СТУДИСКА ПОСЕТА ВО ХРВАТСКА
6-9. VI 2010

Розалија ДАВКОВСКА

Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

A STUDY VISIT TO CROATIA
06.06.2009 – 09.06.2010

Rozalija DAVKOVSKA

Institute of Special Education and Rehabilitation
Faculty of Philosophy

 

Примено: 16.06.2010
Прифатено: 01.07.2010
UDK: 376.018.046 (497.5)

 

 

Recived: 16.06.2010
Accepted: 01.07.2010

На покана на здружението „Трисомија 21“ од Загреб, група од 17 последипломци од Ин­ститутот за дефектологија, предводени од ра­ководителот на ННК проф. д-р Владимир Трај­ковски, остварија студиска посета на не­кол­ку установи во Република Хрватска во пе­риодот од 69. VI 2010 година.

 

By an invitation of the association “Trisomiy 21”- Zagreb, a group of 17 postgraduate students from the Institute for Special Education, led by the head of the educational Scientific Council Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, made a study visit to several institutions in the Republic of Croatia within the period between 06.06.2010 to 09.06.2010.

 

07.06.2010

 

 

07.06.2010

На 7. VI 2010 г.  се оствари посета на еду­ка­цис­ко-рехабилитацискиот факултет во Заг­реб. На оваа посета од страна на деканката проф. д-р Драженка Блажи беше даден кра­ток опис за историјатот и работата на фа­кул­те­тот. Факултетот има 7 отсеци распоредени во трите профили: Логопедија, Социјална пе­дагогија и Едукациска рехабилитација. Се сту­дира според Болоњскиот модел 3+2+3, од 2005 година па наваму.
Студиите се поделени на:
1. Преддипломски студии
2. Дипломски студии
3. Последипломски студии
4. Докторски студии
Во склоп на едукациско-рехабилитацискиот фа­култет се наоѓа Центарот за ре­ха­би­ли­та­ци­ја. Функцијата на центарот за ре­ха­би­ли­та­ција ­при ЕРФ е насочена кон советување, ди­јагностика, превенција, терапија, еду­ка­ци­ја, супервизија. Центарот за рехабилитација де­лу­ва во следниве подрачја: родителска за­гри­женост  за  детското  однесување,  развој или учење, невроразвојните ризици, оштетен вид   и   слух,   интелектуални   нарушувања, спектар на нарушување, моторни на­рушувања и хронични болести, на­ру­шу­ва­ња во однесувањето, тешкотии во јазикот, го­во­рот и гласот, тешкотии во читање и пи­шу­ва­ње, АДХД нарушувања, емоционални и ко­му­никациски тешкотии.
По посетата на овие установи следува прием во Владата на Република Хрватска од страна на потпретседателот на Владата на Ре­пу­бли­ка Хрватска проф. д-р Слободан Узелац каде се дискутираше за проблемот на инклузија и деи­нституционализација на лицата со по­себ­ни потреби во Хрватска и Македонија. На оваа неформална средба збор зема деканот на Филозофскиот факултет од Скопје, проф. д-р Горан Ајдински и продеканот за ме­ѓу­на­род­на соработка од Филозофскиот факултет од Скопје, проф. д-р Лена Дамовска. На крат­ко се направи една компаративна ана­ли­за за состојбата на лицата со посебни по­тре­би од Хрватска и Македонија.

 

On this date a visit to the Faculty of Education-Rehabilitation in Zagreb was attained. During this visit, Prof. Dr. Drazhenka Blazhi gave a brief description of the history and work of the faculty. The faculty has seven sections arranged in three profiles: Speech therapy, Social pedagogy and Educational rehabilitation. The studies are fulfilled in accordance with the Bologna process 3 +2 +3 pattern since 2005.
Studies are divided into:
1. Undergraduate studies,
2. Graduate studies,
3. Postgraduate studies,
4. Doctoral studies
The Center for rehabilitation is located within the Faculty of Education-Rehabilitation. The work of the Center for Rehabilitation of ERF is steered towards counseling, setting up diagnoses, prevention, therapeutic healing, education and supervision. The centre for rehabilitation works within the following areas of  interest:  parental  concern  about  children's behavior, development or learning, neurodevelopment risks, impaired vision and hearing, mental disability, autistic spectrum disorder, motor disorders and chronic diseases, behavioral disorders, difficulties with language, speech and voice, difficulties in reading and writing, ADHD disorders, emotional and communication difficulties.
The visit of these institutions was followed with reception by the Deputy Prime Minister of the Republic of Croatia Prof. Dr. Slobodan Uzelac at the building of the Government of the Republic of Croatia. During the second visit, a discussion was made about the problem of inclusion and deinstitutionalization of people with disabilities in Croatia and Macedonia. The Dean of the Faculty of Philosophy in Skopje, Prof. Dr. Goran Ajdinski and Associate Dean for International Cooperation of the Faculty of Philosophy in Skopje, Prof. Dr. Lena Damovska, visited the informal meeting. A briefly comparative analysis was made concerning the situation of people with special needs in Croatia and Macedonia.

 

 

 

08.06.2010

 

 

08.06.2010

След­ниот ден, 8. VI 2010 г., се остварени по­се­ти во Задар и тоа во посебното основно учи­лиште ,,Воштарница“ и Универзитетот во Задар. Во посебното основно училиште ,,Вош­тарница“ работи стручен тим составен од 17 дефектолози, 4 наставници за пред­мет­на настава, 4 стручни соработници, 1 ки­не­зо­терапевт, 7 останати соработници. Вкуп­ни­от број на ученици е 63 кои се рас­по­ре­де­ни според тежината на нарушувањето. Во учи­лиштето се образуваат деца со лесна, уме­рена и тешка ментална ретардација, деца со аутистичен спектар на нарушување. На Ун­иверзитетот во Задар беше остварена куса по­сета на Еразмус координаторот на Фи­ло­зо­фски факултет, проф. д-р Владимир Трај­ков­ски, со Еразмус координаторот на Уни­вер­зитетот во Задар, проф. д-р Маја Колега и про­ректорот за меѓународна соработка проф. д-р Сречко Јелушиќ. Договорена е идна соработка и размена на сту­денти и професорски кадар во областите кои се поклопуваат. Од проректорот беше на­јавен заеднички докторски студиум по би­блио­текарство, а поддржан од Европската ко­мисија преку проект.

 

The following day visits were made in Zadar, in the special primary school "Voshtarnica" and The University of Zadar. A team of 17 special teachers works in the special primary school "Voshtarnica". Four of the teachers are teaching subjects, four are assistants, one works with Chinese therapy and the remaining seven are associates. The 63 students that are visiting this institution are allocated in groups depending of the severity of their disorder. The school educates children with mild, moderate and severe mental retardation, as well as children with autistic spectrum disorder. Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, the Erasmus coordinator of the Faculty of Philosophy maintained a brief visit with the Erasmus coordinator at the University of Zadar Prof. Dr. Maya Kolega and the pro-rector for international cooperation Prof. Dr. Srechko Jelushikj in the University of Zadar. They have reached an agreement for future cooperation and exchange of students and professional staff within the areas of common interest for both universities. The pro-rector announced joint doctoral studies in librarian, a project supported by the European Commission.

09.06.2010

 

09.06.2010

На 9. VI 2010 г., студиската посета повторно про­должи во Загреб. Во овој ден посетени се две институции и тоа: Центар за аутизам – За­греб и Центар за рехабилитација - Загреб, под­рачна единица ,,Слобоштина“ .
Центарот за аутизам во Загреб е основан во 1983 година како државна институција, а од 2002 година основач е градот Загреб. Под­рач­ни единици на центарот за аутизам се нао­ѓаат во Сплит и Риека. Центарот за ау­ти­зам е специјализирана установа која пружа про­грама за нега, развој, образование, ре­ха­би­ли­тација на деца и возрасни со аутизам и дру­ги тешки развојни нарушувања.
Програмата за центарот за аутизам е по­де­ле­на на: програма за сместување, училишна про­грама, програма за возрасни, пре­ду­чи­лиш­на програма.
Од вкупниот број на корисници во центарот за аутизам, 85% се сместени, а 15% доаѓаат се­кој ден. Бројот на корисниците во цен­та­рот заедно со подрачните единици од Сплит и Риека изнесува 360.
Центарот за рехабилитација Загреб, под­рач­на единица ,,Слобоштина“ е установа која е под ингеренции на Министерстото за тр­уд и социјална работа, основана во 1947 го­дина. Функцијата на центарот е насочена кон сестрана рехабилитација на деца, мла­дин­ци и возрасни лица со умерена, тешка и дла­бока ментална ретардација.
Подрачната единица ,,Слобоштина“ е смес­те­на во јужниот дел на Загреб. Отворена е во 1984 година. Наменски градениот простор вклу­чува работа со деца со умерена и тешка мен­тална ретардација (од рана до 11 год. воз­раст). Програмата за работа се однесува на програма за:

  • предучилишен развој (до 7 год);
  • училишен развој (до 11 год);
  • програма за нега и здравствена заш­ти­та.

 

During this day of the study trip to Zagreb were visited two institutions; the Center for Autism-Zagreb and the Rehabilitation Center - Zagreb, Regional Office "Sloboshtina".
The Center for Autism of Zagreb was founded in 1983 as a state institution and the city of Zagreb is its founder since 2002. The Regional offices of the Center for Autism are located in Split and Rijeka. The Center for Autism is a specialized facility that provides care programs, programs in development, education, rehabilitation of children and adults with autism and other severe developmental disorders.
The program of the Center for Autism is divided into accommodation, schools, programs for adults and preschool program. Of the total number of users in center for autism, 85% are accommodated within the facilities of the Center and 15% come in every day. There are 360 users of the Center including the regional offices in Split and Rijeka.
The Centre for Rehabilitation - Zagreb, Regional Office "Sloboshtina" is a facility managed under the authority of the Ministry of Labour and Social Affairs, founded in 1947. The function of the center is to offer comprehensive rehabilitation of children, adolescents and adults with moderate, severe and profound mental retardation. "Sloboshtina" Regional Office is located in the southern part of Zagreb. Opened in 1984, it is arranged in a functional space that offers interaction with children with moderate and severe mental retardation (from their early age until the age of 11). The program structure complies with the needs of programs in:

  • preschool development (up to 7 years),
  • for school development (up to 11 years),
  • medical and health program protection.

Адреса за кореспонденција:

Розалија ДАВКОВСКА

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
,,Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје, Р. Македонија
e-mail: rozaly23_d@yahoo.com

 

Corresponding Address:

Rozalija DAVKOVSKA

University "Ss Cyril and Methodius"
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
"Krste Misirkov"  bb, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
e-mail: rozaly23_d@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in