JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 18971
ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „СОВРЕМЕНИ АСПЕКТИ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ“
Ирена НОВАЧЕСКА
Студент на постдипломски студии Филозофски факултет Институт за дефектологијa |
|
ORGANIZATION OF INTERNATIONAL CONFERENCE: MODERN ASPECTS OF SPECIAL EDUCATION AND REHABILITATION OF PERSONS WITH DISABILITIES
Irena NOVACHESKA
Postgraduate student Faculty of Philosophy
|
Примено: 01.03.2013 Прифатено: 02.03.2013 UDK: 376-056.26/.36(497.771) (062) (049.3)
|
|
Recived: 01.03.2013 Accepted: 02.03.2013
|
Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, во 2013 година прославува јубилеј 20 години од започнувањето на студиите по дефектологија и по тој повод ја организира својата Четврта меѓународна конференција на тема „Современи апекти на специјалната едукација и рехабилитација“. Конференцијата ќе се одржи во периодот од 17-19 октомври 2013 година, во Охрид, градот на УНЕСКО, познат и како балкански и европски Ерусалим. Од Конференцијата ќе бидат публикувани зборник на резимеа и зборник на трудови (само од оние трудови кои ќе бидат презентирани). Едно лице може да се јави како автор на најмногу еден труд, а коавтор на најмногу три труда. Резимеата треба да се достават најдоцна до 31. 03. 2013 година, а целите трудови најдоцна до 31. 05. 2013 година. Резимеата и трудовите пристигнати по дадената временска рамка нема да бидат разгледувани и прифатени во програмата на Kонференцијата и во предвидените зборници. Трудовите ќе бидат поделени во пет категории:
1.Рехабилитација: - превенција; - епидемиологија; - детекција и дијагностика; - функционална проценка и поддршка на семејството. |
|
The Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy in Skopje, in 2013 year celebrates the anniversary “20 years from the beginning special education and rehabilitation studies” and in that occasion it is organizing the 4th International Conference with the main topic “Modern aspects of the special education and rehabilitation of persons with disabilities”. The Conference will be held from 17th until 19th of October in Ohrid, the city of UNESCO, also known as Balkan and European Jerusalem. A Book of abstracts and a Book of papers (only from the papers which will be presented) will be published from the Conference. One person can be an author of maximum one paper, and a co-author of maximum three papers. The deadline for submission of the abstracts is 31st of March, 2013 year and the deadline for submission of the whole paper is 31st of May, 2013 year. Abstracts and papers received after the deadline will not be considered and included in the Conference program and in the Book of abstracts and the Book of papers. Papers will be divided into five categories:
1.Rehabilitation - prevention, - epidemiology, - detection and diagnostic, - functional assessment, support of the family. |
|
|
|
2.Едукација: - специјално образование; - инклузивно образование; - асистивна технологија; - едукативни функционални проценки и - професионална ориентација и оспособување. 3.Квалитет на животот: - форми на живеење; - ментално здравје и стареење; - оспособување за живот и самозастапување; - вработување и - правни и етички прашања. 4.Нарушувања во однесувањето: - социјална прифатеност на учениците со АДХД, социовоспитни и емоционални проблеми; - обем, динамика и структура на престапничкото однесување; - проценка на нарушувањето во однесувањето и - ресоцијализација и социјална интеграција на децата и младите со нарушено однесување. 5.Друго.
Актуелноста на темата ќе придонесе за осовременување на системот на специјална едукација и рехабилитација на лицата со попреченост, како и размена на искуства, знаења и ставови, со што би се подобрил квалитетот на животот на овие лица и нивните семејства. Сите информации поврзани со Конференцијата, надоместоците и сместувањето се достапни на веб-страницата: http://maser.fzf.ukim.edu.mk |
|
2.Education - special education, - inclusive education, - assistive technology, - educative functional assessments, - professional orientation and training. 3.Quality of life - forms of living, - mental health and aging, - training for life and self advocacy, - employment, - legal aspects and ethic considerations. 4.Behavioral disorders - social inclusion of pupils with ADHD, social-educational and emotional problems, - span, dynamics and structure of deviant behavior, - assessment of behavior disorders, - resocialization and social integration of children and youths with attitude disorders. 5.Other.
The relevance of the topic will contribute to the modernization of the system of special education and rehabilitation of persons with disabilities, as well as to the exchange of experiences, knowledge and attitudes, which would improve the quality of life for these individuals and their families. All information related to accommodation and conference’s fees are available on the website: http://maser.fzf.ukim.edu.mk |
Адреса за кореспонденција: Ирена Новаческа Втори август 5 7500 Прилеп, Р. Македонија Е-пошта: irena_novaceska@yahoo.com |
Corresponding Address: Irena Novacheska Vtori Avgust 5 7500 Prilep, R. Macedonia E-mail: irena_novaceska@yahoo.com |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE