JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 61920
ПСИХОСОЦИЈАЛНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ОШТЕТУВАЊЕТО НА СЛУХОТ ВРЗ ИНТЕРПЕРСОНАЛНИТЕ ОДНОСИ НА МЛАДИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ВО ДРЖАВАТА ОЈО, НИГЕРИЈА
Осисанија АЈО1, Адениј Сам ОЛУФЕМИ2, Удо Годвин ГРЕГОРИ1
1Оддел за специјална едукација при Универзитетот во Ибадан, Нигерија 2Оддел за образовна психологија при Федералниот колеџ за едукација (Т) Акока |
|
PSYCHOSOCIAL INFLUENCE OF HEARING IMPAIRMENT ON THE INTERPERSONAL BEHAVIOR OF YOUTHS WITH HEARING IMPAIRMENT
IN
Osisanya AYO1, Adeniyi Sam OLUFEMI2, Udoh Godwin GREGORY1
1Department of special education 2Department of educational psychology federal college of education (t) akoka |
Примено: 15.01.2013 Прифатено: 06.03.2013 UDK: 316.627:159.922.8-056.263(662.6)
|
|
Recived: 15.01.2013 Accepted: 06.03.2013 Original Article |
|
|
|
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
Според Lisben, секоја група деца со оштетен слух е хетерогена според различноста на внатрешните интерперсонални карактеристики (1). Карактеристиките може да се резултат на самомотивираноста или да произлегуваат од социјалното опкружување. Истражувањата постојано откриваат дека оштетувањето на слухот предизвикува големи последици кај лицата со ваков проблем. Истражувањата на Mba (2), Onyilofor (3) и Hallberg и Calsson (4) откриваат дека лицата со оштетен слух, социјално и психолошки тешко се прилагодуваат. Тоа може да е резултат на негативните чувства и на неприфаќање од страна на општеството. Според Mba, општествената стигматизација што ја почувствувале луѓето со оштетен слух е закана за нивниот социјален идентитет (2). Недостатокот на социјален идентитет може да резултира со психолошко распаѓање, кое, потоа, може да доведе до перверзни однесувања. Слично, Hallberg и Calsson (4) забележале дека учениците со пречки во слухот искусуваат поголемо нарушување на егото од нивните врсници што слушаат (2). Според тоа, може да се јави депресија што ќе доведе до намерно повлекување. Според Hallahan и Kauffman, тоа е поради чувството на потчинетост предизвикано од нивното оштетување, како и поради злоупотребата од страна на популацијата што слуша (5). Освен тоа, истражувањата на Garnefski, Grol и Hamming (6) и на Monzani и др. (7) исто така потврдуваат дека глувоста го зголемува ризикот од појава на емоционални проблеми. Поради тоа прилагодувањето за лицата со оштетен слух е многу тешко. Исто така, се забележува и значајно ниво на анксиозност и депресивно расположение кај луѓето со оштетен слух, како што посочува Tombs (8). Eldredge и Davis (9) исто така укажуваат на негативното влијание на оштетувањето на слухот на психосоцијалната добросостојба на младите со оштетен слух. Очигледно, ниту еден човек не е остров, младите со оштетен слух мораат да живеат во одредена средина и да контактираат со различни категории луѓе во нивното секојдневие. Вреди да се забележи дека психолошките и социјалните диспозиции на крај доведуваат до успех или неуспех на активностите изведени од поединците во општеството. Кај младите со оштетен слух постои очигледна евиденција на психосоцијални проблеми, забележани и во самооднесувањето и во социјално индицираните диспозиции. Истражувањата на Garnefski, Grol и Hamming (6) и на Monzani и др. (7) покажуваат дека адолесцентите со оштетен слух често имаат потешкотии во социјалните врски. Понатаму (Owolawi и Eleweke) се открива дека оштетувањето на слухот доведува до осаменост, одбивање и социјална изолација (10). Според Monzani и др., овој феномен на искривена самоперцепција може да предизвика фаталистичко однесување со криминални тенденции (7). Истражувањата, според Hallahan и Kauffman, понатаму откриваат дека емоционалните проблеми можат да го попречат социјалното созревање на лицата со оштетен слух (11). Тоа може да ја ограничи комуникацијата и социјалната интеракција на лицата со оштетен слух. Очигледно, вербалната комуникација е еманентна нишка на социјалната интеракција и нејзиното отсуство доведува до нарушен социјален и емоционален развој. Kathlean и Michael сметаат дека детето што не комуницира со луѓето што слушаат, живее и расте во релативна изолација, а тоа доведува до психолошка траума кај личноста (12). Сепак, Akinpelu (13) спроведе истражување за самоперцепцијата и социјалните врски на адолесцентите со оштетен слух во редовните училишта, користејќи ја Скалата за социјална активност на 220 адолесценти со оштетен слух. Резултатите од ова истражување покажаа дека учениците со оштетен слух учествуваат во училишните активности и често се дружат со другите ученици. Таквиот позитивен развој може да е резултат на поволната средина. Во друг случај, Olubela, Alade и Adeniran (14) ги проучуваа психолошките диспозиции на студентите со оштетен слух во универзитетско опкружување. Истражувањето покажа дека студентите со оштетен слух покажуваат агресија и сиромашни социјални односи. Или, со други зборови, истражувањето покажа дека студентите со оштетен слух се психолошки и социјално неприлагодени. Исто така, Andrea (15) забележа дека оштетувањето на слухот, и покрај тоа што не е воочливо, ги погодува лицата со такво оштетување. Тие истакнале дека оштетувањето на слухот, како и секое друго нарушување, може да им попречи на нормалните активности што се очекуваат од „страдалниците“ во поглед на прилагодувањето, социјализацијата и соработката. Во друго поврзано истражување, Wiley (16) соопшти дека оштетувањето на слухот влијае на социјалното, академското и психолошкото ниво на младите со оштетен слух. Тој забележа дека лицето со оштетен слух може да биде повлечено, да стане помалку активно, да ги редуцира социјалните контакти, да има послаби академски постигнувања и да избегнува конверзација со другите. Истражувањето спроведено од Mykleburst (17) исто така покажува дека глувите деца покажуваат поголема импулсивност и несоодветна емоционална регулација. Погоре се прикажани штетните влијанија на оштетувањето на слухот на погоденото лице. Ова понатаму беше потврдено од Leigh и др. (18), коишто соопштија дека оштетувањето на слухот го намалува квалитетот на животот и кај повеќето адолесценти и возрасни со оштетен слух има психолошки, физички и социјални последици. Затоа е неопходно да се испита психосоцијалното влијание на оштетувањето на слухот на интерперсоналните односи на младите со оштетен слух во Нигерија, што е направено со ова истражување спроведено во државата Ојо, Нигерија. |
|
Every class of children with hearing disability is a heterogeneous, comprising of diverse intra and interpersonal characteristics Lisben (1). The characteristics might be self-motivated or societal induced ones. Studies have consistently been revealing that hearing disability has great consequences on individuals with such problem. Studies by Mba (2), Onyilofor (3) and Hallberg & Calsson (4) revealed that individuals with hearing impairment find it difficult to adjust socially and psychologically. This might be as a result of negative feelings and lack of acceptance from the society. Social stigma experienced by people with hearing impairment is a threat to social identity Mba (2) and lack of social identity might result into psychological breakdown which can thereafter lead to perverse behavior. Similarly, Hallberg & Calsson (4) noted that students with hearing disability do experience more ego distorting experience than their peers without hearing impairment Mba (2). This can lead to depression and withdrawal tendency. This is a result of the feeling of disadvantaged, due to their disabilities, as well as the abuse they suffer from the population without hearing impairment Hallahan&Kauffman (5). Furthermore, studies by Garnefski,Grol & Hamming (6) and Monzani et al. (7) have also confirmed that deafness increases the risk of developing emotional problems. This makes the adjustment very difficult for individuals with hearing impairement. There is also a significant level of anxiety and depressed mood among people with hearing loss, as reported by Tombs, (8). Eldredge & Davis (9) have also reported negative effect of hearing impairement on psychosocial well-being among youths with hearing loss. Obviously, no man is an island, youths with hearing impairment must live in an environment and interact with different categories of people in their everyday life. It is worthy to note that psychological and social disposition of individuals will eventually lead to success or failure of activities performed by individuals in the society. Io youths with hearing impairment, there is obvious evidence of psycho-social problems precipitated by both self and societal induced dispositions. Studies by Garnefski, Grol&Hamming (6) and Monzani, et al. (7) have revealed that adolescents with hearing impairment often experience difficulty in social relationship. It has been further revealed that hearing impairment leads to loneliness, rejection and social isolation Owolawi & Eleweke (10). This phenomenon of altered self-image could cause fatal behavior of criminal tendencies Monzani, et al. (7). Studies have further revealed that emotional problem could hamper social maturation of a person with hearing impairment Hallahan & Kauffman (11). This may limit communication and social interaction of persons with hearing loss. Obviously, verbal communication is highly essential in social interaction and when it is absent there is likelihood of disorganized social and emotional development. A child that is frequently cut off from communicating with the hearing population lives and grows up in relative isolation and this predisposes the individual to psychological trauma Kathlean & Michael (12). However, Akinpelu (13) has conducted a research on self-perception and social relationship among adolescents with hearing impairment in mainstream school using a social activity scale on 220 adolescents with hearing impairment. The result of the study showed that students with hearing impairment participated in school activities and interacted with other students frequently. Such positive development might be result of conducive environment. In another development, Olubela, Alade & Adeniran (14) studied psychological disposition of students with hearing impairment in a regular university setting. The study revealed that students with hearing impairment displayed aggression and poor social relationships. In other words, the study revealed that students with hearing impairment are psychologically and socially maladjusted. Andrea (15) also noted that hearing impairment, though inconspicious disability do affects individuals with such impairment overtly. They stressed that hearing impairment like any other disability can hinder the normal activities expected of the victims in terms of adjustment, socialisation and cooperation. In a related research, Wiley (16) reported that hearing impairment has social, academic and psychological effects on youths with hearing impairment. He noted that persons with hearing disability may be withdrawn, become less active, reduce social contact, have poor academic performances and avoid conversation with others. The study conducted by Mykleburst (17) has also revealed that deaf children exhibit greater impulsivity and inadequate emotional regulation. The above are adverse implications of hearing impairment on the affected individual. This was further corroborated by Leigh et al. (18) who reported that hearing loss lowers the quality of life and for most adolescents and adults with hearing impairment hearing loss has psychological, physical and social consequences. Therefore, it is imperative to examine psychosocial implication of hearing impairment on interpersonal relationship of youths with hearing impairement in Nigeria. This study therefore investigated psychosocial influence of hearing impairment on the interpersonal behavior of youths with hearing loss in Oyo State, Nigeria. |
|
|
|
Истражувачки прашања |
|
Research Questions |
|
|
|
1. Дали оштетувањето на слухот ги инхибира социјалните интерперсонални односи на младите со оштетен слух? 2. Дали губењето на слухот влијае на емоционалната добросостојба на лицата со оштетен слух? 3. Дали младите со оштетен слух се чувствуваат удобно во друштво на лица без оштетување на слухот? |
|
1. Does hearing difficulty inhibit the social interaction of youths with hearing loss? 2. Does hearing loss affect the emotional well-being of persons with hearing impairment? 3. Do youths with hearing difficulty feel more comfortable in company of persons without hearing impairment? |
|
|
|
Методологија на истражувањето |
|
Research Methodology |
|
|
|
Ова истражување ја користи анкетата како истражувачки модел. Тоа е екс пост-фактум, бидејќи беа испитувани само постоечките варијабли без манипулација. |
|
This study employed a survey research design. It is an ex-post facto because only existing variables were investigated without manipulation. |
|
|
|
Примерок |
|
Population |
|
|
|
Примерок за ова истражување беа младите со оштетен слух од Федералниот колеџ за едукација (специјална), Ојо. |
|
The population of the study was youths with hearing impairment at the Federal College of Education (Sp.), Oyo. |
|
|
|
Техники |
|
Sampling Technique |
|
|
|
Учесници во ова истражување беа 211 млади со оштетен слух, одбрани врз основа на нивната достапност и пристапност на Федералниот колеџ за едукација (специјална) во Ојо, Нигерија. Одбраното училиште е интегрирана средина на ученици со пречки во развојот и ученици без пречки во развојот. Просечна возраст на учесниците е 19,5 години, со степен на оштетување од благо до потполно губење на слухот. Учениците без оштетување и со други пречки, не беа земени во предвид. |
|
In this study, 211 youths with hearing impairments were purposively selected based on their availability and accessibility at the Federal College of Education (Special) Oyo, Nigeria. The school used is an integrated setting accomodating disabled and non disabled students. The average age of the participants was 19.5 years with degree of loss range from slight to profound hearing loss. Non disabled and students with other disabilities were not considered. |
|
|
|
Инструменти |
|
Instrument |
|
|
|
За ова истражување беше употребен прашалникот за сопствениот развој поврзан со Скалата за психолошка компетенција. Инструментот е поделен во две секции (А и Б). Секцијата А ги содржи биолошките податоци, а секцијата Б содржи 25 точки од структуирани прашања со пет потсекции коишто се однесуваат на моделите на однесување на лицата со оштетен слух. Од 25-те точки со прашања во скалата, 12 точки се однесуваат на употребата на психосоцијалните варијабли на истражувањето во согласност со прашањата од истражувањето. Инструментот им беше даден на експерти од областа психологија за проверка на валидноста на содржината, додека за доверливоста на инструментот се доби 0,75 преку пилот-тест со користење на Кронбаховата алфа-формула. |
|
The instrument used for this study is a self-developed structured questionnaire titled Psychosocial Competence Scale. The instrument is divided into two sections (A & B). Section A is on the bio-data of the participants while Section B contained 25 items of structured questions with five subsections addressing behavioral patterns of a person with hearing loss. Out of 25 items of the question in the scale, 12 items addressing the psychosocial variables of the study were used in line with the research questions. For contents validity the instrument was given to experts in the field of psychology while the reliability of the instrument was obtained at 0.75 through a pilot test using Cronbach alpha formula. |
|
|
|
Методи за прибирање податоци и анализа |
|
Methods of Data Collection and Analysis |
|
|
|
Скалата за психосоцијална компетенција беше дадена на 211 учесници, одбрани од Федералниот колеџ за едукација (специјална), Ојо, а одговорите потоа беа собрани од истражувачите. Добиените податоци од истражувањето беа споредени, кодирани и анализирани со употреба на броење на фреквентноста и едноставен процент. |
|
Psychosocial competency scale was distributed among 211 participants purposively selected at the Federal College of Education (Special), Oyo and the responses were thereafter collected by the researcher. The data collected from the study were collated, coded and analysed using frequency count and simple percentage. |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
|
|
|
Во овој дел се презентираат резултатите и дискусиите за заклучоците од собраните податоци. |
|
This section presents the results and the discussion of findings of the data collected. |
|
|
|
Истражувачко прашање 1 |
|
Research Question 1 |
|
|
|
Дали оштетувањето на слухот ги инхибира социјалните интерперсонални односи на младите со оштетен слух? |
|
Does hearing difficulty inhibit the extent of social interaction of youths with hearing loss? |
|
|
|
Табела 1: Влијанието на губењето на слухот на социјалната интеракција на младите со оштетен слух |
|
Table 1: Effects of Hearing Loss on Social Interaction of Youths with Hearing Loss |
|
Точка/Item |
SD |
D |
A |
SA |
Вкупно/ Total |
1 |
Не сум љубоморен / I am not jealous |
69 32.4% |
36 16.7% |
32 15.8% |
74 35.1% |
211 100% |
2 |
Добро се вклопувам со луѓето / I mix well with people |
75 35.2% |
42 19.6% |
32 15.8% |
62 29.4% |
211 100% |
3 |
Јас сум активен член на групата / I am an active group member |
95 44.7% |
62 29.1% |
7 3.9% |
47 22.3% |
211 100% |
4 |
Добро се снаоѓам во социјалните собири / I relate well in social gathering |
56 26.5% |
50 23.7% |
34 16.1% |
71 33.6% |
211 100% |
5 |
Не се впуштам лесно во интеракција со странци / I don’t interact freely with strangers |
26 12.3% |
51 24.2% |
64 30.1% |
70 33.4% |
211 100% |
Во табелата 1, според одговорите на учениците за точка еден од истражувачкото прашање 1, 69 (34.4%) апсолутно не се согласуваат, 36 (16.7%) не се согласуваат со тврдењето, додека 32 (15.8%) се согласуваат, а 74 (35.1%) апсолутно се согласуваат со тврдењето. Од кумулативниот процент се дојде до сознание дека голем процент од оние што ги дадоа одговорите чувствуваат љубомора. На втората точка, 75 (35.2%) апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 42 (19.6%) не се согласуваат, додека 32 (15.8%) се согласуваат, а 62 (29.4%) апсолутно се согласуваат со тврдењето. Импликацијата од збирот на процентите е дека учениците со оштетен слух не се вклопуваат многу добро во опкружување со колеги што слушаат. Во однос на точка три, 95 (44.7%) апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 62 (29.1) не се согласуваат, додека 7 (3.9%) се согласуваат, а 47 (22.3%) апсолутно се согласуваат со тврдењето. Од процентите, очигледно е дека учениците со оштетен слух не се активни членови во групата во којашто припаѓаат. Во однос на точката четири, 56 (26.5%) од оние што ги дадоа своите одговори апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 50 (23.7%) не се согласуваат, додека 34 (16.1%) се согласуваат, а 71 (33.6%) апсолутно се согласуваат со тврдењето. Од резултатите секој може да заклучи дека учесниците имаат потешкотии за остварување врски со другите поради нивното оштетување. За точка пет, 26 (12.3%) апсолутно не се согласуваат, 51 (24.2%) не се согласуваат, додека 64 (30.1%) се согласуваат, а 70 (33.4%) апсолутно се согласуваат. Ова покажува, според одговорите на учесниците, дека учениците со оштетен слух не се слободни во остварувањето контакти со луѓето од нивната заедница. |
|
In table one, going by responses of students to item one under research question one, 69 (34.4%) strongly disagree with the statement, 36 (16.7%) disagree with the opinion, while 32 (15.8%) agree and 74 (35.1%) strongly agree with the statement. From cumulative percentages, it was revealed that high percentage of the respondents feel jealous. On item number two, 75 (35.2%) strongly disagree with the statement, 42 (19.6%) ordinarily disagree while 32 (15.8%) agree and 62 (29.4%) strongly agree with the statement. The implication from the cumulative percentages was that students with hearing loss don’t mix well with non-hearing impaired peers. In item number three 3, 95 (44.7%) strongly disagree with the statement, 62 (29.1) disagree while 7 (3.9%) agree and 47 (22.3%) strongly agree with the statement. From the percentages, it is obvious that students with hearing impairment are not active members of the group they belong to. On item number four, 56 (26.5%) of the respondents strongly disagree with the statement, 50 (23.7%) disagree while 34 (16.1%) agree and 71 (33.6%) strongly agree with the statement. From the result, one can deduce that the participants have difficulty relating with others as a result of their disability. On item number five, 26 (12.3%), strongly disagree, 51 (24.2%) disagree while 64 (30.1%) agree and 70 (33.4%) strongly agree. From the responses of the participants this implies that students with hearing impairment don’t interact freely with people in their community. |
|
|
|
Истражувачко прашање 2 |
|
Research Question 2 |
|
|
|
Дали губењето на слухот влијае на емоционалната добросостојба на лицата со оштетен слух? |
|
Does hearing loss affect the emotional well-being of youths with hearing impairment? |
|
|
|
Табела 2: Влијанието на губењето на слухот на емоционалната добросостојба на младите со оштетен слух |
|
Table 2: Effects of Hearing Loss on Emotional Wellbeing of youths with Hearing Impairment |
|
Точка/Item |
SD |
D |
A |
SA |
Вкупно Total |
1 |
Би сакал да остварувам значајни задоволувачки односи со другите и покрај мојата неспособност да слушам / I love to have meaningful satisfying relationship with others despite my inability to hear
|
36 17.1% |
38 (18.0%) |
107 50.7 |
30 14.2% |
211 100% |
2 |
Уживам во пријателствата со луѓето што слушаат / I enjoy friendship with hearing people
|
39 18.5% |
52 24.6% |
12 5.7% |
108 51.2% |
211 100% |
3 |
Имам пријателски однос со моите наставници и со моите врсници / I have cordial relationship with my teachers and peers
|
12 5.7% |
85 40.3% |
53 25.1% |
61 28.9% |
211 100% |
Во табелата 2, 36 (17.1) апсолутно не се согласуваат со тврдењето број еден, 38 (18.0%) не се согласуваат, додека 107 (50.7%) се согласуваат, а 30 (14.2%) апсолутно се согласуваат со тврдењето. Процентот на учесниците што се согласуваат е повисок од оној на тие што се спротивставуваат на тврдењето. Тоа покажува дека младите со оштетен слух имаат значајни односи и покрај нивниот инвалидитет. Во однос на точката два, 39 (18.5%) апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 52 (24.6%) обично не се согласуваат, додека 12 (5.7%) се согласуваат, а 108 (51.2%) апсолутно се согласуваат со тврдењето. Тоа покажува дека младите со оштетен слух уживаат во пријателствата со луѓето без оштетување на слухот во нивното опкружување. Во однос на точка три, 12 (5.7%) апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 85 (40.3%) не се согласуваат, додека 53 (25.1%) се согласуваат, а 61 (28.9%) апсолутно се согласуваат со тврдењето. Од резултатите, процентот на млади со позитивни диспозиции кон тврдењето е повисок од оние што се спротивставуваат на тврдењето. Тоа покажува дека младите со оштетен слух имаат искрен однос со нивните наставници и со нивните врсници. |
|
In Table 2, 36 (17.1) strongly disagree with statement number one, 38 (18.0%) disagree while 107 (50.7%) agree and 30 (14.2%) strongly agree with the statement. The percentage of participants that agree with the statement is more than those that oppose the statement. The implication is that youths with hearing impairment enjoy meaningful relationship with others despite their disabilities. On item number two, 39 (18.5%) strongly disagree with the statement, 52 (24.6%) ordinarily disagree while 12 (5.7%) agree 108 (51.2%) strongly agree with the statement. The implication is that youths with hearing impairment enjoy friendship with people without hearing impairment in their environment. On item number three, 12 (5.7%) strongly disagree with statement, 85 (40.3%) ordinarily disagree while 53 (25.1%) agree and 61 (28.9%) strongly agree with the statement. From the result, the percentage of youths that favorably agreed with the statement was higher than the percentage of youths that opposed the statement. The implication is that youths with hearing impairment have cordial relationship with their teachers and peers. |
|
|
|
Истражувачко прашање 3 |
|
Research Questions |
|
|
|
Дали младите со оштетен слух се чувствуваат удобно во друштво на лица без оштетување на слухот? |
|
Do youths with hearing impairment feel more comfortable in company of other persons without hearing impairment? |
|
|
|
Табела 3: Влијанието на губењето на слухот на социјалната интеракција на младите со оштетен слух |
|
Table 3: Effect of Hearing Loss on Social Interaction of Youths with Hearing Impairment |
|
Точка/Item |
SD |
D |
A |
SA |
Вкупно/ Total |
1 |
Не паничам секогаш кога треба да комуницирам со пријателите што слушаат / I don’t always panic anytime I need to communicate with hearing friends
|
- |
109 51.7% |
45 21.3% |
57 27.3% |
211 100% |
2 |
Не сакам да се поврзувам само со глуви луѓе / I dislike relating only with deaf people
|
58 27.5% |
44 20.9% |
42 19.9% |
67 31.8% |
211 100% |
3 |
Јазичните проблеми не ја ограничуваат мојата интеракција со другите луѓе / Language problem does not limit my interaction with people
|
14 6.6% |
105 49.8% |
33 15.6% |
59 28.0% |
211 100% |
4 |
Не мислам дека мојата личност е таква што другите луѓе не би сакале да контактираат со мене / I don’t always think that my personality is such that people do not like to interact with me
|
69 32.7% |
45 21.3% |
35 16.6% |
62 24.4% |
211 100% |
Во табелата 3, одговорите по точка еден посочуваат дека 109 (51.7%) не се согласуваат со тврдењето, додека 45 (21.3%) се согласуваат, а 57 (27.3%) апсолутно се согласуваат со тврдењето. Од одговорите дадени погоре, очигледно е дека е поголем процентот на младите што не се согласуваат со тврдењето од оние што сметаат дека тоа е точно. Во однос на точката два, 58 (27.5%) апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 44 (20.9%) обично не се согласуваат со тврдењето, додека 42 (19.9%) се согласуваат, а 67 (31.8%) апсолутно се согласуваат со тврдењето. Резултатот покажува дека висок процент се согласуваат со тврдењето. Тоа значи дека младите со оштетен слух не сакаат да се поврзуваат само со лица со оштетен слух. Во однос на точката три, 14 (6.6%) апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 105 (49.8%) не се согласуваат, додека 33 (15.6%) се согласуваат, а 59 (28%) апсолутно се согласуваат. Одговорите на учесниците посочуваат дека високиот процент на несогласување со тврдењето покажува дека јазикот е често ограничувачки за нивото на меѓусебна комуникација на младите со оштетен слух со другите луѓе. Во однос на точката четири, 69 (32.7%) апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 45 (21.3%) не се согласуваат, додека 35 (16.6%) се согласуваат, а 62 (24.4%) апсолутно се согласуваат. Очигледно е дека процентот на младите со оштетен слух коишто не го поддржуваат тврдењето е повисок од оние што се согласуваат со него. Ова покажува дека младите со оштетен слух понекогаш се чувствуваат инфериорни во однос на луѓето што слушаат. |
|
In Table 3, responses to item number one indicated that 109 (51.7%) disagree with the statement while 45 (21.3%) agree and 57(27.3%) strongly agree with the statement. From the responses above, it is obvious that the percentage of youths with hearing impairment that disagree with the statements is higher than the percentage of youths that agree. The implication is that communication sometimes poses difficulty for youths with hearing impairment. On item number two, 58 (27.5%) strongly disagree with the statement, 44 (20.9%) ordinarily disagree while 42(19.9%) agree and 67(31.8%) strongly agree. The result indicated that high percentage agrees with the statement. This means that youths with hearing impairment don’t only want to relate mainly with people with hearing impairment. On item number three, 14 (6.6%) strongly disagree with the statement, 105 (49.8%) disagree while 33 (15.6% agree and 59 (28%) strongly agree. The responses of the participants indicated that high percentage disagree with the statement indicating that language often limits the level of interaction of youths with hearing impairment with other people. On item number four, 69 (32.7%) strongly disagree with the statement, 45 (21.3%) ordinarily disagree while 35 (16.6%) agree while 62 (24.4%) strongly agree. It is obvious that the percentage of youths with hearing impairment that did not support the statement is higher than those that agree with it. This indicates that youths with hearing impairment sometimes feel inferior to other people that can hear. |
||
|
|
|
||
Дискусија |
|
Discussion |
||
|
|
|
||
Истражувањето го испитуваше психосоцијалното влијание на оштетувањето на слухот на интерперсоналните односи на младите со оштетен слух. Резултатите од првото истражувачко прашање покажаа дека оштетувањето на слухот ги инхибира младите со оштетен слух при социјална интеракција. Овие сознанија ги потврдуваат истражувањата на Mba (2), Onyilofor (3) и Hallberg и Calsson (4), коишто велат дека луѓето со оштетување на слухот имаат тешкотии во социјалното и психолошкото прилагодување. Ова е причина зошто некои од нив се повлечени и покажуваат непожелно социјално однесување. Резултатите се, исто така, и во согласност со истражувањето на Wiley (16), којшто вели дека глувите деца се поимпулсивни и со ограничена социјална интеракција како резултат на нивното неекспонирање. Резултатот од второто истражувачко прашање исто така покажува дека губењето на слухот влијае на емоционалната добросостојба на младите со оштетен слух. Тоа е очигледно од одговорите со коишто некои од нив би сакале да имаат значајни односи со другите и да остваруваат пријателства со луѓето што слушаат. Сепак, нивната неможност за слободно мешање со другите резултира со самотија и депресивни чувства. Adrea ги поддржува сознанијата дека оштетувањето на слухот често резултира со изолација, а изолацијата доведува до нарушување на емоционалната добросостојба на човекот. Сознанијата, исто така, ги поддржува Akinpelu (13), којшто забележува дека оштетувањето на слухот јасно влијае на поединецот. Горенаведеното е исто така потврдено и со Andrea (15), којшто забележува дека оштетувањето на слухот го намалува квалитетот на животот на повеќето адолесценти и возрасни со оштетен слух. Сознанијата се поклопуваат и со Leigh и др. (18) и со Hallam, Ashton, Sherbourne и Galey (19), коишто велат дека луѓето со оштетен слух се повеќе склони кон депресија и проценето е дека појавата на депресија кај оваа група е за 4,8 пати повисока од општата популација. Сепак, резултатите се спротивни на Owolawi и Eleweke (10), кои велат дека учениците со оштетен слух учествуваат во училишните активности и често се интерактивни со другите ученици. Понатаму, резултатите од третото истражувачко прашање покажуваат дека младите со оштетен слух секогаш се чувствуваат посмирено во друштво на други луѓе со оштетување на слухот отколку во друштво на луѓе без оштетување на слухот. Овој став мора да е резултат на некои од негативните однесувања на младите со оштетен слух во обидите за поврзување со некои луѓе во општеството коишто се трауматизирани од нивната попреченост. Сознанијата ги поткрепува Andrea (15), којшто вели дека оштетувањето на слухот влијае на социјалното, психолошкото и на академското ниво на погодените лица. Понатаму тврди дека луѓето со оштетен слух се склони на повлекување, стануваат помалку активни и ги избегнуваат социјалните контакти со другите луѓе во општеството. Тоа води кон комплекс на пониска вредност, што вообичаено е својствен за секој вид попреченост. |
|
The study investigated the psychosocial influence of hearing impairment on the interpersonal behavior of youths with hearing loss. The result of the research question one revealed that hearing impairment inhibits the social interaction of youths with hearing loss. The result of this finding was corroborated in the studies by Mba (2), Onyilofor (3) and Hallberg&Calsson (4) and they all reported that people with hearing impairment find it difficult to adjust socially and psychologically. This might be the reason why some of them are withdrawn and exhibit some socially undesirable behaviors. The result is also in line with the study of Wiley (16) that reported that deaf children exhibit greater impulsivity and limited social interaction as a result of the lack of exposure. The result from the second research question also revealed that hearing loss affects emotional well-being of youths with hearing impairment. This is obvious from their responses that though some of them want to have meaningful relationships with others and want to have friendship with hearing people. Nevertheless, their inability to mix freely with others results into loneliness and feeling of depression. Adrea (15) supported the finding and observed that hearing disability often results with isolation and that isolation can easily distort emotional well-being of a person. Akinpelu (13) has also corroborated the finding and observed that hearing impairment affects individuals overtly. The above expression confirms Andrea (15) that remarked that hearing loss lowers the quality of life of most adolescents and adults with hearing impairment. The finding was also in line with Leigh, et al(18) and Hallam, Ashton, Sherbourne&Galey (19) who reported that people with hearing impairement were more vulnerable to depression and that the rate of incidence of depression among this group was 4.8 times higher than the general population. However, the result is contrary to the report of Owolawi & Eleweke (10) that found that students with hearing impairment participated actively in school activities and interacted with other students frequently. Furthermore, the result of the third research question revealed that youths with hearing impairment always feel comfortable in company of other persons with hearing impairment than with those without hearing impairment. This attitude might be as a result of some negative behaviors that youths with hearing impairment experienced in the course of relating with some people in the society coupled with the trauma of their disabilities. Andrea (15) supported this finding and reported that hearing impairment has social, psychological and academic effects on the affected persons. He further stated that people with hearing impairment displayed withdrawal tendency, become less active and avoid social contact with other people in the society. This can lead to inferiority, complex that normally accompany every disability. |
