ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ КАЈ ЛИЦАТА СО МЕНТАЛНО НАРУШУВАЊЕ

 

Миодраг ВУЈОВИЌ

 

Филозофски факултет
Институт за дефектологија - Скопје,
Македонија

 

INTELLECTUAL DISABILITY IN INDIVIDULAS WITH MENTAL DISORDERS

 

Miodrag VUJOVIKJ

 

Faculty of Philosophy,
Institute for special education and rehabilitation
– Skopje, Republic of Macedonia

 

Примено: 28.6.2017
Прифатено: 5.7.2017

 

 

Recived: 28.6.2017
Accepted: 5.7.2017

 

Резиме
М-р Миодраг Вујовиќ го одбрани својот магистерски труд на 9.6.2017 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, пред комисија во состав: проф. д-р Владимир Трајковски, проф. д-р Горан Ајдински, проф. д-р Зоран Киткањ

 

 

Abstract
Miodrag Vujovic, M.Sc. defended his master thesis on 09/06/2017 at the Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy, University “Ss. Cyril and Methodius “ – Skopje in front of a commission composed of: Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, Prof. Dr. Goran Ajdinski, Prof. Dr. Zoran Kitkanj

 

Вовед: За успешен третман на кое било нарушување, состојба или болест потребна е навремена детекција и точна дијагностика. Токму ова недостасува кај лицата со двојна дијагноза на интелектуална попреченост и ментално нарушување, како во Македонија така и ширум светот. За да се надминат недостатоците во третманот, како и да се подобри квалитетот на живеење на овие лица, потребно е истите навреме да бидат детектирани, а потоа да се пристапи кон дијагностицирање и изработка на план за третман на истите.
Цел: Главната цел на ова истражување е добивање резултат за застапеноста на интелектуалната попреченост, кај институционализирани лица со ментални нарушувања и тоа врз основа на видот на менталното нарушување, возраста и полот на лицето.
Исто така, една од главните цели претставува и приказот на менталната детериорација кај лицата со ментално нарушување, како и нејзината поврзаност со возраста на лицата со ментално нарушување. Покрај основните цели, ова истражување како и истражувањата на оваа тема ширум светот, треба да послужат за подигање на свесноста за разновидноста и атипичната презентација на пациентите со двојна дијагноза на интелектуална попреченост и ментално нарушување.
Методологија: За остварување на целта и на задачите на ова истражување беа тестирани 50 лица со различна дијагноза на ментално нарушување, различна возраст и пол. Примерокот кој учествуваше во ова истражување беше пригоден примерок, односно лица кои во моментот на истражувањето беа хоспитализирани во подолунаведената јавна здравствена установа. Истражувањето се одвиваше во ЈЗУ Психијатриска болница ,,Скопје“ од Скопје. За прибирање на податоците во ова истражување како и за постигнување на целите на истражувањето, беа користени два метода, три техники на истражување и два инструмента. Од методите во текот на ова истражување се користеа метод на компаративна анализа и метод на корелативна анализа, додека од техниките беа користени анализа на документација, тестирање и анкета. Како најпогодни инструменти за ова истражување се одлучив за тестот за мерење на коефициентот на интелигенција и степенот на ментална детериорација кај испитаниците - Витим (Векслеров индивидуален тест на интелигенција за македонска популација) и Демографски прашалник со кој се утврдуваа основните демографски карактеристики на испитаниците. Со помош на овие два инструмента беа добиени најбитните податоци за постигнување на целите на истражувањето кои понатаму се обработија и од кои произлегоа резултатите од истражувањето.
Резултати: Обработката на податоците во студијата покажа дека значаен дел од лицата со ментално нарушување немаат интелектуална попреченост како втора дијагноза (p=0,0001), но кај популацијата со ментални нарушувања во значајно поголема мера ќе има појава на интелектуална попреченост во споредба со општата популација (p=0,00096).
Видот на менталното нарушување влијае на појавноста на интелектуална попреченост (p=0,015). Полот (p=0,683) и возраста (p=0,669) на лицата со ментално нарушување не влијаат на појавноста и степенот на интелектуална попреченост. Не постои статистички значајна поврзаност помеѓу појавноста и степенот на ментална детериорација и интелектуалната попреченост кај лицата со ментално нарушување (p=0,921) и појавноста на истата не зависи од полот (p=0,606) и возраста (p=0,649) на лицата со ментално нарушување.
Заклучок: Со оглед на тоа дека во установите за лица со ментални нарушувања постои голем број лица кои покрај менталното нарушување имаат и интелектуална попреченост како втора дијагноза, може да се каже дека се потребни уште многу истражувања кои со своите резултати ќе помогнат подобро да се разберат состојбата и потребите на овие лица, со што би се подобрила и дијагностиката и третманот, како и квалитетот на нивното живеење.

 

 

Introduction: A successful treatment of any disorder, condition or disease requires timely detection and accurate diagnostics. This is precisely what is missing in individuals with a dual diagnosis of an intellectual disability and a mental disorder, both in Macedonia and worldwide. In order to overcome the deficiencies in the treatment, and to improve the quality of life for these individuals as well, they should be detected on time and then approached with diagnosing and preparation of a plan for treating them.
Goal: The main goal of this research is obtaining a result of the presence of intellectual disability among institutionalized individuals with mental disorders on the basis of the type of mental disorder, the age and the gender of the person. Also, one of the main goals is presenting the mental deterioration in individuals with mental disorders, as well as its connection with the age of the individuals with mental disorder.
Despite having the basic goals, this research, as well as research on this subject from all over the world, serves as an example for raising the awareness about the diversity and atypical presentations of the patients with a dual diagnosis of intellectual disability and mental disorder.
Methodology: For achieving the goal and tasks of this research, 50 individuals with different diagnosis of mental disorder, different age and different gender were tested. The sample that took part in this research was a suitable sample, i.e. individuals that during the research were hospitalized in the below mentioned public health institution. The research took place in PHI Psychiatric Hospital „Skopje“ from Skopje. For collecting the data in this research, as well as for achieving the goals of the research, two methods, three research techniques and two instruments were used. The methods that were used during this research included the method of comparative analysis and the method of correlation analysis, while the techniques included analysis of documentation, testing and survey. As the most suitable instruments for this research, I decided to use the test for measuring the IQ and level of mental deterioration of the respondents – WAIS (Wechsler Adult Intelligence Scale for the Macedonian population) and Demographic questionnaire which determined the basic demographic characteristics of the respondents. With the help of these two instruments, the most important data for achieving the research goals were obtained, which were further processed and gave the end results of this research.
Results: The processing of the data from the study showed that a significant proportion of the individuals with mental disorders do not have intellectual disability as a second diagnosis (p=0,0001), however in the population with mental disorders there will be an appearance of intellectual disability in a significantly greater extend in comparison to the general population (p=0,00096). The type of mental disorder has an effect on the appearance of intellectual disability(p=0,015). The gender (p=0,683) and the age (p=0,669) of the individuals with mental disorders are not affecting the appearance and the level of intellectual disability. There is no statically significant connection between the appearance and the level of mental deterioration and intellectual disability in individuals with mental disorders (p=0,921) and its appearance does not depend on the gender (p=0,606) and age (p=0,649) of the individual with a mental disorder.
Conclusion: Considering the fact that there are a great number of people in the institutions for individuals with mental disorders, who despite having a mental disorder also have an intellectual disability as a second diagnosis, a lot more research is needed which will be beneficial for the better understanding of the condition and needs of these individuals, thus improving the diagnostics and the treatment, as well as the quality of their life.


Клучни зборови: интелектуална попреченост, ментално нарушување, ментална детериорација, Витим (Векслеров индивидуален тест на интелигенција за македонска популација).

 


Keywords: intellectual disability, mental disorder, mental deterioration, WAIS (Wechsler Adult Intelligence Scale for the Macedonian population).


Адреса за кореспонденција:
Миодраг ВУЈОВИЌ
ул „Христо Татарчев“ бр. 47/3-36
Скопје, Македонија
Е-пошта: vujovicmile@yahoo.com

 


Corresponding Address:
Miodrag VUJOVIKJ
Street "Hristo Tatarchev" No. 47/3-36
Skopje, Macedonia
E-mail: vujovicmile@yahoo.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in