JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 16926
ТРИБИНА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО DOWN СИНДРОМ
Ана ПЕТКОВСКА
Студент на постдипломски студии Институт за дефектологија, Филозофски факултет, Скопје |
|
TRIBUNE ON THE INTERNATIONAL DAYOF PEOPLE WITH DOWN SYNDROME
Ana PETKOVSKA
Master degree student Institute of Special Education and Rehabilitation Faculty of Philosophy, Skopje |
Примено: 02.06.2013 Прифатено: 07.06.2013 UDK:616-056.7:575.224.232.3 (437.7) (062)
|
|
Recived:02.06.2013 Accepted:07.06.2013
|
Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА), Здружението за помош на лицата со Down синдром „Трисомија 21“од Скопје и Здружението за помош на лицата со Down синдром„Трисомија 21“ од Загреб организираа трибина по повод светскиот ден на лицата со Downсиндром во големиотамфитеатар на Филозофски факултет на 21. 03. 2013 година со почеток во 10 часот. Трибинатабешена тема Дали лицата со Downсиндром се маргинализирани или вклучени во македонското општество? Трибината сеорганизирашесо цел дасеедуцираати дасепренесатотворени ставови во насока на сензибилизирање на јавноста и надлежните министерства. Покрај стручно-научниот карактер, трибината имашеи културно-забавен карактер на кој со свои дела настапијалицатасо Downсиндром и естрадни уметници од нашата држава. Трибинатабешепренесувана во живо на интернет со поддршка од компанијата Т-Home. Во улога на водител на настанот беше Росица Колева која на почетокот ги поздрави присутните и им се заблагодари на организаторите, присутните и на сите учесници на трибината за нивната несебична поддршка која ја даваат за лицата со Downсиндром. Дека локалната самоуправа се грижи за лицата со Downсиндром се докажа преку присуството на градоначалникот на Општина Центар, г.Владимир Тодоровиќ.
|
|
The Macedonian Scientific Society for Autism (MSSA), Trisomy 21 from Skopje and Trisomy 21 from Zagreb, organized a Tribune on the occasion of the World Day of People with Down syndrome in the great amphitheater of the Faculty of Philosophy on 03/21/2013, starting at 10 am. The topic of the debate was Do people with Down syndrome are marginalized or included in the Macedonian society? The tribune was organized in order to educate and bring up open positions in order to sensibilize the public and the relevant Ministries. Besides the specialized scientific nature, the tribune had entertaining and cultural character too, wherepeople with Down syndrome performed their works. The debate was broadcasted live on the Internet by T-Home Macedonia. The host of the event was Rosica Koleva, who initially welcomed the present and thanked to theorganizers, the present and to all the participants in the debate for their generous support they give to people with Down syndrome. The presence of the Mayor of municipality Center Mr. Vladimir Todorovikj demonstrated that local government takes care for people with Down syndrome. |
|
|
|
Присутните имаа исклучителна можност да слушнат дел од поезијата на Александар Матовски-Цако кој е студент на Педагошкиот факултет ,,Свети Климент Охридски”, а воедно и личност со Downсиндром. По настапот на Цако следеше излагањето на г-ѓа Хелена Меловник-Зрињски, извршен директор на „Трисомија 21“ од Загреб, Хрватска, на тeма Сонот на еден ангел. Г-ѓа Кораљка Жепец - дипломиран рехабилитатор и г-ѓа Хрвојка Вуковиќ - дипломиран рехабилитатор и асистент во BrainGym, настапија сотемата BrainGymкај лицата со Downсиндром, додека со своето излагање на тема Коморбидитет на Downсиндромотнè запозна проф. д-р Елизабета Зисовска – педијатар - неонатолог од Скопје. Проф. д-р Дончо Донев зборуваше на тема Јавно-здравствените аспекти на Downсиндромот во Република Македонија. По паузата следеше вториот блок-настапи кој започна со настапот на Кристијан Стојанов-Кико, осмооделенец во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ и еден од првите корисници на услугите на „Отворете ги прозорците“ - Центар за асистивна технологија. Кико ги презентираше своите вештини во изработка на powerpoint-презентација. По настапот на Кико следеше предавањето на проф. д-р Владимир Трајковски - претседател на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА), а воедно и еден од организаторите на трибината. Професорот Трајковски зборуваше на тема Позвраност на биохемиските нарушувања кај Downсиндром и аутизмот.Целата манифестација беше збогатена со настапот на нашата поп-пејачка Елена Петреска. За развивање на условите за инклузија на лицата со посебни потреби во редовните училишта зборуваше Росица Колева, специјален едукатор и логопед, а воедно и сестра на лице со Downсиндром. По излагањето на Росица следеше презентација на слики од Никола Колев -лице со Downсиндром. Трибината беше збогатена со излагањето на г. Стојан Андонов преку неговата тема Окупациона терапија кај лицата со Downсиндром, додека пак, г. Живко Јаневски, претседател на невладината организација ,,SlowfoodСв. Наум Охридски” настапи сотемата Здрави навики преку здрава храна. Поисцрпнитепрезентацииследеаминутизадискусија. |
|
The attendees had an extraordinary opportunity to hear the poetry of Alexander Matovski-CAKO, a student of the Pedagogical Faculty “St. Kliment Ohridski”, a person with Down syndrome. CAKO’s performance, Mrs. Helena Melovnik Zrinjski-CEO of “Trisomy 21” from Zagreb, Croatia had a presentation on the topic The dream of an angel. Mrs. Koraljka Zhepec-graduate Rehabilitation therapist and Ms. Vukovic Hrvojka rehabilitaor-graduate assistant at Brain Gym spoke about The Brain Gym in individuals with Down syndrome, while Comorbidity of Down syndrome was presented by Prof..Dr. Elizabeth Zisovska, pediatrician-neonatologist from Skopje. Professor. Dr. Doncho Donev spoke on the topic Public health aspects of Down syndrome in the Republic of Macedonia. After the break there was a second block of performances that began with Christian Stojanov-Kiko, eight grade student in the elementary school “Dimo Hadzi Dimov” and one of the first users of the Open the Windows-Center for assistive technology. Kiko presented his own skills in making a Power Point presentation. After Kiko’s performance there was a presentation of Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, President of the Macedonian Scientific Society for Autism (MSSA) and also one of the organizers of the debate. Professor Trajkovski spoke on the topic Connection between biochemical disturbances in Down syndrome and autism. The whole event was enriched with the performance of our pop singer Elena Petreska. Rosica Koleva, special educator and speech therapist, also a sister of a person with Down Syndrome spoke about the development of conditions for inclusion of persons with disabilities in regular schools. After Rosica’s presentation there was a presentations of photos of Nikola Kolev, person with Down syndrome. Mr. Stojan Andonov introduced us with Occupational therapy for people with Down syndrome, while Mr. Zivko Janevski, president of the NGO “Slowfood St. Naum Ohridski” spoke on the topic Healthy habits through healthy food. After an extensive presentations, there was a discussion. |
Адреса за кореспонденција: Ана ПЕТКОВСКА Ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 33А/36, 1000 Скопје Република Македонија Е-пошта: ana.petkovska@defektologija.org |
|
Corresponding Address: Ana PETKOVSKA str. Vasil Gjorgov no.33A/36, 1000 Skopje Repubilc of Macedonia E-mail: ana.petkovska@defektologija.org |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE