JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 20474
ПРЕДГОВОР НА РЕДАКЦИЈАТА | ||
Драги читатели, | ||
На еден месец пред прославувањето на 20-годишниот јубилеј на Институтот за дефектологија,колегите забрзано ги спроведуваат последните подготовки. Како што беше веќе наведено во минатиот број,Меѓународната конференција ќе се одржи во хотел „Метропол“ во Охрид од 17 до 19 октомври 2013 година. Се очекува присуството на околу 150 гости од регионот ина поканети предавачи од Англија. Ова е уште една добра можност да ве поканиме даучествувате на оваа наша конференција и со тоа да ги збогатите вашите знаења со модерните аспекти на специјалната едукација и рехабилитација. Од Конференцијата се планира печатење на зборник на резимеа и зборник на трудови, кои, за жал, нема да бидат наша специјална едиција, а тоа е така поради концепциски разлики со повеќето од колегите од Институтот. Во меѓувреме списанието ги засилува своите сциентометриски параметри. На пример, неодамна добивме вредност за универзален фактор на влијание (UIF2012 = 1.0985), а вредностите за h5-индексот и h5-медијанатаза2013 изнесуваат 2. Должен сум да напоменам дека универзалниот фактор на влијание не се однесува на познатиот фактор на влијание што го доделува компанијата „Томсон Ројтерс“. Што ново ни носи овој број? Тоа што радува е зголемениот број на нови автори кои за првпат објавуваат во ова списание. Авторите Киткањ и Георгиева говорат за растројствата во однесувањето кај адолесцентите со лесна интелектуална попреченост. Во оваа прва рубрика авторите од Хрватска н¢запознаваат со задоволството на родителите за раните мерки на грижа за децатасо интелектуално нарушување. Рејченберг и Ловгрен од Шведска пишуваат за општествената практика за наставата по читање и пишување во училиштата за ученици со интелектуална попреченост. Италијанските автори во рубриката Психолошко-педагошки преглед настапуваат со еден провокативен наслов: Што знаеме за „нарушувањата во приврзувањето“?Колешките Рајовиќ и Јовановиќ ги обработуваат бариерите за инклузивното образование правејќи преглед на ставовите на српските наставници за инклузивното образование во изминатите 10 години. Уште еден труд за интеграцијата и инклузијата во израелскиот едукативен систем и израелското општество е прикажан во рубриката наменета за практичарите. Во последната секција Новини од светот, авторите го анализираат Ушеровиот синдром во образовнaтaсредина во Индија. Во стандардната рубрика Вести и информации среќаваме корисни информации за трибината одржана на Филозофскиот факултет во Скопје по повод Светскиот ден на лицата со Down синдром, за одбележувањето на Светскиот ден на лицата со аутизам, како и попрецизни информации за претстојнатамеѓународна конференција што ќе се одржи во Охрид. Во овој број има и резиме од еден одбранет магистерски труд под наслов Квалитетот на односот меѓу браќата и сестрите во семејствата кои имаат дете со аутизам и резиме од одбранета докторска дисертација под насловПроценка на самостојноста во изведувањето на секојдневните активности и потребата од окупациона терапија кај лицата со мултиплекс склероза. Како и во претходните броеви така и во овој ќе ги забележите редовните рубрики: Библиографија, Листа на рецензенти иИндекс на автори. Учеството на конгреси и објавувањето на научни трудови претставува обврска и должност за секој истражувач. |
||
Со почит, Главен и одговорен уредник, проф. д-р Владимир Трајковски |
EDITORIAL OFFICE PREFACE | ||
Dear readers, | ||
One month before the celebration of the 20th anniversary of the Institute of Special Education and Rehabilitation the colleagues rapidly implement the last preparations. As it was already mentioned in the previous edition, the International Conference will be held in the hotel Metropol in Ohrid from 17th to 19th October, 2013. Presence of around 150 guests from the region is expected, as well as the presence of invited lecturers from England.This is another good opportunity to invite You to take part in the Conference and thus, to enrich Your knowledge with modern aspects of special education and rehabilitation. A book of abstracts and a Book of papers are expected to be printed after the Conference, which unfortunately will not be under our special edition, due to the conceptual differences with most of the colleagues from the Institute. Meanwhile, the magazine reinforces its scientometric parameters. For example, we have recently received a value for universal impact factor (UIF 2012 = 1.0985), and the value for h5 index and h5 median for 2013 is 2. It is my obligation to point out that the universal impact factor does not refer to the famous impact factor which is awarded by the Thompson Reuters Company. What is new in this edition? It is encouraging to know that the number of new authors who publish papers for the first time in this magazine is increased. The authors Kitkanj and Georgieva talk about behavioral disorders in adolescents with mild intellectual disability. In the first section, the authors from Croatia introduce a topic about the parent’s satisfaction with the early measures of care of children with intellectual disability. Reichenberg and Lovegren from Sweden write about the social practice of reading and writing teaching in schools with students with intellectual disability. The Italian authors, in the section psychological pedagogical review, introduce a provocative topic: What do we know about ‘the attachment disorders”? Our colleagues Rajovic and Jovanovic elaborate the barriers of inclusive education, giving a review of the attitudes of the Serbian teachers towards the inclusive education in the past ten years. One more paper about the integration and inclusion in the Israeli education system is given in the section dedicated to practitioners. In the last section, world news, the authors analyze the Usher syndrome of the educational environment in India. In the standard rubric News and information we encounter useful information about the tribune held at the Faculty of Philosophy in Skopje on the occasion of the World Day of persons with Down Syndrome, to mark the World Day of persons with Autism, as well as to give precise information for the upcoming international conference which will be held in Ohrid. In this edition there is also a paper of a defended master thesis on The quality of the relationship between siblings in families with an autistic child and an abstract from a defended a doctoral dissertation on the Assessment of the independence in performing everyday activities and the need for occupational therapy in persons with multiplex sclerosis. As in previous editions, the regular rubrics: Bibliography, List of reviewers and Author index are also present. Participation in congresses and publication of scientific papers is an obligation and a duty of every researcher. |
||
Yours sincerely, Editor-in-Chief Prof. Dr.Vladimir Trajkovski |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE