JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 44551
РИЗИК-ФАКТОРИ НА НАСИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ПОМЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Ранко КОВАЧЕВИЌ1,
1Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Универзитет во Тузла, Босна и Херцеговина |
|
RISK FACTORS OF VIOLENT BEHAVIOR AMONG ELEMENTARY AND HIGH SCHOOL STUDENTS
Ranko KOVAČEVIĆ1,
1Faculty of Education and Rehabilitation, University of Tuzla Bosnia and Herzegovina |
Примено: 28.05.2012 |
|
Recived:28.05.2011 |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
Проблемот на насилство како социјален феномен е разработуван од страна на многу филозофи. Насилното однесување помеѓу помладите деца и адолесцентите доведе до зголемување на загриженоста во последните неколку години. Насилното однесување, особено помеѓу младината, е дел од нашето секојдневие и има потреба од посебна методологија која ги зема предвид неговите причинители, карактеристиките на адолесцентната доба, концептот на ризик и заштитните фактори како показатели на насилничко однесување, како и неговите видливи и невидливи форми на манифестација. Денес, ние живееме во свет каде проблемот на насилството постана секојдневие како резултат на интеракцијата помеѓу индивидуалните човечки карактеристики, меѓусебните односи во состав на социјалните групи, како и социјалните и културните норми (1). Според Светската здравствена организација, насилството е дефинирано како намерно изразување на физичка сила или моќ со цел да се заплаши самиот себе, друга личност, група или општество, и е многу веројатно да резултира со физичка повреда, смрт, лишување и психичко или развојно растројство (2). Имајќи ги предвид формите на насилство или злоупотребата помеѓу младината, може да се зборува за два типа насилство - директно и индиректно. Директното насилство вклучува наштетување преку чести и константни повреди, како што се физичката злоупотреба, вербалната деградација и сл. Од друга страна, индиректното насилство вклучува наштетување преку индиректни средства, како што се проширувањето на озборувањата помеѓу соучениците на личноста, социјалната изолација на другите лица и сл. (3). Насилството помеѓу младите лица е резултат на спојување на внатрешните персонални фактори, семејните и општествените односи, како и социјалните фактори, и тоа е една од најистакнатите форми на насилство во едно општество, кое нанесува штета не само на жртвите, туку и на нивните пријатели, семејството и општеството како целина (4). Поимите „агресивно“ и „насилно“ однесување или често се синоними или воопшто не се блиски, што не може да се користи како изговор за да не се пристапи сериозно на проблемот. Агресијата е основа на насилството, но се применува само тогаш кога континуирано се користи со цел да се достигне моќ или доминација врз друга личност. Таквите долготрајни и екстремни форми на насилство се повообичаени помеѓу постари деца и адолесценти отколку кај помладите деца (5). Насилството вклучува екстремни форми на агресија и многу автори кои се справуваат со овие проблеми сметаат дека секое манифестирање на насилство секогаш преминува во агресија, додека секое манифестирање на агресија не секогаш е поттикнато од насилство (6). Многу автори нагласуваат дека проблемот на насилно однесување не потекнува од својот зачеток, туку тоа започнува од многу поодамна. Насилната личност го користи насилството како алатка и средство за справување со проблемите кои тој/таа веќе ги доживеал/а во минатото, како што се: недостатокот на комуникативни вештини, неспособноста да се демонстрира прошка, ниската самодоверба и желбата да се достигнат одредени социјални статуси преку криминални активности (7). Порастот на насилното однесување во нашата средина може да се припише на минати трауматични искуства низ кои поминале младите луѓе. Тие пораснале во воени и поствоени периоди на социјална поделба, драстична промена на начинот на којшто функционирало семејството, како и неговите вредности и исчезнувањето на социјалните институции одговорни за развојот на младината. Воените трауми, социјалните промени, високото ниво на насилство во општеството, лесно достапните дроги, неефикасноста на социјалните служби, порастот на домашното насилство и истото прикажано во медиумите, се сметаат дека влијаат за зголемување на насилното однесување кај помладата популација. Шемите на однесување, вклучувајќи