JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 24097
РАЗВОЈ НА ФОНОЛОШКАТА СВЕСТ КАЈ ДЕЦА ШТО ПЕЛТЕЧАТ
Лејла БЕГИЌ
Универзитет во Тузла, |
|
DEVELOPMENT OF PHONOLOGICAL AWARENESS OF STUTTERING CHILDREN AND CHILDREN WITH FLUENT SPEECH
Leila BEGIC
University of Tuzla, |
Примено: 17.07.2013 |
|
Recived: 17.07.2013 |
|
|
|
Резиме |
|
Abstract |
|
|
|
Целта на оваа студија е да се одредат карактеристиките на фонолошката свест кај деца што пелтечат и деца што зборуваат течно. Примерокот се состоеше од 64 деца на возраст меѓу 56 и 84 месеци (од 4 години и 8 месеци до 6 години и 11 месеци). Испитаниците беа поделени во две групи. Првата група се состоеше од 32 деца што пелтечат: 19 момчиња и 13 девојчиња. Контролната група се состоеше од 32 деца што зборуваат течно, полот и возраста исти како на децата од експерименталната група. Истражувањето беше спроведено во предучилишни установи и во основни училишта во Тузла и Унско-Санскиот кантон во Босна и Херцеговина. Субјектите беа испитувани со 7 поттестови (способност за поврзување слогови и фонеми, способност за римување, сегментација на фонеми, испуштање на фонеми, транспозиција на фонеми и замена на слогови). Секој од добиените резултати на поттестовите, што покажува разновидност на способности на фонолошката свест, беше испитуван поединечно. Резултатот за фонолошка свест претставува вкупниот резултат што се однесува на резултатот што го постигнале субјектите на овие 7 индивидуални поттестови. Резултатите покажаа дека не постојат статистички значајни разлики меѓу децата што пелтечат и нивните врсници што зборуваат течно во однос на резултатот за фонолошката свест. Испитувањето на разликите меѓу децата што пелтечат и децата што не пелтечат во поединечни варијабли што ја опишуваат фонолошката свест, покажа дека меѓу овие две групи постои статистички значајна разлика во способноста за римување. За испитување на разликите меѓу момчињата што пелтечат и нивните врсници што зборуваат течно, и меѓу девојчињата што пелтечат и нивните врсници што не пелтечат, беше користен т-тест. Резултатите покажаа статистички значајна разлики во варијаблата рима меѓу момчињата што пелтечат и нивните врсници што зборуваат течно. Освен тоа, беше испитувана и способноста за анализа на фонемите кај деца што пелтечат и деца што зборуваат течно. Резултатите покажаа дека не постои статистички значајна разлика меѓу децата што пелтечат и децата што не пелтечт во однос на способноста за анализа на фонемите. |
|
The aim of this study was to determine characteristics of phonological awareness of stuttering children and children with fluent speech. The sample consisted of 64 children, between 56 and 83 months old (4 years and 8 months to 6 years and 11 months). Examinees were divided in two groups. The first group consisted of 32 stuttering children, 19 males, and 13 females. The control group consisted of 32 children with fluent speech, whose age and sex were equal to the age and sex of the children in the experimental group. The research was conducted in preschools and primary schools in Tuzla and Una-Sana Canton in Bosnia and Herzegovina. The subjects were examined with 7 subtests (syllable and phoneme blending abilities, ability to rhyme, phoneme segmentation, phoneme deletion, phoneme transposition and spoonerisms). Each of the subtest scores, which index a variety of phonological awareness abilities, was examined separately. Phonological awareness score is the total score which relates to a common result that the subjects achieved on these 7 individual subtests. The results showed that there were no statistically significant differences between stuttering children and their peers with fluent speech in relation to Phonological awareness score. The examination of differences between stuttering and non-stuttering children in individual variables, which describe phonological awareness, showed that there was statistically significant difference in the ability to rhyme between these two subjects groups. T-test was used for examination of the differences between the male stuttering children and their fluent peers, and also female stuttering children and their fluent peers for the phonological awareness variables. The results exhibited statistically significant differences in the variable Rhyme between the male stuttering children and their fluent peers. In addition, we examined the ability of phonemic analysis of children who stutter and children with fluent speech. The results showed that there were not statistically significant differences between stuttering and non-stuttering children related to phonemic analysis abilities. |
|
||
|
|
|
Citation: Begic L, Mrkonjic Z, Salihovic N. Development of Phonological Awareness of Stuttering Children and Children with Fluent Speech. J Spec Educ Rehab 2014; 15(1-2):59-74. doi: 10.2478/JSER-2014-0004 |
||
Клучни зборови: деца што пелтечат, деца што зборуваат течно, развој на фонолошката свест |
|
Keywords: stuttering children, children with fluent speech, phonological awareness development |
|
|
|
Адреса за кореспонденција: |
|
Corresponding Address: |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE