JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 8064
НЕДЕЛА НА ОТВОРЕН ПРИСТАП
Ана ПЕТКОВСКА
Студент на постдипломски студии Институт за дефектологија, Филозофски факултет |
|
MARKING THE OPEN ACCESS WEEK
Ana PETKOVSKA
Master degree student Institute of Special Education and Rehabilitation Faculty of Philosophy |
Примено: 22.11.2012 Прифатено: 26.11.2012
UDK: 37.014.1:004.738.5(083.9) (049.3)
|
|
Recived: 22.11.2012 Accepted: 26.11.2012
|
Оваа година по трет пат се организираше Недела на отворен пристап со што се придонесува кон подигање на јавната свест за отворениот пристап во науката. Настанот се одржа на 24 oктомври во салата за превод и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје. Свои презентации на овој настан имаа: Димитар Поповски – докторанд на отсекот за информациски науки во Загреб, проф. д-р Владимир Трајковски – главен и одговорен уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“ (ДТП), како и Ирина Шумадиева и Сеад Џигал, координатори на проектот Иницијатива за отворени образовни ресурси во Македонија. На самиот почеток Димитар Поповски ја истакна целта на овој настан, а тоа е промовирање на отворениот пристап во Р. Македонија и подигнување на свеста за академското публикување со отворен пристап. Недела на отворен пристап всушност е манифестација што се случува во целиот свет. Вкупно 170-180 земји во моментот организираат ваков тип на настани. Димитар Поповски во своето излагање го истакна македонското списание за хемија и хемиско инженерство како „онлајн“-списание со највисок импакт-фактор во Македонија и продолжи со презентација на алатките ,,Зотеро“ и ,,Менделеј“ кои претставуваат „онлајн“-менаџери за организација и споделување на истражувачките ресурси. Проф. д-р Владимир Трајковски на присутните им се обрати со темата Open Journal System на Филозофски факултет кој претставува систем за управување и објавување на списанија, развиен од Public Knowledge Project (PKP). OJS е дизајниран специфично да помогне на истражувачите и факултетите во публикувањето на рецензирани списанија од отворен пристап. Проф. Трајковски во понатамошното излагање ја објасни целта на ОЈС, потребата и карактеристиките на ОЈС, неговата флексибилност и предност. Потоа следуваше презентација од Ирина Шумадиева и Сеад Џигал за придонесот на Метаморфозис во областа на отворениот пристап и отворените образовни ресурси, во истакнување на развиените алатки и содржини кои можат сè уште да се користат од заинтересираните страни. За сите кои не беа во можност да присуствуваат на овој настан беше обезбеден видеостриминг. |
|
For third time this year, the Open Access Week was organized, thus contributing to raising public awareness of open access in science. The event took place on 24th October at the hall for translation and interpretation at the Faculty of Philology in Skopje. Presenters at this event were: Dimitar Popovski, doctoral student at the Department of Information Science in Zagreb, Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, Editor in Chief of Journal of Special Education and Rehabilitation (JSER) and Irina Shumadieva and Sead Dzigal, project coordinators of “Open Educational Resources initiatives in the Republic of Macedonia”. At the beginning, Dimitar Popovski stressed the purpose of this event which is promoting Open Access in the Republic of Macedonia and raising awareness of open access academic publishing. Open Access Week is, actually, a world-open access week and this event is happening in a total of 170-180 countries. In his speech, Dimitar Popovski emphasized the Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering as an online journal with the highest impact factor in Macedonia and continued with the presentation tools “Zotero” and “Mendeley” which represent online managers for organizing and sharing research resources. Prof. Dr. Vladimir Trajkovski addressed the attendees with the topic Open Journal System (OJS) of Philosophy which is a system for managing and publishing journals, developed by Public Knowledge Project (PKP). OJS is designed specifically to help researchers and faculties in the publication of peer-reviewed Open Access Journals. Further, Prof. d-r Trajkovski explain the purpose of the OJS, the need and the characteristics of the OJS, its flexibility and its advantages. At the end, there was a presentation by Irina Shumadieva and Sead Dzigal for Metamorphosis contribution in the field of open access and open educational resources, which highlighted that the developed tools and content are still used by stakeholders. A video streaming was provided for those who were not able to attend the event. |
|
|
|
Адреса за кореспонденција: Ана ПЕТКОВСКА Ул. Моша Пијаде, бр. 99, 1300 Куманово Република Македонија Е-пошта: ana.petkovska@defektologija.org
|
|
Corresponding Address: Ana PETKOVSKA Mosha Pijade St., No. 99, 1300 Kumanovo Repubilc of Macedonia E-mail: ana.petkovska@defektologija.org |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE