ТРИБИНА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО DOWN СИНДРОМ

 

Ана ПЕТКОВСКА

 

Студент на постдипломски студии

Институт за дефектологија,

Филозофски факултет, Скопје

 

TRIBUNE ON THE INTERNATIONAL DAYOF PEOPLE WITH DOWN SYNDROME

 

 

Ana PETKOVSKA

 

Master degree student

Institute of Special Education and Rehabilitation

Faculty of Philosophy, Skopje

 

Примено: 02.06.2013

Прифатено: 07.06.2013

UDK:616-056.7:575.224.232.3 (437.7) (062)

 

 

 

Recived:02.06.2013

Accepted:07.06.2013

 

Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА), Здружението за помош на лицата со Down синдром „Трисомија 21“од Скопје и Здру­­жението за помош на лицата со Down син­дром„Трисомија 21“ од Загреб ор­га­ни­зи­раа трибина по повод светскиот ден на лицата со Downсиндром во големиотамфитеатар на Фи­ло­зофски факултет на 21. 03. 2013 година со почеток во 10 часот. Трибинатабешена тема Дали лицата со Downсиндром се мар­ги­на­ли­зирани или вклучени во македонското оп­штес­­тво?

Трибината сеорганизирашесо цел дасееду­ци­ра­ати дасепренесатотворени ставови во на­­со­ка на сензибилизирање на јавноста и над­леж­­ните министерства. Покрај стручно-науч­ни­от карактер, трибината имашеи културно-за­­ба­вен карактер на кој со свои дела настапијали­­ца­тасо Downсиндром и естрадни умет­ни­ци од нашата држава. Трибинатабешепре­не­су­­ва­на во живо на интернет  со поддршка од ком­па­нијата Т-Home.

Во улога на водител на настанот беше Росица Ко­ле­ва која на почетокот ги поздрави при­сут­ни­те и им се заблагодари на организаторите, при­сутните и на сите учесници на трибината за нивната несебична поддршка која ја даваат за лицата со Downсиндром. Дека локалната са­мо­управа се грижи за лицата со Downсин­дром се докажа преку присуството на гра­до­на­­чалникот на Општина Центар, г.Вла­ди­мир То­доровиќ.

 

 

The Macedonian Scientific Society for Autism (MSSA), Trisomy 21 from Skopje and Trisomy 21 from Zagreb, organized a Tribune on the occasion of the World Day of People with Down syndrome in the great amphitheater of the Faculty of Philosophy on 03/21/2013, starting at 10 am. The topic of the debate was Do people with Down syndrome are marginalized or included in the Macedonian society?

The tribune was organized in order to educate and bring up open positions in order to sensibilize the public and the relevant Ministries. Besides the specialized scientific nature, the tribune had entertaining and cultural character too, wherepeople with Down syndrome performed their works. The debate was broadcasted live on the Internet by T-Home Macedonia.

The host of the event was Rosica Koleva, who initially welcomed the present and than­ked to theorganizers, the present and to all the participants in the debate for their gene­rous support they give to people with Down syndrome. The presence of the Mayor of muni­cipality Center Mr. Vladimir To­do­ro­vikj demonstrated that local government ta­kes care for people with Down syndrome.

 

 

 

При­сутните имаа исклучителна можност да слуш­­нат дел од поезијата на Александар Ма­то­в­ски-Цако кој е студент на Педагошкиот фа­култет ,,Свети Климент Охридски”, а воед­но и лич­ност со Downсиндром. По настапот на Цако следеше излагањето на г-ѓа Хелена Ме­ло­­вник-Зрињски, извршен директор на „Три­сом­ија 21“ од Загреб, Хрватска, на тeма Со­нот на еден ангел.

Г-ѓа Кораљка Жепец - дипломиран ре­ха­би­ли­та­тор и г-ѓа Хрвојка Вуковиќ - дипломиран ре­ха­­билитатор и асистент во BrainGym, нас­та­пи­ја сотемата BrainGymкај лицата со Downсиндром, додека со своето излагање на тема Ко­морбидитет на Downсиндромотнè зап­озна проф. д-р Елизабета Зисовска – пе­ди­ја­тар - неонатолог од Скопје. Проф. д-р Дончо До­нев збо­ру­ваше на тема Јавно-здрав­ств­ени­те аспекти на Downсиндромот во Република Ма­­к­е­донија.

По паузата следеше вториот блок-настапи кој за­почна со настапот на Кристијан Стојанов-Кико, осмооделенец во Основното училиште „Ди­мо Хаџи Димов“ и еден од првите ко­рис­ни­ци на услугите на „Отворете ги проз­ор­ци­те“ - Центар за асистивна технологија. Кико ги презентираше своите вештини во из­ра­бот­ка на powerpoint-презентација. По настапот на Кико следеше предавањето на проф. д-р Вла­димир Трајковски - претседател на Ма­ке­дон­ското научно здружение за аутизам (МНЗА), а воедно и еден од организаторите на трибината. Професорот Трајковски збо­ру­ва­ше на тема Позвраност на биохемиските на­ру­шувања кај Downсиндром и ау­тиз­мот.Целата ма­ни­фес­тација беше збогатена со на­стапот на на­ша­та поп-пејачка Елена Пет­рес­ка. За раз­ви­ва­ње на условите за инклузија на лицата со по­себ­ни потреби во редовните учи­лишта збо­ру­ва­ше Росица Колева, спе­ци­ја­лен едукатор и ло­гопед, а воедно и сестра на ли­це со Downсин­дром. По излагањето на Ро­сица следеше пре­зентација на слики од Ни­ко­ла Колев -лице со Downсиндром. Трибината беше збогатена со излагањето на г. Стојан Ан­до­нов преку не­го­ва­та тема Окупациона те­ра­пи­ја кај лицата со Downсиндром, додека пак, г. Живко Ја­нев­ски, претседател на не­вла­ди­на­та организација ,,SlowfoodСв. Наум Ох­рид­ски” настапи соте­ма­та Здрави навики преку здрава храна.

Поисцрпнитепрезентацииследеаминутизадис­­к­усија.

 

The attendees had an extraordinary opportunity to hear the poetry of Alexander Matovski-CAKO, a student of the Pedagogical Faculty “St. Kliment Ohridski”, a person with Down syndrome. CAKO’s performance, Mrs. Helena Melovnik Zrinjski-CEO of “Trisomy 21” from Zagreb, Croatia had a presentation on the topic The dream of an angel.

Mrs. Koraljka Zhepec-graduate Rehabilitation therapist and Ms. Vukovic Hrvojka rehabilitaor-graduate assistant at Brain Gym spoke about The Brain Gym in individuals with Down syndrome, while Comorbidity of Down syndrome was presented by Prof..Dr. Elizabeth Zisovska, pediatrician-neonatologist from Skopje. Professor. Dr. Doncho Donev spoke on the topic Public health aspects of Down syndrome in the Republic of Macedonia.

After the break there was a second block of performances that began with Christian Stojanov-Kiko, eight grade student in the elementary school “Dimo ​​Hadzi Dimov” and one of the first users of the Open the Windows-Center for assistive technology. Kiko presented his own skills in making a Power Point presentation. After Kiko’s performance there was a presentation of Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, President of the Macedonian Scientific Society for Autism (MSSA) and also one of the organizers of the debate. Professor Trajkovski spoke on the topic Connection between biochemical disturbances in Down syndrome and autism. The whole event was enriched with the performance of our pop singer Elena Petreska. Rosica Koleva, special educator and speech therapist, also a sister of a person with Down Syndrome spoke about the development of conditions for inclusion of persons with disabilities in regular schools. After Rosica’s presentation there was a presentations of photos of Nikola Kolev, person with Down syndrome. Mr. Stojan Andonov introduced us with Occupational therapy for people with Down syndrome, while Mr. Zivko Janevski, president of the NGO “Slowfood St. Naum Ohridski” spoke on the topic Healthy habits through healthy food.

After an extensive presentations, there was a discussion.

Адреса за кореспонденција:

Ана ПЕТКОВСКА

Ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 33А/36, 1000 Скопје

Република Македонија

Е-пошта: ana.petkovska@defektologija.org

 

Corresponding Address:

Ana PETKOVSKA

str. Vasil Gjorgov no.33A/36, 1000 Skopje

Repubilc of Macedonia

E-mail: ana.petkovska@defektologija.org

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in