го и насилството, се предмет на константна промена низ животот на една личност. Адолесцентната и младата возраст се периоди каде насилството, заедно со другите форми на однесување се често повеќе познати (4). Релевантните истражувања на оваа тема покажуваат бројни ризик-фактори кои може да доведат до насилно однесување. Гореспоменатите фактори најчесто се предвесници со кои се овозможува оценување на можноста за појава на нарушено однесување како и насилно однесување во форма на непосакувано однесување. Ризик-факторите само ја зголемуваат веројатноста на појавата на насилство помеѓу младите, иако тие не се директни причинители на истото, напротив, тие може само да придонесат за таквото однесување (8). Wasserman и сор. укажуваат дека овие фактори го нарушуваат нормалниот социјален развој и го забавуваат формирањето на просоцијалните форми на однесување, и тие, наместо да донесат пораст на индивидуалните ставови и верувања, заедно со околностите, ја поттикнуваат појавата, развојот и повторното појавување на нарушено однесување. Присуството на таквите фактори во животот на младите лица не секогаш покажуваат дека таа личност ќе покаже криминално однесување, но покажуваат повисок ризик и можност за формирање и развивање на таков тип на однесување, што ги прави тие фактори веродостојни показатели на насилно однесување (9). Ризик-факторите вклучуваат дополнително значење, и се движат од едноставни статистички врски со растројството, преку предиспозиции кон развивање или (негување) на такви растројства и, конечно, до механизми одговорни за негов развој или превентива. Доколку се познати околностите и ризик-факторите кои се всушност клучни за појавата на насилно однесување кај лицата, може да биде доста корисно, особено кога станува збор за формулирање на интервенции како и создавање на превентивна стратегија (10).Земајќи го предвид горенаведеното, целта на овој труд е да се определи кои ризик-фактори придонесуваат за појавата на најнасилно однесување помеѓу учениците. Реализацијата на таквата цел подразбира поставување на показатели на насилно однесување врз поголем репрезентативен примерок. |
The issue of violence as a social phenomenon has been tackled by many philosophers. Violent behaviour among younger children and adolescents in the last few years has lead to an increased concern. Violent behaviour, especially among adolescents, is a part of our reality requiring a specific methodology which takes into consideration its causes, the specifics of adolescence, the concept of risk and protective factors as predictors of violent behaviour as well as its overt and latent forms of manifestation. Today, we live in a world where the problem of violence has become a commonplace as a result of the interaction between the individual human characteristics and the interpersonal relations within the social groups and the social, as well as the cultural norms (1). According to the World Health Organization, violence is defined as a deliberate exertion of physical force or power where the goal is to intimidate, oneself, another person, group or community, and it is highly likely to result with a physical harm, death, deprivation and psychological or developmental disorder (2). Bearing in mind the form of violence or abuse among adolescents, there are two types of violence, direct and indirect. The direct violence entails exposure to frequent and constant harm, such as physical abuse, verbal denigration, etc. On the other hand, indirect violence entails exposure to harm via indirect means, such as spreading rumours among one's peers, socially isolating another person, etc. (3). Violence among adolescents is a result of interlocking personal factors, family and community relations as well as social factors, and it is one of the most prominent forms of violence within a society, which inflicts harm not only upon the victims, but their friends, families and the community as a whole (4). |
|
|
|
|
Методологија |
|
Methodology |
|
|
|
Примерок |
|
Research sample |
|
|
|
Истражувањето беше спроведено во пет региони преку согласност на релевантните институции, вклучувајќи ги: Тузла, Централна Босна, Херцеговина-Неретва, Уна-Сана и Западна Херцеговина. Примерокот се состоеше од 1209 ученици, и машки и женски, и истиот беше дефиниран според:
Две основни училишта, со по две одделенија во составот на тие училишта, по случаен избор беа избрани од претходно споменатите региони. Од Тузла, Централна Босна и Западна Херцеговина беа избрани по две училишта, додека од Херцеговина-Неретва и Уна-Сана беа избрани по едно училиште. По едно одделение од секое од гореспоменатите средни училишта беше избрано по случаен избор. Примерокот содржеше 555 (45,9%) машки и 624 (51,1%) женски учесници. Табелата 1 ја покажува структурата на примерокот во однос на полот и возраста. |
|
This research was conducted in five cantons with the consent of relevant institutions, including: Tuzla, Central Bosnia, Herzegovina-Neretva, Una-Sana and West Herzegovina. The research sample was consisted of 1209 students, both male and female and defined as follows:
Two classes of two schools were randomly selected from each of the aforementioned cantons. From Tuzla, Central Bosnia and West Herzegovina were selected two high schools, whilst both Una-Sana and Herzegovina-Neretva provided one apiece. One class was randomly selected from each of the aforementioned high schools. The sample featured 555 (45, 9%) male and 624 (51, 1%) female participants. Table 1 shows the sample structure with regard to gender and age. |
|
|
|
Табела 1. Структура на примерок според половата припадност и возраста |
|
Table 1. Sample structure with regard to gender and age |
|
|
|
|
|
|
Алатка за оценување |
|
Assessment tool |
|
|
|
Со цел да се соберат податоци, беше користен модифициран прашалник за оценување на нивоата на ризик-факторите, СОРНМ–оценување на ризикот, Структурирано оценување на ризикот од насилство кај младите – Психолошки ресурси за оценување, Флорида, САД (2006). Тој покажува убедителни метрички карактеристики: внатрешна конзистентност 0.84 (11), сигурност 0.74 (12). СОРНМ се докажува како најсоодветна алатка за оценување поради тоа што е базирана на емпириска и професионална литература, ги зема предвид развојните фактори и ја нагласува динамичната и често контекстуална природа на ризикот (11). Променливите кои се применети во ова истражување се класифицирани во четири категории, вклучувајќи: историски ризик-фактори, индивидуално-клинички, социоконтекстуални и заштитни фактори. Ова истражување вклучува ризик-фактори кои опфаќаат оценување на 26 независни променливи. Променливите беа рангирани како: 1. низок ризик, 2. среден ризик и 3. висок ризик. Одговорот на секое прашање беше презентиран во форма на која варираше од најповолен (низок ризик) до најнеповолен (висок ризик). На тој начин, одговорите беа класифицирани во различни ризик-нивоа, вклучувајќи ниски, средни и високи нивоа. Категорија I се однесува на историските ризик-фактори и ги вклучува следните десет:
Категорија II се однесува на социоконтекстуалните ризик-фактори и ги вклучува следните шест ризик-фактори:
Категорија III се однесува на индивидуалните клинички ризик-фактори и ги вклучува следните десет:
Зависната променлива беше дефинирана како обврзувачка во последните шест месеци и беше дефинирана преку средствата на следните категории (1. не постои чин на насилство; 2. еден или два чина на насилство; 3. три или повеќе чина на насилство). |
|
For the purposes of the data gathering a modified questionnaire for the evaluation of levels of risk factors was employed; "SAVRY" – the risk assessment form “Structured Assessment of Violence Risk in Youth“ - Psychological Assessment Resources, Inc, Florida, USA (2006). It shows assuring metric characteristics: internal consistency 0.84 (11), reliability 0.74 (12). SAVRY proves itself to be the most suitable risk assessment tool because it is based on empirical and professional literature. Furthermore, it considers the developmental factors and stresses the dynamic and often the contextual nature of the risk itself (11). The variables which are employed in this research have been classified into four categories, including: historical risk factors, individual-clinic, socio-contextual and protective factors. This research utilized risk factors which encompassed the evaluation of 26 independent variables. The variables were ranked as: 1. low risk, 2. moderate risk and 3. high risk. The answer to each question was presented in the form ranging from the most favourable (low risk) to the least favourable (high risk). In that way, the answers were classified into different risk levels, including low, moderate and high levels. Category I refers to the historical risk factors and includes the following ten risk factors:
|
|
|
|
Средства за собирање |
|
Means of data gathering |
|
|
|
Собирањето на податоци конечно започна по избирањето на типот на изворот за податоци (самостојниот извештај), дефинирањето на младата популација од основното и средното училиште и определувањето на примерокот кој требаше да биде вклучен во истражувањето. Податоците беа собрани преку ученици кои сами го пополнуваа анонимниот прашалник. Тестирањето беше спроведено волонтерски. Собирањето на податоците, односно тестирањето беше спроведено во училишна средина со помош на „СОРНМ“, алатка за истражување која се користи за мерење на нивоата на ризик-факторите, која беше специјално модифицирана за целта на ова истражување. Ученикот го пополнуваше прашалникот во текот на еден наставен час (45 минути). |
|
The data gathering ultimately commenced after choosing the data source (self-report), defining the youth population of elementary and high school ages and determining the sample which was to be included in the research. The data was gathered with the help of students who completed the anonymous questionnaire. The testing was conducted on a voluntary basis. The data gathering, or the actual testing, was conducted in a school setting by means of “SAVRY”, a research tool used for assessing the levels of risk factors, which was specifically modified for the purposes of this research. The student completed the questionnaire during a single class period (45 minutes). |
|
|
|
Статистичка анализа |
|
Statistical analysis |
|
|
|
Собраните податоци беа предадени за латентна анализа. Оценувањето на предвидливите вредности на ризик-факторите во однос на насилното однесување беше постигнато со регресивна анализа. Целта на регресивната анализа беше да се изгради врска помеѓу групата на независни променливи и една единствена зависна променлива. Во оваа анализа, независните променливи се означени како „предвесници“, додека зависната променлива е наречена „критериум“. Анализата беше спроведена со помош на SPSS 12.0. |
|
The collected data was subjected to latent analysis. The evaluation of predictive values of risk factors in regard to the violent behaviour has been accomplished by a means of regression analysis. The goal of the regression analysis was to establish the link between a group of independent variables and a single dependent variable. Within this analysis, the independent variables are labelled as “predictors”, whilst the dependent variable is named as “criterion”. The analysis was performed by means of SPSS 12.0. |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
|
|
|
Одредување на показателите на насилно однесување помеѓу учениците од основното и средното училиште |
|
Ascertaining the predictors of violent behaviour amongst elementary and high school students |
|
|
|
Регресивната анализа беше користена да се тестираат и определат ризик-факторите кои создадоа врска со насилното однесување, односно, кои фактори се показатели на таквото однесување. Како што може јасно да се забележи од табелата 2, постои статистички значителна врска (0.000) со мултиплицитен коефициент на корелација од 0.822. Табелата исто така покажува дека коефициентот на определување, кој го покажува нивото на заеднички варијации на критериумите и променливите показатели на ризик-факторите, е 0.676, што претставува 67% на здружена варијација. Стандардната маргина на грешка при прогноза на критериумите е 0.43, што го покажува нивото на несигурност при справување со критериумите за 26-те променливи показатели. |
|
We used regression analysis to try and determine which risk factors had relation to violent behaviour, that is, which factors represented predictors of such behaviour. As it can be clearly seen from Table 2, there is statistically significant link (0.000) with a multiple correlation coefficient of 0.822. The table also shows that the coefficient of determination, which indicates the level of joint variations of criterion and predictor variables of risk factors, stands at 0.676, which accounts for 67% of joint variation. The standard margin of criteria prognosis error is 0.43, which shows the level of uncertainty when dealing with 26 predictor variables. |
Табела 2. Резултати од регресивната анализа |
|
Table 2. Regression analyze results |
|
|
|
|
|
|
Променливите показатели беа составени од 26 променливи кои го опишаа ризик-факторот на тие ученици кои во минатото имаа извршено дело на насилство. Променливите кои се неопходни за предвидување на насилно однесување се прикажани во табелата 3. |
|
The predictor variables were comprised of 26 variables which describe the risk factor of those students who have committed an act of violence in their past. The variables which are crucial for predicting violent behaviour are listed in Table 3. |
Табела 3. Резултати од регресивната анализа за критериумот на насилно однесување |
|
Table 3. Results of the regression analysis for the criterion of violent behaviour |
|
|
|
|
|
|
Tабелата 3 јасно ги предлага следните променливи меѓу најзначајните показатели: прво акт на насилство (p<0.00), академски успех (p<0.049), слаба способност за концентрација (p<0.02), злоупотреба на алкохол (p<0.00), сведочење на домашна злоупотреба (p<0.01) и разделба од родителите (p<0.00). Земајќи ја предвид големината на бета-коефициентот (0,622) и коефициентот за корелација (0,670), најизразениот показател на насилно однесување е почетокот на насилно однесување. Останатите променливи имаат значително понизок бета-коефициент и коефициент на корелација, што ги намалува нивните влијанија врз променливата критериум, но се сепак статистички значајни. |
|
Table 3 clearly suggests that the following variables are among the most significant predictors: first act of violence (p<0.00), academic success (p<0.049), poor concentration skills (p<0.02), alcohol abuse (p<0.00), witnessing domestic abuse (p<0.01) and separation from parents (p<0.00). Considering the size of the beta coefficient (0,622) and the correlation coefficient (0,670), the foremost predictor of violent behaviour is the onset of violent behaviour. Other variables have significantly lower beta and correlation coefficients, which lessens their impact on the criterion variable, but are still statistically significant. |
|
|
|
Дискусија |
|
Discussion |
|
|
|
Резултатите покажаа дека шест променливи имаат најголемо влијание врз поттикнувањето на насилно однесување. Помеѓу историските ризик-фактори се следниве: почеток на насилно однесување, академски успех, сведочење на домашна злоупотреба и разделба од родителите. Историските ризик-фактори се темелат врз минатото однесување и искуства, како што се минати манифестациите на насилство. Овие фактори се вклучени поради што постоечката емпириска литература укажува на врска помеѓу нив и зголемениот ризик на насилство, како и рецидивизам кај младите. Многу автори веруваат дека историскиот ризик има континуирана статистичка врска со идното насилно однесување и дека истите може да бидат доста корисни при утврудвање на нивото на релативен ризик. Раниот зачеток на насилство/делинквенција (особено пред четиринаесетгодишна возраст) е паралелен со рецидивизмот и ги претскажува и двата типа на хронично и сериозно насилство (13). |
|
The results have shown that six variables have the largest impact for the onset of violent behaviour. Among the historical risk factors are: the onset of violent behaviour, academic success, witnessing domestic abuse and separation from parents. The historical risk factors are based on past behaviour and experiences, such as past bouts of violence. These factors are included since the existing empirical literature indicates a connection between them and the increased risk of violence, as well as recidivism among adolescents. Many authors believe that the historical risk factors tend to have consistent statistical link with future violent behaviour and that they can be quite helpful with establishing the level of relative risk. Early onset of violence/delinquency (especially before the age of fourteen) runs parallel with the risk of recidivism and predicts both chronic and serious bouts of violence (13). |
|
|
|
Заклучок |
|
Conclusion |
|
|
|