||
|
|
|
||
Заклучок |
|
Conclusion |
||
|
|
|
||
Ова истражување го испита психосоцијалното влијание на оштетувањето на слухот на интерперсоналните односи на младите во државата Ојо, Нигерија. Очигледно, од истражувањето произлегува дека оштетувањето на слухот негативно влијае на интерперсоналните односи на младите со оштетен слух во Нигерија. Младите со оштетен слух се соочуваат со ограничена социјална интеракција, страдаат од емоционална траума и од неможноста за прилагодување. Според импликациите, негативното влијание на попреченоста доведува до нарушување на личноста, како што е покажано и со претходните истражувања. Од горенаведеното следува дека е неопходно сите страни да ги интензивираат напорите за подобрување на психосоцијалната добросостојба на луѓето со оштетен слух во Нигерија. |
|
This study examined psychosocial influence of hearing impairment on the interpersonal behavior of youths in Oyo state, Nigeria. It is obvious from the study that, hearing impairment has negative impact on interpersonal relationship of youths with hearing disability in Nigeria. Youths with hearing impairment have restricted social interaction, suffer emotional trauma and have difficulties in adjustment. By implication, the negative impact of the disability account for disorganized personality as revealed by previous studies. In view of the above, it is imperative for all stakeholders to intensify effort in improving psychosocial well-being of people with hearing impairment in Nigeria. |
||
|
|
|
||
Препораки |
|
Recommendation |
||
|
|
|
||
Според сознанијата од ова истражување, се препорачува:
|
|
Based on the findings in this study, it is therefore recommended that:
|
||
|
|
|
||
Citation: Ayo O, Olufemi SA, Gregory GU. Psychosocial Influence of Hearing Impairment on the Interpersonal Behavior of Youths with Hearing Impairment in Oyo State, Nigeria. J Spec Educ Rehab 2013; 14(1-2):33-44. doi: 10.2478/v10215-011-0031-5 |
||||
Article Level Metrics |
||||
Литература/References |
|
|
||
|
|
|
||
1. Lisben LS. Deaf children: Developmental perspectives.
2. Mba PO. Fundamentals of special education and vocational rehabilitation.
3. Onyilofor F. The impact of family background on personality adjustment of visually impaired students. An unpublished Ph.D. thesis, 4. Hallberg LR. and Carlsson, S.G. Hearing impairment, coping and perceived hearing handicap in middle aged subjects with acquired hearing loss. British Journal of Audiology. 1991; 25:323–330.
5. Hallahan DP. and Kauffman JM. Exceptional children: Introduction to special education. 6. Garnefski N, Grol M. аnd Hamming J. Cognitive emotion regulation strategies and psychosocial adjustment in adolescents with chronic disease. Journal of adolescence. 2009; 32:449–454. 7. Monzani D, Galeazzi GM, Genovaser E, Marrara A, and Martini A. Psychosocial profile and social behaviour of working adult with mild to moderate hearing loss. Acta. Otorhinolaryngological. 2008; 28:61–66. 8. Tambs K. Moderate effect of hearing loss on mental health and subjective wellbeing: Results from the Nord-Trondelag Hearing loss study. Psychosonatic Medicine. 2004; 66:776–782.
9. Eldredge L, and Davis B. Integrating the handicapped into ordinary school. 10. Owolawi WO, and Eleweke CJ. The role of communication scientists (Audiologists) in effective health career delivery system. Journal of Special Education, 2001, 9(1), 188–201.
|
|
11. Hallahan DP. and Kauffman JM. Exceptional children: Introduction to special education. 12. Kathlean W. and Michael S. Self-perception of social relationships among hearing impaired adolescents. Journal of Educational Psychology. 1996; 88(2):12–16.
13. Akinpelu OF. Psychological disposition of students with hearing impairment in regular university setting. Journal of
14. Olubela OJ, Alade O, and Adeniran AO. Fostering self-concept and emotional development towards dynamic self-actualisation in the hearing impaired individuals. Journal of
15. Andrea L. School counsellors in the mainstream setting. A tool for working with students with hearing impairment in the public school environment. Msc Dissertation,
16. Wiley P. Psychology of adolescents.
17. Mykleburst HR. The psychology of deafness: Sensory deprivation, learning and adjustment. 18. Leigh IW, Maxwell-McCaw D, Batchava Y, and Christiansen JB. Correlate of Psychosocial Adjustment in Deaf Adolescents with and without Cochlea implants: A preliminary investigation. Journal of Deaf studies and deaf education. 2009; 14(2):249–259. 19. Hallam R, Ashton P, Sherbourne K, And Galey L, Acquired profound hearing loss: Mental health and other characteristics of large sample. International Journal of Audiology. 2006; 45:715–723. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE