ОРГАНИЗАЦИЈА НА
НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР

 

Горан ПЕТРУШЕВ

Сојуз на дефектолози
на Р. Македонија

Примено: 20.02.2012
Прифатено: 29.02.2012
UDK: 37.043.2(497.7)(062)(049.3)

 

ORGANIZATION OF
SCIENTIFIC MEETING

 

Goran PETRUSHEV

Association of Special Educators and Rehabilitators of the Republic of Macedonia

Received: 20.02.2012
Accepted: 29.02.2012

По успешната организација на ми­на­то­го­диш­ниот меѓународен Симпозиум за рана ин­тервенција и развојни нарушувања, Со­ју­зот на дефектолози на Р. Македонија про­дол­жу­ва со своите активности во насока на уна­предување на дефектолошката теорија и прак­тика преку организација на стручни ма­ни­фестации.
Имено, на состанокот на Претседателството на Со­јузот одржан на 26. 12. 2011 година бе­ше до­несена одлука за организација на ме­ѓу­на­ро­ден научно-стручен  собир на тема „Ин­клу­зив­но образование – состојба и пре­диз­ви­ци“. Освен Сојузот на дефектолози на Р. Ма­ке­донија во организација на овој собир учес­тву­ваат  и Министерството за об­ра­зо­ва­ние и нау­ка на Република Македонија и Фи­ло­зоф­ски­от факултет -Институт за де­фек­то­ло­гија.
Науч­но-стручниот собир ќе биде ор­га­ни­зи­ран во периодот од  17 - 19 мај 2012 година, во Стру­­мица.  Овој собир има три главни це­ли и тоа:

  1. да се презентираат развиени системи на ин­клузивното образование;
  2. да се согледа состојбата во процесот на ин­клузивното образование во Република Ма­кедонија од аспект на засегнатите стра­ни од процесот;
  3. да се согледаат предизвиците со кои тре­ба да се соочи Република Македонија, во на­сока на унапредување на инклузивното об­разование на децата со посебни об­ра­зов­ни потреби во предучилишните, ос­нов­ните и средните образовни установи.

 

After successful organization of the last year's International Symposium for early intervention and developmental disorders, the Association of Special Educators and Rehabilitators of the Republic of Macedonia continues its activities for promoting the theory and practice of special education through organizing professional events.
At the meeting held on 26.12.2011, the presidency of the Association decided to organize a symposium with the subject "Inclusive education - current status, future challenges". Aside the Association, among the organizers will be the Macedonian Ministry of Education and Sciences and the Faculty of Philosophy - Institute of Special Education and Rehabilitation. The symposium will be held from 17th until 19th of May 2012, in Strumica. The conference has three main goals:

  1. to present the developed systems of             inclusive education;
  2. to get an overview of the existing condition of the inclusive process in Macedonia from            the primarily involved parties’ perspective;
  3. to get an overview of the challenges that Macedonia will face moving towards improvement of the inclusive education for children with special needs in the    preschools and the elementary and    secondary schools.

Програмата за научно-стручниот собир ќе би­де из­работена врз база на пристигнатите тру­дови, а во  согласност со темите за струч­ни­от собир. Теми на стручниот собир се:

  1. Процена и идентификување на спе­ци­фични­те потреби на децата.
  2. Мултидисциплинарен пристап во ин­клу­зив­ното образование.
  3. Улогата на родителите во инклузивното об­ра­зование.
  4. Индивидуален образовен план.
  5. Профил и компетенции на наставниот ка­дар и дефектолозите во инклузивното обра­зо­ва­ние.
  6. Менаџмент на промени - модели на добра          пра­ктика.
  7. Сервисни служби за поддршка на ин­клу­зив­но­то образование.

Преку овие седум теми ќе бидат опфатени след­ниве целни групи:

  1. стручни лица - дефектолози (различни пр­офили);
  2. институции кои се занимаваат со заш­ти­та, образование, рехабилитација и трет­ман на децата со посебни образовни по­тре­­би и лицата со инвалидност;
  3. родители на деца со и без посебни об­ра­зов­ни потреби вклучени во редовниот сис­тем на образованието;
  4. членови на педагошко–психолошките служ­би од редовните предучилишни, ос­нов­ни и средни образовни установи;
  5. наставен кадар од редовните пре­ду­чи­лиш­ни, основни, средни и ви­со­ко­об­ра­зов­ни установи;
  6. директори на редовни предучилишни, ос­нов­ни и средни образовни установи;
  7. претставници од централната и локалната власт и
  8. инвалидски организации.

Поради актуелноста на темата се очекува ме­ди­ум­ска покриеност на настанот кој ќе при­до­несе за подигање на јавната свест кај гра­ѓа­ните за ин­клузивното образование како го­ле­ма оп­штес­тве­на промена. Членовите на Со­јузот на де­фек­то­лози на Р. Македонија оче­ку­ваат дека овој нас­тан ќе биде почеток на заедничко креирање на механизми и по­ли­тики за унапредување на ин­клузивното об­разование во предучилишните, ос­новните и средните образовни институции.
Си­те поважни информации за научно-струч­ни­от собир „Инклузивно образование – сос­тој­ба и пре­дизвици“ можете да ги пронајдете на веб-страницата: www.sojuznadefektolozi.org.

 

The program of the scientific conference will be constructed based on the received scientific articles which are within the framework of the topic of interest. The main themes of the conference are:

    1. Assessment and identification of the specific needs of this category of children.
    2. Multidisciplinary approach in the inclusive education.
    3. Parents role in the inclusive education;
    4. Individual Educational Plan.
    5. Profile and competency of teachers and special educators involved in the inclusive education.
    6. Change Management - models of good practice.
    7. Services for support of the inclusive education.

The target groups on the conference are:

  1. professionals - special educators and rehabilitators (various profiles);
  2. institutions that work in the field of protection, education, rehabilitation and treatment of children with special educational needs and persons with disabilities;
  3. parents of children with and without special educational needs included in the mainstream educational system;
  4. members of the pedagogical and psychological services of mainstream preschools, elementary and secondary schools;
  5. teachers working in mainstream preschools, elementary and secondary schools;
  6. head masters of mainstream preschools, elementary and secondary schools;
  7. representatives of the central and local authorities;
  8. associations of persons with disabilities.

Considering the relevance of the topic, media coverage of the event is expected. The media coverage will contribute in raising the public awareness of the inclusive education as a major social change. The members of the Association of Educators in Macedonia expect the event to be an inception for joint creation of mechanisms and policies that will promote the inclusive education in the preschools and the primary and secondary educational institutions.
All information regarding the conference’s fees and accommodation will be additionally available on the web page: www.sojuznadefektolozi.org.

Адреса за коресподенција:
Горан ПЕТРУШЕВ
Сојуз на дефектолози
на Р. Македонија
11 Октомври бр. 42-а, ДХО Даре Џамбаз
Скопје – Р. Македонија
gpetrushev@yahoo.com

 

Corresponding Address:
Goran PETRUSHEV
Association of Special Educators and
Rehabilitators of the R.Macedonia
11 Octomber, no.42 a AHO Dare Dzambaz
Skopje – R.Macedonia
gpetrushev@yahoo.com

 

 

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in