JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 19402
ВО МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖАН 2 АПРИЛ-СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ
Бисера МЛАДЕНОВСКА
Студент на последипломски студии Филозофски факултет, Институт за дефектологија |
|
CELEBRATED 2 APRIL - WORLD`S AUTISM DAY IN MACEDONIA
Bisera MLADENOVSKA
Faculty of Philosophy, Institute of Special Education and Rehabilitation |
Примено: 04.06.2013 Прифатено: 08.06.2013 UDK:616.89 (100:497.7)
|
|
Recived:04.06.2013 Accepted:08.06.2013
|
На 2 aприл 2013 година по повод одбележувањето на Светскиот ден на аутизмот, претставници од Македoнското научно здружение за аутизам (МНЗА) остварија средба со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга г-ѓа Маја Иванова. На средбата учествуваа и деца со аутистичен спектар на нарушувања и нивните родители, како и претставници од други граѓански здруженија кои се занимаваат со проблемот на аутизмот. Делегацијата на приемот во Вилата Водно, ги истакна предизвиците и го запозна претседателот на државата со проблемите со кои секојдневно се соочуваат во поглед на целокупниот третман на аутизмот. Потенцирана беше неопходноста од отворање на центар за аутизам кој би се занимавал со рана детекција и дијагностика, како и со третман на аутистичниот спектар на нарушуања. Претседателот на МНЗА проф. д-р Владимир Трајковски ја нагласи актуелноста на аутизмот кој е општествено и ментално-здравствен проблем. Упати апел до пошироката јавност за сериозно пристапување кон проблемот. Тој посочи на потребата од потесна специјализација на кадрите (лекари, дефектолози) кои ќе се занимаваат со третман на аутизмот. Исто така, проф. д-р Трајковски повика на соработка помеѓу Здружението и ресорните министерства во донесувањето на одлуки со цел унапредување на правата на лицата со аутизам и подобрување на услугите и сервисите кои државата ги обезбедува за лицата со аутизам и нивните семејства. |
|
On 2 April 2013, on the occasion of World Autism Day,representatives of the Macedonian Scientific Society for Autism (MSSA), parents, children with autism spectrum disorder and other NGOs dealing with this issue, had a meeting with the President of the Republic of Macedonia Gjorgje Ivanov and his wife Mrs. Maya Ivanova. At the President`s Residence at Vodno, the delegation emphasized the challenges and introduced the President with the problems that the organizations and families face regarding the treatment of autism. The urgent need of specialized Center for autism, which will be engaged in early detection, diagnosis and treatment of children with autism spectrum disorder, was highly emphasized. Professor Vladimir Trajkovski, president of MSSA, underlined the increased prevalence of autism as immense society disorder and large mentally-health issue. He appealed to the populace to approach to the problem more seriously. He also pointed out the necessity of rather narrow professional education and training (medical doctors, special needs educators, therapists and other stuff) of the staff that will be engaged in the treatment of autism. In order to provide the rights of the people with autism and in order to improve the governmental services for families and persons with autism Prof. Trajkovski called for mutual cooperation between the association and the ministries during the decision making. |
Во продолжение, тој ја напомена потребата од создавање на национален регистар и национална стратегија за аутизмот, кои би дале точна бројка на лица со аутистичен спектар на нарушувања во Македонија и протокол на работа за институциите и стручните кадри. Во име на здружението, проф. д-р Трајковски му се заблагодари на претседателот Иванов и неговиот кабинет, како и на г-ѓа Иванова која во последните неколку години несебично дава свој придонес во одбележување на овој ден како и во настаните за подигање на јавната свест за аутизмот. Родителите на децата со аутизам го покренаа проблемот од неангажираноста на државата во обезбедувањето на социјални сервиси, потенцирајќи дека тие како семејства се оставени самите на себе. Тие мораат со сопствени средства да го покриваат третманот кој е мултидимензионален. Семејствата како посебен го истакнаа проблемот со образованието и неподготвеноста на редовните училишта за прифаќање на деца со аутизам. Овие деца најчесто се отфрлани од редовниот образовен систем. Горан Радојев од Здружението на родители од Штип ги охрабри семејствата да не се откажуваат од борбата со аутизмот. Претседателот Иванов и неговата сопруга им порачаа на родителите дека и понатаму ќе се залагаат за надминување на предизвиците на аутизмот. Тој ги охрабри родителите да продолжат со настани и кампањи за подигање на јавната свест и сензибилизирање на граѓаните. Претседателот Иванов и г-ѓа Иванова порачаа дека ќе ја поддржат секоја иницијатива која би произлегла од Здружението и родителите. Кабинетот ја поддржа иницијативата за организација на меѓународна конференција во Скопје на која би биле поканети врвни експерти од полето на аутизмот. Централната манифестација по повод 2 Април - Светскиот ден на аутизмот, се одржа во „Сити мол“ - Скопје под мотото „Еден свет за сите“ во организација на здружението „Во мојот свет“ под покровителство на првата дама на Р. Македонија, г-ѓа Маја Иванова. |
|
In addition, Prof. Trajkovski mentioned the need for establishing national strategy and national register for persons with autism spectrum disorder that will provide the authentic number of these persons and it will provide work protocol to institutions and personnel. On the behalf of the MSSA, Prof. Trajkovski expressed gratitude to the President and to his cabinet, as well as to Mrs. Ivanova, who in the past few years, unselfishly gave her contribution to the celebrations of the World Autism Day, striving to raise the public awareness about autism. The parents of children with autism alerted of the lack of governmental engagement regarding providing social and medical services for the families and children, emphasizing that they are left on their own, struggling to afford their children therapy which is multidimensional and expensive. As a special problem, they emphasized the problem with the education and the unwillingness of the schools to accept the children with autism. These children are often rejected and excluded from the regular educational system. Goran Radoјev, parent and member of parent’s association from Stip, encouraged other families to keep fighting and move forward in the fight against autism. The President Ivanov and his wife conveyed a massage to the parents that they will continue to endeavor in order to overcome the challenges that autism carries. They encouraged parents to keep further on by arranging awareness-raising activities and events for the community. The President and his wife assured support to every initiative related to autism spectrum disorder. A suggestion about organizing international scientific conference in Skopje with world`s leading autism experts came out as a propose and would be further considered. The central manifestation on 2 April 2013 was held in City Mall under the motto "One world for all". It was organized by the association "In my world" and Ms. Maya Ivanova. |
|
|
|
Адреса за кореспонденција: Бисера МЛАДЕНОВСКА ул. Перо Јовановиќ 7, Скопје тел: 078/251 073 Е-пошта: bisera_ml@hotmail.com |
|
Corresponding Address: Bisera MLADENOVSKA Pero Jovanovic 7, Skopje Phone: 078/251 073 e-mail: bisera_ml@hotmail.com |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE