КОНТИНУИРАНА ПРОЦЕНКА НА НАЧИНОТ НА ОПИСМЕНУВАЊЕ И УЧЕЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН ВИД

Рената  T. ПАНДУРEВИЌ
Даниела Б. ДИМИТРОВА-РАДОЈИЧИЌ²

 

1Дипломиран дефектолог, Куманово
2Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,
Филозофски факултет - Институт за дефектологија

Забелешка:Презентираните резултати во овој труд се преземени од магистерскиот труд со наслов„Утврдување на водечкиот сензорен канал кај учениците со оштетен вид“одбранет на 29.12.2011 година од страна на м-р Рената Пандурeвиќ.

 

CONTINUOUS EVALUATION OF THE
LITERACY AND LEARNING MEDIA OF
STUDENTS WITH VISUAL IMPAIRMENT

 

Renata T. PANDUREVIKJ,¹
Daniela B. Dimitrova-RADOJICHIKJ²

 

1Graduated Special Education teacher, Kumanovo
2University "Ss. Cyril and Methodius "in Skopje, Faculty of Philosophy, Institute of Special Education and Rehabilitation

 

Note: Results presented in this paper are taken from the Master’s thesis with the title “Determining the primary sensory channel on students with visual impairment” defended on 29.12.2011, by Renata Pandurevikj, M.Sc

 

Примено: 25.06.2012
Прифатено: 01.08.2012
UDK: 376:617.751.6-051

 

 

Recived: 25.06.2012
Accepted: 01.08.2012
Original Article

 

 

 

Резиме

 

Summary

 

 

 

ВОВЕД: Постапката за одредување на адекватен начин на описменување и учење кај учениците со оштетен вид се состои од две компоненти: иницијален избор на начин на описменување, кој треба да се спроведе во периодот на раното детство и континуирана проценка на начинот на описменување и учење, која се спроведува кај ученици кои веќе  извесен период се вклучени во едукативниот процес и кај кои веќе има одредено медиум/и за описменување и учење.

 

INTRODUCTION: The procedure for determining an adequate literacy and learning method among students with visual impairments consists two components: an initial choice of mode of literacy, to be conducted during the early childhood and continuing evaluation of the literacy and learning method, which is carried out over students who have already been involved in the educational process for a certain period and with whom a mediums for literacy and learning has already been determined.

ЦЕЛ: Целта на ова истражување е да изврши реевалуација на првично донесената одлука во врска со изборот на медиум преку кој се спроведува едукацијата кај учениците со оштетен вид.

 

PURPOSE: The purpose of this research is to conduct a re-evaluation of the initial decision regarding the choice of media through which education is conducted among students with visual impairment.

ДИСКУСИЈА: Брзината на читање е далеку под предвиденото минимално ниво и кај учениците кои читаат Брајово и кај учениците кои читаат стандардно печатено писмо. Мора да се напомене дека во овој дел од истражувањето само по 3 од 15 ученици  кои го користат Брајовото писмо беа отворени за соработка,  заради  што добиените резултати кои се однесуваат на нив не би требало да се земаат за валидни. 100% од испитаниците кои се едуцираат користејќи го Брајовото писмо читаат самостојно и непознат неформален и познат наставен материјал. Од учениците кои го користат стандардното печатено писмо самостојно читаат 62.5%  за разлика од  преостанатите 37.5%  кои имаат потреба од дополнителни инструкции. 45.5% од испитаниците успешно ги реализираат своите училишни задачи преку првично одредениот медиум за описменување и учење, а само 18.2%  од нив го прават тоа во временски прифатлив период. Достапните средства и помагала кои постојат во рамките на училиштето знаат самостојно да ги користат 53,6% од испитаниците, додека на преостантите 46,4% им е потребна дополнителна обука и инструкции.
ЗАКЛУЧОК: Континуираната проценка би требало да се спроведува постојано во текот на школувањето на детето или најмалку еднаш годишно, како би можела да даде релевантно  „оправдување“ за каква било промена, надополнување или избор на друг сензорен канал за учење и описменување на детето, а како резултат на извесни промени во визуелното функционирање на детето или заради промени на условите за едукација.

 

DISCUSSION: The speed of reading is substantially below the predicted minimum level both with students who read Braille and with students who read regular print. It should be mentioned that only 3 respondents out of 15 Braille readers were cooperative in this part of the research, so they obtained results regarding them should not be taken as reliable ones. 100% of the respondents who are educated using the Braille alphabet independently read unfamiliar formal and also familiar educational material. Among the students who use regular print, 62.5% read independently and the other 37.5% need additional instruction.  45.5% of them successfully completed their school assignments using their initially chosen medium for literacy and learning, but only 18.2% of them do it in an acceptable time period.  53.6% of respondents know how to use available resources and facilities that exist within the school, while the other 46, 4% need additional training and instructions.
CONCLUSION: Continuous evaluation should be implemented consistently throughout the schooling of the child, or at least once a year, for a relevant "justification" for any change, addition or selection of another sensory channel for learning and literacy of the child, as a result of certain changes in visual functioning of the child or due to changes in the terms of their education.

 

 

 

 

 

 

 

Citation: Pandurevikj TR, Dimitrova Radojichikj D. Continuous Evaluation of the Literacy and Learning Media of Students with Visual Impairment. J Spec Educ Rehab 2012; 13(3-4):20-38. doi: 10.2478/v10215-011-0023-5

   

 

   

Клучни зборови: континуирана проценка, описменување, читање, ученици со оштетен вид.

 

Key words:  continuous evaluation, literacy, reading, students with visual impairment.

 

 

 

Адреса за кореспонденција:
РенатаT. ПАНДУРEВИЌ
E-пошта: renatapandurevic@yahoo.com
  Corresponding address:
Renata T. PANDUREVIKJ
E-mail: renatapandurevic@yahoo.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in