JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 46578
РАЗВОЈ НА ФОНОЛОШКАТА СВЕСТ КАЈ ДЕЦА ШТО ПЕЛТЕЧАТ
Лејла БЕГИЌ
Универзитет во Тузла, |
|
DEVELOPMENT OF PHONOLOGICAL AWARENESS OF STUTTERING CHILDREN AND CHILDREN WITH FLUENT SPEECH
Leila BEGIC
University of Tuzla, |
Примено: 17.07.2013 |
|
Recived: 17.07.2013 |
|
|
|
Резиме |
|
Abstract |
|
|
|
Целта на оваа студија е да се одредат карактеристиките на фонолошката свест кај деца што пелтечат и деца што зборуваат течно. Примерокот се состоеше од 64 деца на возраст меѓу 56 и 84 месеци (од 4 години и 8 месеци до 6 години и 11 месеци). Испитаниците беа поделени во две групи. Првата група се состоеше од 32 деца што пелтечат: 19 момчиња и 13 девојчиња. Контролната група се состоеше од 32 деца што зборуваат течно, полот и возраста исти како на децата од експерименталната група. Истражувањето беше спроведено во предучилишни установи и во основни училишта во Тузла и Унско-Санскиот кантон во Босна и Херцеговина. Субјектите беа испитувани со 7 поттестови (способност за поврзување слогови и фонеми, способност за римување, сегментација на фонеми, испуштање на фонеми, транспозиција на фонеми и замена на слогови). Секој од добиените резултати на поттестовите, што покажува разновидност на способности на фонолошката свест, беше испитуван поединечно. Резултатот за фонолошка свест претставува вкупниот резултат што се однесува на резултатот што го постигнале субјектите на овие 7 индивидуални поттестови. Резултатите покажаа дека не постојат статистички значајни разлики меѓу децата што пелтечат и нивните врсници што зборуваат течно во однос на резултатот за фонолошката свест. Испитувањето на разликите меѓу децата што пелтечат и децата што не пелтечат во поединечни варијабли што ја опишуваат фонолошката свест, покажа дека меѓу овие две групи постои статистички значајна разлика во способноста за римување. За испитување на разликите меѓу момчињата што пелтечат и нивните врсници што зборуваат течно, и меѓу девојчињата што пелтечат и нивните врсници што не пелтечат, беше користен т-тест. Резултатите покажаа статистички значајна разлики во варијаблата рима меѓу момчињата што пелтечат и нивните врсници што зборуваат течно. Освен тоа, беше испитувана и способноста за анализа на фонемите кај деца што пелтечат и деца што зборуваат течно. Резултатите покажаа дека не постои статистички значајна разлика меѓу децата што пелтечат и децата што не пелтечт во однос на способноста за анализа на фонемите. |
|
The aim of this study was to determine characteristics of phonological awareness of stuttering children and children with fluent speech. The sample consisted of 64 children, between 56 and 83 months old (4 years and 8 months to 6 years and 11 months). Examinees were divided in two groups. The first group consisted of 32 stuttering children, 19 males, and 13 females. The control group consisted of 32 children with fluent speech, whose age and sex were equal to the age and sex of the children in the experimental group. The research was conducted in preschools and primary schools in Tuzla and Una-Sana Canton in Bosnia and Herzegovina. The subjects were examined with 7 subtests (syllable and phoneme blending abilities, ability to rhyme, phoneme segmentation, phoneme deletion, phoneme transposition and spoonerisms). Each of the subtest scores, which index a variety of phonological awareness abilities, was examined separately. Phonological awareness score is the total score which relates to a common result that the subjects achieved on these 7 individual subtests. The results showed that there were no statistically significant differences between stuttering children and their peers with fluent speech in relation to Phonological awareness score. The examination of differences between stuttering and non-stuttering children in individual variables, which describe phonological awareness, showed that there was statistically significant difference in the ability to rhyme between these two subjects groups. T-test was used for examination of the differences between the male stuttering children and their fluent peers, and also female stuttering children and their fluent peers for the phonological awareness variables. The results exhibited statistically significant differences in the variable Rhyme between the male stuttering children and their fluent peers. In addition, we examined the ability of phonemic analysis of children who stutter and children with fluent speech. The results showed that there were not statistically significant differences between stuttering and non-stuttering children related to phonemic analysis abilities. |
|
||
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
Пелтечењето е нарушување што влијае на говорната флуентност. Се јавува при контракција на говорните органи. Нормалниот ритам и брзина на зборување се изгубени, па затоа говорот не е течен (1). Пелтечењето е нарушување на говорот при што звуците, слоговите или зборовите се повторуваат или одолговлекуваат, отежнувајќи го нормалниот тек на говор. Овие нарушувања на говорот можат да бидат проследени и со напрегање, како брзо трепкање или треперење на усните (2). Многу фактори, вродени или надворешни, можат да дејствуваат како активатори на пелтечењето кај некои индивидуи, а подоцна можат да влијаат на напредокот на пелтечењето. Изгледа дека некои од овие фактори се дел од нормалниот развој на децата, како, на пример, брзо јавување и развој на говорот и јазичните способности за време на предучилишната возраст (3). Фонологијата е дел од јазикот што се занимава со правилата за структура, дистрибуција и поделба на звуците и формата на слоговите (4). Фонолошкиот систем управува со начините на кои звуците во еден јазик можат да се комбинираат и да формираат зборови (5). Фонолошката свест претставува металингвистичко познавање на структурата на звуците, односно свест за фонолошката структура на зборовите, фразите и речениците. Вклучува разбирање на различни начини на поделба на јазикот на помали сегменти, кои истовремено се меѓусебно поврзани и со кои може да се манипулира. Фонолошката свест подразбира способност за набљудување, манипулирање и разбирање на звуците, сѐ со цел да се говори течно (6). Тоа е свест за структурата на гласовите и се демонстрира преку способноста да се римува или повеќесложен збор да се подели на слогови (3). Когнитивните способности, долгорочната вербална меморија и разбирањето на јазикот влијаат на стекнувањето и примената на фонолошката свест. Едно дете, прво треба да разбира одреден дел од јазикот, потоа да го запамети со цел да ја применува способноста за фонолошка свест, за на крај да се реализира со говор. Извлекувањето на првиот или последниот глас бара забележување на одредени гласови во збор, поврзување на нивната позиција, препознавање на глас во одредена позиција, извлекување на одредени гласови и нивно паметење (7). Многу автори тврдат дека децата што пелтечат поверојатно е дека имаат фонолошко нарушување за разлика од нивните врсници што не пелтечат (8, 9). Во логопедијата постои верување дека фонолошките нарушувања често се јавуваат кај деца што пелтечат. Последните прегледи покажуваат дека бројот варира од една во друга студија, отежнувајќи го тврдењето колку често се јавуваат овие две нарушувања (10). Последните теории (според Eldridge, 2006) тврдат дека нефлуентноста е резултат на нарушување на процесите на фонетското и фонолошкото шифрирање (11). Говорот може најлесно да се наруши во време кога не е целосно автоматизиран (1). Клиничките набљудувања и истражувања тврдат дека пелтечењето се јавува почесто во ситуации кога децата користат понапредни форми на јазик и говор. Експерименталните истражувања покажуваат дека и децата што пелтечат и оние што не пелтечат стануваат понефлуентни како што се зголемува комплексноста на јазикот (3). Пелтечењето се манифестира кога децата почуваат да ги поврзуваат зборовите во реченици или кога почнуваат да составуваат покомплексни изрази, обично на возраст меѓу 30 и 36 месеци (9). Главната цел на ова истражување беше да ги одреди карактеристиките на фонолошката свест на деца што пелтечат и деца што не пелтечат. |
|
Stuttering is a disorder which affects speech fluency. It occurs during the contraction of vocal organs. Normal rhythm and speed of speech are lost, so the speech itself ceases to be fluent (1). Stuttering is a speech disorder in which sounds, syllables, or words are repeated or prolonged, disrupting the normal flow of speech. These speech disruptions may be accompanied by struggling behaviors, such as rapid eye blinks or tremors of the lips (2). Many factors, children’s inner factors, or environmental factors, may act as triggers for the onset of stuttering in some individuals, and then, later on, to affect the stuttering progress. It seems that some of these factors are part of normal children’s development, such as the rapid growth and development of speech and language skills during the preschool period (3). Phonology is the aspect of language concerned with the rules governing the structure, distribution and sequencing or speech sounds and the shape of syllables (4). The phonological system governs the ways in which sounds in a language can be combined to form words (5). Phonological awareness is metalinguistic knowledge of language sound structure, in other words, awareness of phonological structure of words, phrases and sentences. It includes understanding of different ways of dividing a certain language into smaller segments, which are at the same time interrelated and which can be manipulated with. Phonological awareness is a skill which implies observing abilities, manipulation and consideration of speech sounds, in order to make fluent speech (6). It is awareness of voice structure and it is demonstrated through ability to rhyme or segmenting multiple words into syllables (3). Acquisition and application of phonological awareness is affected by cognitive abilities, long-term verbal memory and language understanding. A child, first, needs to understand a certain part of speech, then to retain it in memory in order to perform the ability of phonological awareness, and in the end to perform it in speech. Extraction of the first or the last sound requires noticing individual sounds in a word, matching their position, sound recognition in certain position, extraction of certain sound, and its retention in memory (7). Many authors have reported that children who stutter are far more likely to have a phonological disorder than their peers who do not stutter (8, 9). In the profession of speech-language pathology, there is a strong belief that phonological disorders frequently occur in children who stutter. The current review indicates that frequency rates vary widely from one study to another, making it difficult to state with confidence just how often the two disorders co-occur (10). Recenttheories (according to Eldridge, 2006) suggest that speech disfluencies result from a disruption in the time-dependent processes of phonological and phonetic encoding (11). Speech is the easiest to disrupt during the time when the speech is not completely automated (1). Clinical observation and researches suggest that stuttering occurs more often in situations when children use more advanced forms of language and speech. Experimental researches show that both stuttering and non-stuttering children became more non-fluent as language complexity increases (3). Stuttering tends to manifest itself when children begin to string words together to produce sentences or when they begin to produce more complex utterances, typically beginning between the ages of 30 and 36 months (9). The main goal of this research was to determine characteristics of phonological awareness of stuttering and non-stuttering children. |
|
|
|
Методологија |
|
Methodology |
|
|
|
Во истражувањето беа вклучени 64 деца на возраст меѓу 56 и 83 месеци (од 4 години и 8 месеци до 6 години и 11 месеци). Тие беа поделени во две групи. Првата група се состоеше од 32 деца што пелтечат, 19 момчиња и 13 девојчиња (експериментална група). Котролната група беше основана според експерименталната и вклучуваше ист број деца што зборуваат течно, чиј пол и години беа еднакви со полот и годините на учесниците во експерименталната група. |
|
The research included 64 children between 56 to 83 months (from 4 years and 8 months to 6 years and 11 months). They were divided into two groups. The first group consisted of 32 stuttering children, 19 males, and 13 females (experimental group). The control group was based on the experimental group and it included the same number of children with fluent speech, whose sex and age were equal to age and sex of participants in experimental group. |
|
|
|
Варијабли |
|
Variables |
|
|
|
Анамнестички варијабли:
|
|
Anamnestic variables:
|
|
|
|
Варијабли за испитување на фонолошката свест |
|
Variables for examination of phonological awareness |
|
|
|
|
|
|
Варијаблата поврзување слогови (ПС) беше испитана така што испитаникот, откако ќе го слушне изговорениот збор, поделен на слогови од страна на испитувачот, треба да ги поврзе изговорените слогови и да го изговори целиот збор (пр.: /вра/-/та/, испитаникот треба да каже /врата/). |
|
Variable Syllable blending (SB) was examined in a way that the respondent, after hearing the spoken word, divorced into syllables by the examiner, should link the spoken syllables and pronounce the word as a whole (e.g. /win/-/dow/ respondent should say /window/). |
|
|
|
Методи |
|
Methods |
|
|
|
Истражувањето беше спроведено во предучилишни установи и во основни училишта во Тузла и Унско-Санскиот кантон во Босна и Херцеговина. Секој субјект беше третиран посебно. Тестот за фонолошка свест (2008) се состоеше од седум поттестови што беа задавани посебно (12). Овие тестови беа употребени за да се испита способноста за поврзување слогови, способноста за римување, сегментација на фонеми, испуштање на фонеми, транспозиција, замена на слогови. Секој поттест се состоеше од 6 точки за испитување. Резултатот за фонолошка свест претставува вкупниот резултат постигнат на тестот за фонолошка свест (12) и резултатите добиени на секој поединечен поттест што покажуваат различни способности на фонолошката свест, беа испитувани поединечно. Највисокиот резултат што можеше да се постигне на тестот за фонолошка свест (12) беше 42 поени. Според постигнатите резултати, субјектите можат да се групираат во една од категориите на фонолошката свест: многу слаба, слаба, потпросечна, просечна, натпросечна, супериорна, многу супериорна. Според пропозициите на тестот, давањето на нефонолошки знаци на детето треба да се избегнува, особено во делот поврзан со рима. Земајќи го предвид фактот дека детето може да биде подготвено да го дава очекуваниот одговор користејќи интонација, акцент, интензитет, правење пауза пред зборот или со говорот на телото, како, на пример, контакт со очи, беше направен напор да се избегнат сите овие елементи на тој начин што сите задачи беа презетирани рамномерно, подеднакво, без паузи. Во случај кога детето ќе го замолеше испитувачот да ја повтори задачата, имаше право на тоа само еднаш, а потоа му беше објаснето дека треба да слуша повнимателно, затоа што сите зборови/гласови можат да се повторат само еднаш. За секоја задача времето беше ограничено на 10 секунди. Со цел да се спречи децата да прават непотребни грешки, тестирањето беше прекинувано ако детето направи 8 последователни грешки (12). Поттестот анализа на фонемите беше користен за да се испита фонолошката способност. Беше земен од Тестот за развој на јазикот TOLD-P:4 (2008) (13), кој користи 22 задачи за да ја измери способноста за разделување зборови на помали фонемски единици. Дескриптивните точки поврзани со развојот на анализата на фонемите беа опишани како: многу слаба - 1, слаба - 2, потпросечна - 3, просечна - 4, натпросечна - 5, супериорна - 6, многу супериорна - 7. Од испитувачите се очекуваше да ги изговараат задачите јасно, без нагласување на гласовите (13). |
|
The research was conducted in preschools and primary schools in Tuzla and Una-Sana Canton in Bosnia and Herzegovina. Each subject was treated separately. The test of Phonological Awareness (2008) contained seven subtests which are tested individually (12). These tests were used to examine syllable and phoneme blending abilities, ability to rhyme, phoneme segmentation, phoneme deletion, phoneme transposition and spoonerisms. Each subtest contained 6 items to examine. The phonological awareness score is the total score obtained on the Test of Phonological Awareness (12), and each of the subtest scores, which index a variety of phonological awareness abilities, were examined separately. The highest achievable score in Phonological awareness test (12) was 42 points. Based on their results, subjects could be placed in one of the categories of phonological awareness classification: very low, low, low average, average, high average, high, and very high. According to test propositions, giving non-phonological signs to a child should be avoided, especially in part related to rhyme. Taking into consideration the fact that a child could be prepared to give expected answer by using intonation, stress, intensity, making pauses before words or using body language in terms of eye contact, an effort was putted to avoid all of these interfering elements in a way that all tasks were presented smoothly, equally without pauses. In cases when a child asked the examiner to repeat the task, it would be enabled once, after that it was explained that they would have to listen more carefully, because all words/sounds may be repeated only once. Time limit for every task was 10 seconds. In order to prevent children from making unnecessary mistakes, the testing was stopped in cases when a child made 8 mistakes in a row (12). Subtest Phonemic analysis was used to examine phonology ability. It was taken from Test of language development TOLD-P: 4 (2008) (13), which used 22 tasks to measure ability to separate words in smaller phonemic units. The descriptive items related to phonemic analysis development were described as: very poor-1, poor-2, below average-3, average-4, above average-5, superior-6, and very superior-7. Examiners were expected to pronounce tasks clearly without emphasizing sounds (13). |
|
|
|
Статистичка обработка на податоци |
|
Statistic data processing |
|
|
|
За статистичка обработка на податоците беше користен компјутерскиот статистички пакет SPSS 15,0. Статистички значајната прифатливост беше p < 0,05. Основните статистички параметри беа пресметувани за секоја варијабла: аритметичка средина, стандардно отстапување, минимално, максимално. Т-тестот беше користен за испитување на разликите во анализираните варијабли кај деца што пелтечат и деца што зборуваат течно. |
|
Statistical computer package SPSS 15,0 was used for statistical data processing. The statistical significance acceptance was p <0.05. Basic statistic parameters were calculated for each variable: arithmetic mean, standard deviation, minimal and maximal. For examination of differences in analysed variables between stuttering children and children with fluent speechwas used T- test. |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
|
|
|
Примерокот во ова истражување се состоеше од 64 деца на возраст меѓу 56 и 83 месеци, 32 беа деца што пелтечат, а останатите 32 беа деца што зборуваат течно. |
|
The sample of subjects in this research consisted of 64 children between 56 to 83 months, 32 subjects were stuttering children, and other 32 subjects were children with fluent speech. |
Табела 1. Дескриптивна статистика на варијабли што ја опишуваат фонолошката свест и анализата на фонеми кај субјектите |
|
Table 1. Descriptive statistics of variables, which describe phonological awareness and phonemic analysis in all subjects |
|||||||||
|
|||||||||||
|
|
|
|||||||||
Табелата 1 ги покажува резултатите од дескриптивната статистика на варијаблите, кои ја опишуваат фонолошката свест и фонетската анализа на децата што пелтечат и децата што не пелтечат. Средната вредност за варијаблата резултат на фонолошка свест кај деца што пелтечт беше 23 поени, со стандардно отстапување од 8,565, додека истата варијабла кај деца што не пелтечат беше 24,91 поени, со стандардно отстапување од 8,026 поени. Земајќи ја предвид фонолошката свест која се рангира од многу ниска до многу висока, децата што пелтечат постигнаа високо просечни и високи резултати, а децата што не пелтечат постигнаа високи резултати на тестот на фонолошка свест. |
|
Table 1. displays the results of the descriptive statistics of variables, which describe phonological awareness and phonemic analysis of stuttering and non-stuttering children. The mean value of the variable Phonological awareness score (PAS) of stuttering subjects was 23 points, with standard deviation 8,565 while the same variable for non-stuttering children was 24,91 points, with standard deviation 8,026 points. Taking into consideration the descriptive notion of phonological awareness which ranged from very low to very high, stuttering children scored between high-average and high, while non-stuttering children scored high in Phonological awareness test. |
|||||||||
Табела 2. Т-тест за варијаблата резултат на фонолошка свест и индивидуални варијабли што ја опишуваат фонолошката свест меѓу деца што пелтечат и деца што зборуваат течно |
|
Table 2.T- test for variable Phonological awareness score and individual variables, which describe the phonological awareness among stuttering children and children with fluent speech |
|||||||||
|
|||||||||||
|
|
|
|||||||||
Т-тестот беше користен за да се испита разликата меѓу субјектите во однос на способностите за фонолошка свест. Табела 2 ги покажува разликите меѓу вкупните резултати од фонолошката свест и индивидуалните варијабли, што ја опишуваат фонолошката свест кај децата што пелтечат и децата што не пелтечат. За време на анализата на варијаблите што ја испитуваат фонолошката свест, се појави статистички значителна разлика во однос на резултатите поврзани со варијаблата рима, која беше 0,014. Со други зборови, децата што пелтечат покажаа статистички ниска способност за препознавање на зборови што се римуваат, за разлика од децата што не пелтечат. |
|
T-test was used to examine differences between subject groups in phonological awareness abilities. Table 2 displays the differences between the total score of phonological awareness and the individual variables, which describe the phonological awareness in stuttering and non-stuttering children. During the analysis between variables examining phonological awareness, statistically significant difference appeared in relation to the results related to variable Rhyme (RHY), probability for which was 0,014. In other words, stuttering children showed statistically low abilities in rhyme recognition between words, as opposed to non-stuttering children. |
Article Level Metrics |
Литература/ References |
|
|
- Zečić S, Mujkanović E, Devolli A. Logopedija. Sarajevo: Connectum, 2010.
- National Institute od Deafness and Other Communication Disorders-(NIDCD) [Online]. 2010 [Cited 2013 May]. Available from: URL: http//www.nidcd.nih.gov/health/ voice/stutter.htm.
- Salihović N, Junuzović-Žunić L, Ibrahimagić A. Poremećaji glasa, govora i jezika. Tuzla: Harfo-graf, 2006.
- Owens RE Jr. Language development: An Introduction, 6th ed. New York, State University of New York, Geneseo: Pearson Education, Inc. 2005.
- Roth FP, Worthington CK. Treatment resource manual for speech-language pathology, 3th ed. New York: Thomson Delmar Learning, 2005.
- Anthony JL, Lonigan CJ. The nature of phonological awareness: Converging evidence from four studies of preschools and early grade school children. Journal of educational psychology 2004; 96 (1): 43-55.
- Sardelić S, Bonetti A, Hrastinski I. Fonološka svjesnost u djece koja mucaju. Hrvatska revija za rehabilitacijska istraživanja 2007; 43 (1): 99-105.
- Nippold MA. Stuttering and phonology: Is there an interaction? American Journal of Speech-Language Pathology 2002; 11:99-110.
- Yaruss JS, LaSalle LR, Conture EG. Evaluating Stuttering in Young Children. American Journal of Speech-Language Pathology 1998; 7: 62-76.
- Nippold MA. Phonological disorders and stuttering in children: What is the frequency of co-occurrence? Clinical Linguistics and Phonetics 2001; 15: 219-228.
- Eldridge KA. Phonological complexity and speech disfluency in young children. Dissertation. Pittsburgh: University of Pittsburgh, Department of communication science and disorders, 2006.
- Hatcher PJ. Test of phonological awareness. Snowling M, ed. In: Sound Linkage An integrated programme for overcoming reading difficulties, 2th ed. Great Britain: Ashford Colour Press Ltd., 2008:21-35.
- Newcomer PL, Hammill DD. Test of language development, 4th ed. Austin, Texas: Pro-ed., 2008.
- Shah S. Home Literacy and Phonological Awareness as Predictors of Reading Ability. The UCI Undergraduate Research Journal [Online]. 2000 [Cited 2013 Nov]; 55:63. Available from: URL: http://www.urop.uci. edu/journal/journal00/pagemaker_pdf_export/06_sheela.pdf
- Justice LM, Bowles RP, Skibbe LE. Measuring preschool attainment of print-concept knowledge: a study of typical and at-risk 3- to 5-year-old children using item response theory. Language, Speech, & Hearing Services in Schools 2006; 37 (3): 224:235.
- Howell P, Au-Yeung J. Phonetic complexity and stuttering in Spanish. Clin Linguist Phon. 2007; 21 (2): 111-127.
- Paden EP, Yairi E, Ambrose NG. Early childhood stuttering II: Initial status of phonological abilities. Journal of Speech Language and Hearing Research 1999; 42: 1113-1124.
- Byrd CT, Wolk L, Davis BL. Role of phonology in childhood stuttering and its treatment. Conture EG, Curlee RF, eds. In: Stuttering and related disorders of fluency. New York, NY: Thieme Medical Publishers, Inc. 2007:168-182.
- Gregg BA, Yairi E.Disfluency patterns and phonological skills near stuttering onset. J Commun Disord.2012; 45 (6): 426-438.
- Аnderson JD, Conture EG. Sentence-structure priming in young children who do and do not stutter. Journal of Speech Language and Hearing Research 2004; 47 (3): 552-71.
- Weber-Fox C, Spruill JE, Spencer R, Smith A. Atypical neural functions underlying phonological processing and silent rehearsal in children who stutter. Developmental Science 2008; 11(2): 321-337.
- Anderson JD, Byrd CT. Phonotactic Probability Effects in Children Who Stutter. Journal of Speech Language and Hearing Research 2008; 51(4): 851–866.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE