ВО МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖАН 2 АПРИЛ-СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ

 

Бисера МЛАДЕНОВСКА

 

Студент на последипломски студии

Филозофски факултет, Институт за дефектологија

 

CELEBRATED 2 APRIL - WORLD`S AUTISM DAY IN MACEDONIA

 

Bisera MLADENOVSKA

 

Faculty of Philosophy,

Institute of Special Education and Rehabilitation

 

Примено: 04.06.2013

Прифатено: 08.06.2013

UDK:616.89 (100:497.7)

 

 

 

Recived:04.06.2013

Accepted:08.06.2013

 

На 2 aприл 2013 година по повод од­бе­ле­жу­ва­ње­то на Светскиот ден на аутизмот, прет­став­ни­ци од  Македoнското научно здру­же­ние за аутизам (МНЗА) остварија средба со прет­се­дателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга г-ѓа Маја Ива­нова. На средбата учествуваа и деца со ау­тистичен спектар на нарушувања и нивните ро­ди­тели, како и претставници од  други гра­ѓан­ски здруженија кои се занимаваат со про­бле­мот на аутизмот.

Делегацијата на приемот во Вилата Водно, ги ис­такна предизвиците  и го запозна прет­се­да­те­лот на државата со проблемите со кои се­кој­дневно се соочуваат во поглед на це­ло­куп­ни­от третман на аутизмот. Потенцирана беше неоп­ходноста од отворање на центар за ау­ти­зам кој би се занимавал со рана детекција и ди­јагностика, како и со третман на ау­тис­тич­ни­от спектар на нарушуања.

Претседателот на МНЗА проф. д-р Владимир Трај­ковски ја нагласи актуелноста на ау­тиз­мот кој е општествено и ментално-здравствен про­блем. Упати апел до пошироката јавност за сериозно пристапување кон проблемот. Тој по­сочи на потребата од потесна спе­ци­ја­ли­за­ци­ја на кадрите (лекари, дефектолози) кои ќе се занимаваат со третман на аутизмот. Исто та­ка,  проф. д-р Трајковски повика на со­ра­бот­ка помеѓу Здружението и ресорните ми­нис­терства во донесувањето на одлуки со цел уна­предување на правата на лицата со ау­ти­зам и подобрување на услугите и сервисите кои државата ги обезбедува за лицата со ау­ти­зам и нивните семејства.

 

On 2 April 2013, on the occasion of World Autism Day,representatives of the Macedonian Scientific Society for Autism (MSSA), parents, children with autism spectrum disorder and other NGOs dealing with this issue, had a meeting with the President of the Republic of Macedonia Gjorgje Ivanov and his wife Mrs. Maya Ivanova.

At the President`s Residence at Vodno, the delegation emphasized the challenges and introduced the President with the problems that the organizations and families face regarding the treatment of autism. The urgent need of specialized Center for autism, which will be engaged in early detection, diagnosis and treat­ment of children with autism spectrum disorder, was highly emphasized.

Professor Vladimir Trajkovski, president of MSSA, underlined the increased prevalence of autism as immense society disorder and large mentally-health issue. He appealed to the populace to approach to the problem more seriously. He also pointed out the necessity of rather narrow professional education and training (medical doctors, special needs edu­ca­tors, therapists and other stuff) of the staff that will be engaged in the treatment of autism. In order to provide the rights of the people with autism and in order to improve the governmental services for families and persons with autism Prof. Trajkovski called for mutual cooperation between the association and the ministries during the decision making.

Во продолжение, тој ја напомена потребата од соз­давање на на­цио­нален регистар и на­цио­нал­на стратегија за ау­тизмот, кои би дале точ­на бројка на лица со ау­тистичен спектар на на­ру­шу­вања во Ма­ке­до­нија и протокол на ра­бо­та за институциите и стручните кадри. Во име на здружението, проф. д-р Трајковски му се за­бл­агодари на прет­седателот Иванов и не­го­ви­от кабинет, како и на г-ѓа Иванова која во пос­ледните не­кол­ку години несебично дава свој придонес во одбележување на овој ден како и во нас­та­ни­те за подигање на јавната свест за ау­тиз­мот.

Родителите на децата со аутизам го покренаа про­блемот од неангажираноста на државата во обезбедувањето на социјални сервиси, по­тен­ци­рајќи дека тие како семејства се ос­та­ве­ни самите на себе. Тие мораат со сопствени сред­ства да го покриваат третманот кој е мул­ти­ди­мензионален. Семејствата како посебен го истакнаа проблемот со образованието и не­под­готвеноста на редовните училишта за при­фа­ќа­ње на деца со аутизам. Овие деца нај­чес­то се отфрлани од редовниот образовен сис­тем. Горан Радојев од Здружението на ро­ди­те­ли од Штип ги охрабри семејствата да не се от­ка­жуваат од борбата со аутизмот.

Прет­седателот Иванов и неговата сопруга им по­ра­чаа на родителите дека и понатаму ќе се за­ла­гаат за надминување на предизвиците на ау­тизмот. Тој ги охрабри родителите да про­дол­жат со настани и кампањи за подигање на јав­ната свест и сензибилизирање на гра­ѓа­ни­те. Претседателот Иванов и г-ѓа Иванова  по­ра­чаа  дека ќе ја поддржат секоја иницијатива ко­ја би произлегла од Здружението и ро­ди­те­ли­те. Кабинетот ја поддржа иницијативата за ор­га­низација на меѓународна конференција во Скопје на која би биле поканети врвни екс­пер­ти од полето на аутизмот.

Централната манифестација по повод 2 Ап­рил - Светскиот ден на аутизмот, се одржа во „Сити мол“ - Скопје под мотото „Еден свет за сите“ во организација на здружението „Во мо­јот свет“  под покровителство на првата да­ма на Р. Македонија, г-ѓа Маја Иванова.

 

In addition, Prof. Trajkovski mentioned the need for establishing national strategy and na­tional register for persons with autism spectrum disorder that will provide the authentic number of these persons and it will provide work protocol to institutions and personnel. On the behalf of the MSSA, Prof. Trajkovski expressed gratitude to the President and to his cabinet, as well as to Mrs. Ivanova, who in the past few years, unselfishly gave her contribution to the celebrations of the World Autism Day, striving to raise the public awareness about autism.

The parents of children with autism alerted of the lack of governmental engagement regarding providing social and medical services for the families and children, emphasizing that they are left on their own, struggling to afford their children therapy which is multidimensional and expen­sive. As a special problem, they empha­sized the problem with the education and the unwillingness of the schools to accept the children with autism. These children are often re­jected and excluded from the regular edu­ca­ti­onal system. Goran Radoјev, parent and mem­ber of parent’s association from Stip, encou­raged other families to keep fighting and move forward in the fight against autism.

The President Ivanov and his wife conveyed a massage to the parents that they will continue to endeavor in order to overcome the challenges that autism carries. They encouraged parents to keep further on by arranging awareness-raising ac­tivities and events for the community. The Pre­sident and his wife assured support to every ini­tia­tive related to autism spectrum disorder. A sugges­tion about organizing international scien­tific conference in Skopje with world`s leading au­ti­sm experts came out as a propose and would be further considered.

The central manifestation on 2 April 2013 was held in City Mall under the motto "One world for all". It was organized by the association "In my world" and Ms. Maya Ivanova.

 

 

 

Адреса за кореспонденција:

Бисера МЛАДЕНОВСКА

ул. Перо Јовановиќ 7, Скопје

тел: 078/251 073

Е-пошта: bisera_ml@hotmail.com

 

Corresponding Address:

Bisera MLADENOVSKA

Pero Jovanovic 7, Skopje

Phone: 078/251 073

e-mail: bisera_ml@hotmail.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in