JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6615
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
Маја ФИЛИПОВСКА
Институт за дефектологија |
CELEBRATION OF DECEMBER 3RD – THE INTERNATIONAL DAY OF PERSONS WITH DISABILITIES Maja FILIPOVSKA
Institute of special edukaction and rehabilitation |
Примено: 20.12.2017 Прифатено: 27.11.2017 |
Recived:20.12.2017 Accepted:27.11.2017 |
Институт за дефектологија при Филозоф- ски факултет во Скопје традиционално секоја година го одбележува 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. По тој повод на 1.12.2017 година во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржа тркалезна маса на тема „Трансформација кон одржливо и флексибилно општество“, согласно официјалната овогодишна тема на Организацијата на Обединетите нации. Во фокусот беше иднината на лицата со инвалидност корисници на установите од областа на социјална заштита и посебните основни и средни училишта и трансформацијата на овие институции кои несомнено мора да ги следат современите текови. Учесници на тркалезната маса беа сите чинители во процесот на трансформацијата (претставници од Министерсво за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, претставници од посебните училишта и заводите и сите државни институции). Традиционално секоја година во рамки на одбележувањето на овој денФондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“ доделува награда за посебни достигнување од областа на дефектолошката теорија и практика. И годинава проф. Љупчо Ајдински, истакнат професор во пензија и хуманист, додели признанија за највисоко рангиран студент при уписот на Институт за дефектологија, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор со највисок просек од теконата година, како и две признанија за наголем придонес во земјава и регионот. Покрај организацијата на тркалезната маса, на 3.12.2017 година, Институтот за дефектологија го одбележа Меѓународниот ден на лицата со инвалидност и со организација на работилница „Даруваме од срце“ за изработка на новогодишни честитки. Собраните средства од овој настан беа донирани за младинците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци Скопје за да можат да го оплеменат својот нов дом. |
The Institute of special education and rehabilitation at the Faculty of philosophy in Skopje every year celebrates December 3rd, the International Day of Persons with Disabilities. On that occasion, on 1.12.2017 at the Rectorat of the University “Ss. Cyril and Methodius” was held a round table with the main topic “Transformation towards sustainable and resilient society for all”, according to this year’s official theme of the UN organization. The main focus was put on the future of the persons with disabilities as users of the institutions in the field of social protection and special elementary and secondary schools and transformation of these institutions which should be following the current trends. Participants on the round table were all relevant stakeholders in the process of transformation (representatives from the Ministry of labor and social policy, Ministry of education and science, representatives from special schools and other relevant state institutions). Traditionally every year, within the celebration, the foundation “Prof. d-r Lupco Ajdinski” gives a special achievement award in the field of special education and rehabilitation theory and practice. This year as well, Ljupco Ajdinki, PhD, prominent retired professor and humanist, awarded honors for the highest-ranking student at the Institute of Special Education and Rehabilitation, graduated special educator and rehabilitator with the highest average of the current year, as well as two awards for the greatest contribution in the country and the region. Besides the organization of the round table, on 3.12.2017, the Institute of Special Education and Rehabilitation celebrated the International Day of Persons with Disabilities by organizing a workshop “Donate from the heart” for preparation of New Year's cards. The collected funds from this event were donated to the youth from the Institute for Rehabilitation of Children and Youth in Skopje so that they can furnish their new home. |
Адреса за кореспонденција: |
Corresponding address: |
Маја Филиповска |
Maja Filipovska |
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
University “Ss. Cyril and Methodius” |
Филозофски факултет |
Faculty of philosophy |
Институт за дефектологија |
Institute of special education and rehabilitation |
Бул. „Гоце Делчев“ 9а |
Blv. Goce Delcev 9a |
1000 Скопје |
1000 Skopje |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE