањето на нивните сопствени физички недостатоци влијае врз успехот на кариерно ниво и врз самоопределувањето, а ова е согласно со резултатите од претходните истражувања (14). Колку се помлади лицата со ПРС и колку е помал степенот на ПРС, имаат помалку можности да ја работат посакуваната професија. Лицата кои се здобиле со ПРС пред да го завршат образовниот процес, се определуваат за професијата во тоа време кога сè уште немале ПРС и поради тоа, тие се најзадоволни од својата професија. Оние лица кои се здобиле со ПРС на мала возраст, може да имаат намалена самодоверба, намалена независнот и намалена одлучност. Оние лица коисездобилесоПРСвоподоцнежнитегодини најчесто имаат потреба од дополнителни обуки или смена на целосно нова професија.
Времето кога настанала попреченоста има значаен удел врз професионалниот пат кај лицата со ПРС (15). Поголем број лица во повисок степен на ПРС сметаат дека би можеле со работата да ја надминат нивната попреченост. Ние претпоставуваме дека лицата со ПРС на ниво на цервикалните прешлени би сакале да учествуваат во професионална рехабилитација со цел да се здобијат со каков било вид професија која би им овозможила да станат дел од активната работна популација. На тој начин ќе ја зголемат својата социјална инклузија која е на мошне ниско ниво поради повлекувањето на овие лица и поради нивната попреченост (6).
Помеѓу лицата со ПРС кои се реинтегрирале во образовниот процес за да се стекнат со нова професија, има најмал број испитаници кои имаат ПРС под Л4 и цервикална ПРС Ц1-Ц4. Во однос на вработувањето, лицата со ПРС под Л4 немаат големи ограничувања. Додека реалните можности за вработување на лицата со цервикална ПРС Ц1-Ц4 најмногу зависи од степенот на приспособување на средината, употребата на технички помагала и персонален асистент (5, 16). Најверојатно, врз резултатите има големо влијание фактот што лицата со ПРС на повисоките нивоа се веќе пензионирани. Поради пензионирањето, тие се социјално помалку интегрирани во општеството и како последица на тоа, тие гледаат со мала верба кон пристапноста и можноста за нивната професија. Лицата кои страдаат од ПРС на пониските нивоа на ’рбетниот столб се соочуваат со помалку ограничувања при вработување отколку лицата со ПРС кои страдаат на повисоките нивоа на ’рбетниот столб. Помеѓу нив има помалку лица кои се пензионирани така што сè уште се присутни на пазарот на трудот каде што вработувањето е значаен фактор за квалитетот на живот (6).
Нашето истражување, како и други спроведени истражувања (12), ги потенцираат фактите кои се поврзани со достапноста и за приспособување на образовните институции, како и приспособување на работните места каде што се практикува професијата, се многу значајни при изборот на образовните институции и професијата кај лицата со ПРС. Пристапноста до изградената инфраструктура, информациите и комуникациите примарно овозможуваат интеграција на лицата со попреченост во семејството, работата и пошироката социјална средина како образованието, обуките и вработувањето кое е многу значајно од гледиште на социјалната инклузија (17).
Доколку ја споредиме значајноста на факторите за пристапност во образовните институции и на можното работно место, ќе согледаме дека е најважно за лицата со ПРС да има гаранции за базична хигиена, особено на работното место. Ние претпоставуваме, причините за овие резултати најчесто се поради фактот што образованието е ограничено на неколку години, додека вработувањето е подолго и во споредба со повозрасните, учениците и студентите се пофлексибилни, и според ова, тие полесно се приспособуваат на новонастанатата ситуација.
Пристапноста до трпезаријата/мензата, лифтовите и пристапноста до училниците за лицата со ПРС се поважни во образовните институции отколку на работното место. Можеме да заклучиме дека независноста и автономноста кај младите е потребна за нивното самореализирање и успешна социјална интеграција (9, 11). Во полето на образованието, во споредба со работното место, повеќе се истакнува значајноста на пристапна трпезарија/менза. Во училиштата во Словенија, оброците се добро организирани. Трпезариите/ мензите во училиштата се места каде се одвива социјализација, што е и клучот за социјалната интеграција.
Постоењето на паркинг-места и пристапноста до јавен транспорт се најзначајни за време на вработувањето отколку за време на образовниот процес. Причините за ова се најверојатно поради тоа што родителите се одговорни за превозот до училиште и назад за време на образовниот процес. Можеме да заклучиме дека родителите имаат поважна улога во адолесценцијата отколку кога лицата со ПРС се возрасни, кога нивната автономија и независност се очекувани нешта од нив (5, 16).
Помеѓу факторите на социјализација кои влијаат врз изборот на професијата, лицата со ПРС ги истакнаа прифаќањето на нивната попреченост од страна на наставниците и нивните соученици, почитта и разбирањето за потребните приспособувања од страна на наставниците и соучениците, поддршката од семејството при изборот на професијата, што е исто така потврдено преку други истражувања (18-20). Резултатите покажуваат дека прифаќањето на попреченоста од страна на нивните соученици е позначајно отколку прифаќањето на попреченоста од страна на нивните наставници. Инклузивна средина во училиштата каде се зема предвид и се почитуваат индивидуалните разлики, овозможува можности на учениците да ги исполнат своите потреби за прифатеност и припадност кон таа средина(21). Наставниците кои промовираат прифаќање на попреченоста влијаат на формирањето на позитивни ставови кај другите ученици (22-23), како и поддршката на соучениците и позитивните искуства од дружењето со нив, даваат ефекти на заштита и поддршка за децата со попреченост (24). За лицата со ПРС, најзначајно е да се земат предвид потребните приспособувања од страна на наставниците отколку од страна на соучениците. Според законот во Словенија, наставниците мораат да ги спроведат потребните приспособувања во инклузивните училишта и да ги имплементираат истите за време на наставниот процес.
Запишувањето на пријателите во истата образовна институција е обележано како помалку значаен фактор. Можеме да претпоставиме дека овие одговори се должат на позитивните искуства од социјализацијата и пријателствата со нивните соученици, кои се однесувале заштитнички и давале поддршка (25).
|
|
The results of our study show that for the persons with chronic SCI the occupational choice is very important. The level of physical disabilities and the adoption of their own physical disabilities affect the success of career self-determination significantly, which is consistent with the results of the previous studies (14). The younger the persons with SCI are and the lower the level of SCI is, the fewer possibilities they have to get the desired occupation. Persons, who got SCI after they finished the educational process, chose their occupation at the time they did not have SCI yet, and consequently, they are more satisfied with their occupation. The disability, acquired in the early stage, may restrict self-confidence, independence, and assertiveness. The disability acquired later in life, often requires additional training or a complete change in career. The time of disability origin has a significant impact on the career path of persons with disabilities (15). More persons who have SCI at higher levels estimate that by working they could overcome their disability. We assume that persons with SCI at the cervical levels would like to participate in the occupational rehabilitation in order to obtain any occupation that would enable them to become a part of the active working population in order to enhance their social inclusion, which is at the low level due to disability retirement (6).
Among persons with SCI, who were reintegrated in the education process for obtaining a new occupation, there are at least respondents who have SCI below L4 and Cervical SCI C1-C4. Regarding the employment, persons with SCI below L4 do not have such big limitations. The actual possibilities of the employment of persons with Cervical SCI C1- C4 depend on the adjustment degree of the environment, the use of technical accessories and personal assistance (5, 16). Most likely, the results are influenced by the fact that persons with SCI at the higher levels are mostly retired. Due to retirement, they are socially less integrated into society and, consequently, they think about the (un)availability of their occupation to a lesser extent. Persons who suffer from SCI at the lower levels when compared to persons with SCI at the higher levels face minor limitations in employment. Among them, there are fewer retired, so they are still present in the labor market, where the employment is the important determinant of life quality (6).
Our study, like other studies (12), emphasizes the facts related to the availability and the adjustment of an educational institution and a workplace, where the occupation is practiced, are very important for the choice of the educational institution and the occupation of persons with SCI. The accessibility of the built environment, information, and communications primarily provides the integration of persons with disabilities into family, work and wider social environment such as education, training, and employment that is very important in the perspective of social inclusion (17).
If we compare the importance of the factors of accessibility in an educational institution and at a possible workplace, we find out that for the persons with SCI, the assurance of basic hygiene is the most important, especially in the workplace. We assume that the causes of such results are likely in the fact that the education is limited to a few years, the employment is usually prolonged and that in comparison to older, pupils and students are more flexible, and according to this, they adapt to the situation easily.
The accessible dining room, elevators, and accessible classes are for persons with SCI more important in the educational institution than at the workplace. It can be concluded that the independence and the autonomy of the young are necessary for their self-realization and successful social integration (9, 11). In the field of the education in comparison to the employment, the importance of accessible dining room stands out. In Slovenian schools, school meals are well organized. The dining rooms in schools represent a place for socializing, which is the key for the social integration.
The arrangement of parking facilities and accessible public transport are more important during the employment than during the education. The reasons are probably that parents take care of the transportation to school and back home during the education. It can be assumed that parents have a more important role in the adolescence than in the adulthood of an individual when the autonomy and the independence of the adults are expected (5, 16).
Among the socialization factors that influence the occupational choice, persons with SCI largely stressed out the acceptance of disability by teachers and their peers, the respect of the necessary adjustments by teachers, family support by choosing an occupation, which is also confirmed by other studies (18-20). The results show that the acceptance of disability by their peers is somewhat more important than the acceptance of disability by teachers. Inclusive school environments, which take into account and respect individual differences, provide students the opportunities to meet the needs for acceptance and belonging (21). Teachers who promote the acceptance of disabilities effect on the formation of positive attitudes with peers (22- 23), as well as peer support and positive experience of socializing, have supportive and protective effects on children with disabilities (24).
For persons with SCI, it is more important to consider the necessary adjustments by teachers than by their peers. According to the Slovenian law, teachers must obey the necessary adjustments in inclusive schools and implement them during the educational process.
Friend’s enrollment in the educational institution is marked as a less important factor. It can be assumed, that answers were affected by the positive experience of socializing and friendship with their peers, which acted protectively and supporting (25).
|
Заклучок
|
|
Conclusion
|
Во нашето истражување беа проучувани ефектите кои ги има ПРС врз прифаќањето на одредени решенија кои влијаат на професионалните избори. Нас нè интересираа факторите кои имаат влијание врз изборот на образовна институција и професионално занимање на луѓето со хронично ПРС. Првиот фактор е поврзан со пристапноста и приспособувањето на образовната институција или работното место. Вториот фактор е поврзан со социјализацијата.
Сознанијата кои беа добиени од истражувањето укажуваат дека посакуваното работно место не е пристапно за скоро половина од испитаниците поради нивното ПРС. Значајните ефекти од ПРС се претставени од страна на оние кои се здобиле со овие инвалидитети за време на нивното детство и адолесценцијата. Поради повисоката просечна возраст на испитаниците (46,2 години) ние претпоставуваме дека водичот за нивната кариера е медицинскиот модел, каде почетната точка за професионалните избори е неспособноста или инвалидноста, кои треба нужно да бидат лечени и третирани. За лицата со инвалидитет, инклузивната парадигма на насоките во кариерата, која се гради врз основа на јаките страни, мотивите, интересите, способностите, вештините, вредностите и знаењето на една индивидуа, се применува посоодветно и одговорно во последните пет години. Затоа повеќе индивидуи кои имаат ПРС, по завршување на своето образование, се задоволни со нивната професија. Резултатите ја нагласуваат важноста на континуираната поддршка за лицата со инвалидитет за време на нивното образование.
Поголемиот дел од испитаниците поради ПРС се соочени со порано пензионирање и со дополнителен стрес поради промените во финансиската, социјалната и емоционалната област во нивните животи. Лицата кои страдаат од потешки заболувања на ПРС се позадовални од својата професија бидејќи повеќето од нив се пензионирани и затоа не се соочуваат со конкуренцијата на пазарот на трудот.
Лицата кои страдаат од помали заболувања на ПРС се помалку задоволни од нивната професија. Сето ова е претпоставка бидејќи ограничувањата кои ги наметнува инвалидитетот и истите тие се поврзуваат со помалата пристапност до посигурни и поатрактивни работни позиции. Република Словенија треба да се стреми кон добивање финансиски извори од Европскиот социјален фонд, со цел да се обезбедат еднакви можности за лицата со инвалидитети во сите сфери на животот.
Резултати на нашето истражување го потврдуваат значењето на пристапноста на изградената средина и социјалната интеграција на патот кон професионалната кариера на лицата со ПРС. Поради конкурентноста на пазарот на трудот и нејзината поврзаност со невработеноста на лицата со ПРС, потребно е патот кон професионалната кариера да биде овозможен за овие лица, пат кој ќе биде земен предвид и ќе биде внимателно одбран во согласност со нивните јаки страни и во согласност со областа кои ја преферираат лицата, а не во согласност со нивниот инвалидитет. Ќе постојат тешкотии во натпреварот со нивните врсници. Како и да е, нивната самодоверба може многу брзо да се намали, поради бројните неуспеси при барањето на работа и константната стигматизација (5,27).
Факторите кои се поврзани со достапноста и приспособеноста за лицата со ПСР имаат големо влијание врз професионалниот избор. За лицата со ПРС, најважно е да се обезбедат услови за основна хигиена (пристапни тоалети) и пристапност до училниците во образовните институции и на работните места. Во контекстот на просторните законодавства, Владата треба да им овозможи на луѓето со физички инвалидитет пристапност до услуги, добра и изградена средина во сите области на нивниот живот и работа, што е предуслов за социјална инклузија, т.е. вклученост.
Помеѓу факторите на социјализација кои влијаат врз професионалниот избор, лицата со ПРС во најголема мера ја нагласиле прифатливоста на инвалидитетот од страна на наставниците и нивните врсници, почитувањата на неопходните приспособувања од страна на нивните наставници и поддршката од страна на семејството при изборот на одредена професија. Само високиот степен на социјална интеграција на лицата со инвалидитети води кон вработување (7). Во иднина, поголемо влијание треба да се даде на вклученоста во директната социјална средина, во однос на свеста, разбирањето и прифаќањето на инвалидитетот. Во прилог, потребно е да се зголеми поддршката за инклузивното образование на младите со инвалидитети во редовните училишта.
Најголемото ограничување на истражувањето (28) се однесува на прегледот на лицата со ПСР, кое се однесува само на дел од групата на лица со физички инвалидитет, па би било логично истражувањето да се прошири и на лица со други видови физички хендикеп. Просечната возраст на испитаниците беше висока. Во прилог на тоа, голем процент од испитаниците се пензионери и немаат желба за образование или професионална кариера. Поради тоа е логично да се прошири истражувањето на помладите генерации, и двете групи и оние кои сè уште се дел од образовниот процес, како и оние кои од неодамна го завршиле својот образовен процес и станале дел од пазарот на трудот.
|
|
In our research, the effects of the SCI on one’s acceptance of compromises in the occupational choice were investigated. We were interested in factors that effect on the choice for the educational institution and the occupation of the people with chronic SCI. The first one is related to the accessibility and adjustment of an educational institution or the workplace. The second one is connected with socialization.
The research findings indicate that the desired occupation is inaccessible for almost half of the respondents due to the SCI. The significant impacts of SCI are present by those who got disability during the childhood and the adolescence. Because a higher average age of the respondents (46.2 years) we assume that their career guidance is based on the medical model, where the starting point for the career choices is inability or disability, which have to be treated necessarily. For the persons with disabilities, the inclusive paradigm of the career guidance, which is built on strengths, motives, interests, abilities, skills, values and knowledge of an individual, enforces more appropriately and responsibly in the last few years (5). Therefore, more individuals who got SCI after finishing the education are satisfied with their occupation. The results highlight the importance of the support continuum to the persons with disabilities throughout the education (26).
The larger part of the respondents due to SCI confronted with early retirement and with the additional stress due to changes in the financial, social and emotional area (6). Persons who suffer from SCI at the higher levels are more satisfied with their occupation because they are mostly retired, and therefore, they do not face competition on the labor market. Persons who suffer from SCI at the lower levels are less satisfied with their occupation. This is assumed because the restrictions posed by the disability and with it associated poorer access to a reliable and more attractive workplace. The Republic of Slovenia should strive for obtaining financial sources from the European Social Fund with a view to ensure to persons with disabilities equal opportunities in all spheres of life.
The results of our study confirm the importance of accessibility of the built environment and social integration on the career path of persons with SCI. Because of the competitiveness of the labor market and the associated unemployment of persons with SCI, a career path should be enabled, which will be carefully considered and chosen according to their strengths and preferential field and not according to their disability. It will be difficult to compete with their peers. However, their self-esteem can lower quicker because of numerous failures during the job search and constant stigmatization (5, 27).
The factors, related to accessibility and adjustment for persons with SCI have great influence on the occupational choice. For persons with SCI, the most important are to ensure the conditions for basic hygiene (accessible toilets) and the accessibility of classes in the educational institution and at the workplace. In the context of spatial legislation, The Government should enable people with the physical disability the access to services, goods and built environment in all areas of life and work, which is a precondition for social inclusion.
Among the socialization factors that influence the occupational choice, persons with SCI largely stressed the acceptance of disability by teachers and their peers, respect the necessary adjustments by their teachers and family support by choosing an occupation. Only a high level of social integration of people with disabilities leads to employment (7). In the future, much more attention should be given to the inclusion in the direct social environment, in the terms of awareness, understanding, and acceptance of disability. In addition, the support to the inclusive education of youth with disabilities in mainstream schools should be increased.
The greatest limitation of the research (28) is placed on the examination of the persons with SCI, which is only one part of the group of persons with physical disabilities, so it would make sense to extend the research on persons with other types of physical disabilities. The average age of the respondents was high. In addition, a high percentage of the respondents are retired and they have no desire to education or career. Reasonably, the research should be therefore extended on the generation of the young persons, both, those who are still in the process of the education as well as those who have the education process recently completed and have become a part of the labor market.
|
Конфликт на интереси
Авторите изјавуваат дека не постои конфликт на интереси.
|
|
Conflict of interests
Authors declares no conflict of interests
|
Citation: Filder A, Schmidt M. The factors of occupational choice of persons with chronic spinal cord injury in the Republic of Slovenia. J Spec Educ Rehab 2017; 18(3-4):5-24. doi: 10.19057/jser.2017.23
|
|
|
Article Level Metrics
|
|
|
Референци/References
|
|
|
-
Jachova Z, Grut L, Valso Eide C, Tyrmi G, Karovska A. “Workplaces for All” a Pilot Study on Employment and Working Conditions for People with Disabilities in Macedonia. J Spec Educ Rehab 2006; 7(3-4): 45–56.
-
Zakon o zaposlitveni rehabilitaciji in zaposlovanju invalidov (ZZRZI). Uradni list RS, št. 16/2007.
-
Revizijsko poročilo: Zaposlovanje invalidov v Republiki Sloveniji. Ljubljana, 2011. Available from http://www.rs-rs.si/rsrs/rsrs.nsf/I/KCCA6596C1FC2 D20FC125786C003CFE01/$file/ZAPINV_RSP06-09.pdf [Accessed on 2017 May 20].
-
Krajnc T. Učenci s posebnimi potrebami. Prehod mladih s posebnim potrebami iz šole na trg dela. Šolsko svetovalno delo 2014. XVIII (1–2): 46–50.
-
Drobnič J. Razvoj modela poklicne orientacije za osebe s posebnimi potrebami. Dissertation. Koper: Univerza na Primorskem, Pedagoška fakulteta, 2014.
-
Jakin S, Kajdiž K, Rakuša A. Kako na posameznika vpliva predčasen ali nenapovedan zaključek aktivne zaposlitve. Boštjančič E, Delić L editors. Zaključevanje kariere – od teorije k praksi. Ljubljana: Univerza v Ljubljani, Filozofska fakulteta, 2014, p. 169–184.
-
Kobal Tomc B, Smolej S, Nagode M, Richard S, Černič Mali B, Kerbler BK et al. Dostopnost grajenega in komunikacijskega okolja kot predpogoj za socialno vključevanje invalidov. Ljubljana: Inštitut RS za socialno varstvo, 2008.
-
Murray P. Hello! Are you listening? Disabled teenager‘s experience of access to inclusive leisure. York: Joseph Rowntree foundations, 2002.
-
Elliott TR, Uswatte G, Lewis L, Palmatier A. Goal instability and adjustment to physical disability. Journal of Counseling Psychology 2000. 47 (2): 251–265.
-
Raudeliunaite R, Gudžinskiene V. Factors influencing the professional development of people with disabilities. CERI2015 Proceedings: 8th International Conference of Education, Research and Innovation. 18-20 November, 2015, Seville, Spain, 2015.
-
Vornholt K, Uitdewilligen S, Nijhuis FJN. Factors affecting the acceptance of people with disabilities at work: A literature review. Journal of Occupational Rehabilitation 2013. 23 (4): 463–475.
-
Cakić M. Barriers That Young People With Disabilities Face In Republic Of Macedonia; Abstract. J Spec Educ Rehab 2013. Available from http://jser.fzf.ukim.edu.mk/ [Accessed on 2017 March 11].
-
Schmidt M, Čagran B. Gluhi in naglušni učenci v integraciji/inkluziji. Maribor: Slavistično društvo, 2006.
-
EIHessen SS. Self-efficacy and career choice among students with physical disabilities n postsecondary education. Dissertation. Faculty of the Rossier School of Education, University of Southern California, 2000.
|
|
-
Tenenbaum RZ, Byrne C J, Dahling J J. Interactive effects of physical disability severity and age of disability onset on RIASEC self-efficacies. Journal of Career Assessment 2014. 22 (2): 274–289.
-
Lopez-Gavira R, Moriña A, Melero-Aguilar N, PereraRodríguez VH. Proposals for the improvement of university classrooms: The perspective of students with disabilities. Procedia - Social and Behavioral Sciences 2016. 228: 175–182.
-
Nacionalne usmeritve za izboljšanje dostopnosti grajenega okolja, informacij in komunikacij za invalide (2006). Uradni list RS, št. 24/05.
-
Prudič T. Inkluzija skozi poklicno orientacijo v osnovni šoli. Magistrsko delo. Koper: Univerza na Primorskem, Pedagoška fakulteta, 2012.
-
Repanšek Z. Analiza dejavnikov, ki vplivajo na izbiro srednje šole, in analiza ocene kakovosti šolske svetovalne službe. Sodobna pedagogika 2009. 60 (3): 134–154.
-
Hitchings WE, Luzzo DA, Ristow R, Horvath M, Retish P, Tanners A. The career development needs of college students with learning disabilities: In their own words. Learning Disabilities 2001. Research & Practice. 16 (1): 8–17.
-
Košir, K. Socialni odnosi v šoli. Maribor: Subkulturni azil, zavod za umetniško produkcijo in založništvo, 2013.
-
Schmidt M. Socialna integracija otrok s posebnimi potrebami v osnovno šolo. Maribor: Pedagoška fakulteta Maribor, 2001.
-
Marentič Požarnik B. Temelj uspešnega vključevanja učencev s posebnimi potrebami so ustrezno usposobljeni učitelji. Sodobna pedagogika 2003. 54 (Posebna izdaja): 104–113.
-
Filipčič T. Diplomant na Fakulteti za šport najbo usposobljen pri delu z osebami s posebnimi potrebami. Uvodnik. Šport 2006. 54 (1), 3–4.
-
Fabrizio-Filipič N. Stališča zdravih otrok do otrok s posebnimi potrebami. Destovnik K editor. Uresničevanje integracije v praksi: Vzgoja in izobraževanje otrok s posebnimi potrebami. Ljubljana: Center Kontura, 1997, p. 259–270.
-
Roessler RT, Brolin DE, Johnson JM. Barriers to the implementation of career education for special education. Journal of Career Development 1992. 18 (4): 271–282.
-
Gebhardt M, Mora JG, Schwab S. Physical disability, stigma, and physical activity in children: a replica study. J Spec Educ Rehab 2016; 17(1–2):101–117. doi: 10.19057/jser.2016.6.
-
Fidler A. Izobraževalne možnosti oseb z gibalno oviranostjo na področju športa. Master dissertation. Maribor: Univerza v Mariboru, Filozofska fakulteta, 2016.
|