JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 12182
КОНФЕРЕНЦИЈА: ПОМОШ И ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ
Филип ЈУРТОСКИ
Македонско научно здружение за аутизам, |
|
CONFERENCE: HELPING AND SUPPORTING PARENTS WITH CHILDREN WITH AUTISM SPECTRUM DISORDER
Filip JURTOSKI
Macedonian Scientific Socitey for Autism |
Примено: 12.9.2017 |
|
Recived: 12.9.2017 |
Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) ја заврши втората година од спроведувањето на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ заедно со своите партнерски здруженија и универзитети од Велика Британија, Хрватска, Кипар и Белгија. Проектот уште од самиот почеток има цел да спроведе обуки кои се специјално наменети за родители на деца со аутизам и обработуваат теми кои родителите сами ги имаат одбрано во претходно спроведено истражување за нивните потреби за знаење од одредени специфични области од аутистичниот спектар на нарушувања (АСН). Досега се одржани пет обуки, а до крајот на проектот планирани се уште две обуки кои ќе бидат спроведени во Битола и најверојатно во Дебар. Како една од целите на проектот е одржување конференции во секоја држава партнер каде што се информира пошироката јавност за проектот и неговите достигнувања, како и кои методи и начини треба да се имплементираат за да се подобри состојбата на лицата со АСН и нивните семејства. Следната таква конференција ќе се одржи на 1 ноември во Музејот на македонската борба за самостојност и независност во Скопје и таа ќе биде пред сè наменета за родители на деца со АСН и професионалци од областа на АСН. Сите заинтересирани ќе можат да се пријават на е-поштата president@mssa.org.mk, или онлајн да пополнат Гугл формулар. На конференцијата ќе презентираат проф. д-р Дејвид Прис од Универзитетот во Нортхемптон од Англија, Рон Фортуна од организацијата Таргет аутизам од Англија, Анџела Капер од организацијата Таргет аутизам од Англија, Јулија Хардкејсл (родител) од Аутизам концерн од Англија, Анџела Винстанли од ААСП од Кипар, д-р Јасмина Трошанска, Филип Јуртоски и проф. д-р Владимир Трајковски од МНЗА од Република Македонија. |
|
The Macedonian scientific society for autism (MSSA) has finished conducting the second year of the project „Equity and social inclusion through positive parenting“ together with their partner organizations and universities from Great Britain, Croatia, Cyprus and Belgium. From the very beginning, the project has the goal to conduct training sessions which are specifically designed for parents of children with autism and who look into subjects and areas which the parents themselves have chosen through previous conducted research based on their need for knowledge for certain specific areas of the autistic spectrum disorder (ASD). So far there have been 5 training sessions that were held, and there are 2 more training sessions that are planned to be held until the end of the project which will be conducted in Bitola and probably Debar. As one of the goals of the project is to hold conferences in each partner country where we inform the wider public about the project and its achievements, as well as which methods and in which ways should be implemented so that we improve the condition of the people with ASD and their families. The next conference that will be held is on the 1st of November in the Museum of the Macedonian Struggle for Independence in Skopje, and it will be intended primarily for parents of children with ASD and professionals from the field of autism. All that are interested may apply on the e-mail president@mssa.org.mk, or fill out a google form online. At the conference there are lecturers who will present their presentations, such as Prof. Dr. David Preece form the University of Northhampton from England, Ron Fortuna from the organization Target Autism from England, Angela Capper from the organization Target Autism from England, Julia Hardcastle (parent) from England from the organization Autism Concern, Angela Winstanley from AASP from Cyprus, Dr. Jasmina Trosanska, Filip Jurtoski and Prof. Dr. Vladimir Trajkovski from MSSA from Republic of Macedonia. The number of projected participants is 120 people. At the moment of the writing this, more than half of the places are already reserved. We are expecting you! |
Адреса за кореспонденција: |
|
Corresponding address: |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE