РОДИТЕЛСКОТО ПРИФАЌАЊЕ / ОТФРЛАЊЕ И ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИ СО И БЕЗ ДЕЛИКВЕНТНО ОДНЕСУВАЊЕ

 

Орхидеја ШУРБАНОВСКА
Зоран КИТКАЊ
Наташа РИСТОВСКА

 

Универзитет Св. Кирил и методиј, Скопје,
Република Македонија, Институт за психологија,
Филозофски факултет

 

PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR

 

Orhideja ŠURBANOVSKA
Zoran KITKANЈ
Natasha RISTOVSKA

 

Ss. Cyril and Methodius University, Skopje, Republic
of Macedonia, Institute of Psychology, Faculty of
Philosophy

 

Примено: 28.4.2017
Прифатено: 28.8.2017

 

 

Recived: 28.04.2017
Accepted: 28.08.2017
Original article


 

Резиме

 


 

Abstract

 

Вовед: Во овој труд се истражува родителското прифаќање или отфрлање и емоционалната интелигенција кај малолетниците со и без деликвентно однесување.
Цели: Целта на овој труд e да се истражи разликата помеѓу родителското прифаќање/ отфрлање (од страна на мајката и посебно од страна на таткото) и емоционалната интелигенција помеѓу малолетниците со и без деликвентно однесување, како и поврзаноста на овие две варијабли.
Методи: Истражувањето беше спроведено на две групи адолесценти и тоа 30 испитаници кои издржуваат казна затвор за деца и /или воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, на возраст од 14 до 18 години и 40 испитаници кои се ученици во средно училиште, на иста возраст. Во ова истражување термините малолетници и адолесценти се однесуваат на лица на возраст од 14 до 18 години. Сите испитаници се од машки пол. Беа користени мерните инструменти: Прашалник за родителско прифаќање/отфрлање и UEK 45.
Резултати: Малолетниците со и без престапничко однесување значајно се разликуваат во однос на перципирањето на родителското прифаќање (од мајката и од таткото), агресивноста, занемарувањето и неиздиференцираното одбивање. Чувството на отфрленост од родителите е поприсутно кај малолетниците со престапничко однесување отколку кај оние без такво однесување. Исто така, малолетниците со престапничко однесување имаат пониска емоционална интелигенција за разлика од нивните врсници без такво однесување. Пронајдени се позитивни поврзаности помеѓу родителското прифаќање и емоционалната интелигенција.
Заклучок: Малолетниците со деликвентно однесување доживеале помало прифаќање и поголемо отфрлање од родителите и имаат пониска емоционална интелигенција од нивните врсници без деликвентно однесување. Генерално, родителското прифаќање е поврзано со повисок степен на емоционална интелигенција.

 

 

Introduction This paper analyzes the parental acceptance or rejection and the emotional intelligence among adolescents with and without delinquent behavior.
Objectives: The primary objective of this study is to explore the differences between parents’ acceptance/rejection (by mother and father, respectively) and the emotional intelligence among adolescentswith and without delinquent behavior, as well as the correlation between parents’ acceptance/rejection (by mother and father, respectively) and the emotional intelligence among minors with delinquent behavior.
Methods: The survey was conducted on two groups of adolescents, that is, 30 respondents serving a prison sentence for minors and/or have been imposed an educational measure of referral to an Educational and Correctional Facility aged 14 to 18, and 40 respondents that are secondary school students at the same age. In this research, the terms minors and adolescents both refer to persons aged 14-18 years. All respondents were males. The following measuring instruments were used: Parental Acceptance/Rejection Questionnaire and a Questionnaire for Measuring Emotional Intelligence – 45.
Results: Minors with and without delinquent behavior differ considerably in terms of perceiving parental acceptance (by the mother and by the father), aggressiveness, neglect and undifferentiated rejection. The feeling of being rejected by the parents is more common among minors with delinquent behavior than in those without such behavior. Furthermore, minors with delinquent behavior have lower emotional intelligence compared with their peers without delinquent behavior. Positive associations were found between parental acceptance and emotional intelligence.
Conclusion: Minors with delinquent behavior have experienced lower acceptance and higher rejection from the parents and have lower emotional intelligence than their peers without delinquent behavior. In general, parental acceptance is associated with higher emotional intelligence.


Citation: Šurbanovska O, Kitkanj Z, Ristovska N. Parental acceptance / rejection and emotional intelligence among adolescents with and without delinquent behavior. J Spec Educ Rehab 2017; 18(3-4):55-71. doi: 10.19057/jser.2017.26

   

Клучни зборови: родителско прифаќање/отфрлање, емоционална интелигенција, адолесценти (малолетници) со и без деликвентно однесување.

 


Keywords: parental acceptance/rejection, emotional intelligence, adolescents (minors) with and without delinquent behavior


Адреса за кореспонденција:
Орхидеја ШУРБАНОВСКА
Институт за психологија, Филозофски факултет, Универзитет
„Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Република Македонија
Е-пошта: surbanovska@yahoo.com

 


Corresponding address:
Orhideja ŠURBANOVSKA
Institute of Psychology, Faculty of Philosophy, „Ss. Cyril
and Methodius“, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
E-mail: surbanovska@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in