Земајќи ја предвид целта на ова истражување да се одредат ризик-факторите за насилно однесување помеѓу учениците од основното и средното образование, како и истражувањето и резултатите сами по себе, може со сигурност да се заклучи дека раниот почеток на насилно однесување, проблемите поврзани со недостигот на концентрација, слабиот академски успех, сведочењето на домашното насилство, разделбата од родителите и злоупотребата на алкохолот, ги претставуваат најсилните ризик-фактори кои водат до насилно однесување помеѓу учениците. Резултатите покажуваат дека сериозно треба да се земат предвид и да се отстранат горенаведените фактори. Гледајќи дека резултатите на ова истражување покажуваат дека ризик-факторите на насило однесување потекнуваат од историскиот и индивидуално-клиничкиот домен, програмите за превенција треба да се прецизираат, систематски и сеопфатно. Бидејќи се работи за справување со ученици, се смета дека училишните програми треба да вклучат мерки на превентива, како и интервенција, со цел да се создаде безбедна средина за самите ученици. Не постојат потреби да се поставуваат правила кои треба да бидат формулирани во согласност со позитивните принципи и треба да се лесно разбирливи и одржливи. Тие треба исто така да се стремат кон поголем развој, како групни норми, што значи дека треба да бидат прифатени од страна на мнозинството и доброволно да се следат. Развојот на социјалните вештини, разрешувањето на социјалните проблеми, емпатијата, справувањето со гневот, учењето на учениците за тежината и ширењето на насилството во светот, заедно со процесот на зголемувањето на смислата за одговорност меѓу нив, треба да го определат настојувањето за создавање и реализација на превентивните програми. Земајќи го предвид гореспоменатиот факт, дека најголем дел од ризик-факторите се создадени во историски и индивидуално-клинички домен, се смета дека интервенциите треба да бидат насочени кон помалите деца, и истите да бидат изградени земајќи ги предвид и краткотрајните и долгорочните ефекти, како и да се идентификуваат нови модели на акции. Исто така е доста значајно да се засили и зацврсти улогата на семејството како столб на општеството, да се развиваат родителските способности, да се подобрат постоечките здравствени и социјални услуги, да се подобрат училишните програми и стратегии со цел да се зацврсти отпорноста против насилното однесување. |
|
Considering the goal of this research to ascertain the risk factors for violent behaviour among elementary and high school students, as well the research itself and its results, it can be safely concluded that the early onset of violent behaviour, the problems related to lack of concentration, poor academic success, witnessing domestic abuse, separation from parents and alcohol abuse serve as the most common risk factors which lead to violent behaviour amongst students. The results indicate that we should seriously consider and deal with the aforementioned factors. Seeing as the results of this research point out that the risk factors for violent behaviour come from the historical and individual-clinic domains, the preventive programs need to be precise, systematic and comprehensive. As we are dealing with a student population, it is considered that school programs should include preventive, as well as intervention, measures in order to create safe environment for them. There need to be a set of rules which ought to be formulated in accordance with the positive principles and should be easily understandable and upheld. They should also tend to develop into larger group norms, which mean that they should be accepted by the majority and voluntarily followed. The development of social skills, resolution of social problems, empathy, anger management, teaching students about the gravity and the spread of violence in the world, alongside the process of increasing the sense of responsibility among them, should all determine the endeavour of creation and realization of preventive programs. Considering the aforementioned fact that most of the risk factors find home in the historical and individual-clinic domains, it is considered that interventions should be aimed at younger children, created having both short and long-term effects in mind, as well as to identify new models of action. It is also quite important to reinforce and strengthen the role of the family as a pillar for the community, to develop parenting skills, to improve leading existing health and social services, to improve the school programs and class strategies with the objective of bolstering the resistance against violent behaviour. |
Citation: Kovačević R, Muftić E, Bijedić M, Šarić H. Risk Factors of Violent Behavior Among Elementary and High School Students. J Spec Educ Rehab 2012; 13(3-4):69-84. doi: 10.2478/v10215-011-0026-2 |
||||
Article Level Metrics |
||||
|
|
|
||
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE